Connect with us

Македонија

990 нови случаи на Ковид -19, бројот на активни случаи во земјата изнесува 18381

Media Press

Published

на

Во последните 24 часа се направени 2655 тестирања, а регистрирани се 990 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 378 -Куманово 48 -Дебар 6 -Штип 51 -Прилеп 55 -Тетово 39 -Струга 27 -Велес 54 -Битола 44 -Охрид 39 -Кавадарци 24 -Гостивар 54 -Гевгелија 16 -Струмица 19 -Крива Паланка 3 -Радовиш 3 -Крушево 4-Кочани 27 -Пробиштип 2 -Демир Хисар 3 -Македонски Брод 4 -Пехчево 4-Берово 9 -Валандово 1 -Виница 10 -Делчево 8 -Кратово 3 -Свети Николе 11 -Кичево 14 -Ресен 11 -Неготино 19.

Починати се 24 лица, седум пациенти од Скопје (58, 80, 86, 63, 50, 61 и 45г), еден од Штип (64г), еден од Прилеп (57г), еден од Тетово (61г), двајца пациенти од Битола (66 и 73г), три од Кавадарци (83, 78 и 69г), еден од Гостивар (46г), три пациенти од Струмица (78, 68 и 59г), еден од Берово (41г), еден од Делчево (83г) и три пациенти од Кичево (44, 58 и 63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени пациенти од: -Скопје 116 -Куманово 25 -Дебар 1-Штип 23 -Прилеп 31 -Тетово 29 -Велес 20 -Битола 14 -Гостивар 15-Гевгелија 6-Струмица 8-Крива Паланка 4 -Радовиш 3-Крушево 1-Кочани 16 -Пробиштип 1 -Демир Хисар 3 -Берово 3 -Валандово 2 -Виница 20 -Делчево 26 -Кратово 1 -Свети Николе 6-Кичево 7 -Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 292.189 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47050, бројката на оздравени пациенти е 27364, на починати е 1305, а бројот на активни случаи изнесува 18381.

Бројот на активни случаи ви Југоистокот расте и во моментот изнесува:

• Гевгелија 573, активни 224 (32 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 106 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1357, активни 649
• Радовиш 343, активни 129 и во Валандово од вкупно 136, активни 43 .

Македонија

Во текот на вчерашниот ден вакцинирани околу 15 илјади граѓани во државата, од сабота масовна вакцинација и во Струмица

Media Press

Published

на

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 135.574 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.976 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14.976 граѓани, информира Министерството за здравство.

Во државата вкупно се аплицирани 160.425 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани. Со последните бројки 35% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина.

Според министерот Филипче  вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата а интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. Бројот на лица кои се пријавиле за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 318.793.

Во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на Ковид 19, од нив во Југоистокот 14 од кои во Радовиш 9 и во Струмица 5.

Во Радовиш во тек е вакцинацијата на лица над 70 години а во Струмица се подготвуваат вакцинални пунктови кои се очекува од сабота да започнат со масовна вакцинација на наслението од Југоистокот .

Прочитај повеќе

Македонија

Левица поднесе Предлог-закон за намалување на платите на уставните судии

Media Press

Published

на

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателот на Собранието на Република Македонија, поднесоа Предлог-закон за измена и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица на РМ.

„Целта на овој Предлог-закон е, да се анулира додатокот за плати, кој уставните судии си го изгласаа со промена на Деловникот во октомври 2020 година, а со кој ќе може да примаат додатоци до 35% од основната плата – кои ќе изнесуваат дури до 500 евра!

Имено, овој специјален додаток се однесува на: посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост!?

Сметаме дека, во случајов, нема никаков правен основ за овие додатоци – бидејќи уставните судии работат апстрактни спорови (т.е. судир на акти), а не конкретни спорови меѓу странки.

Напротив, тие го кршат Уставот по неколку члена и тоа: чл. 113, каде со акт на судот им е дозволено да се уредува само „начинот на работа и постапката“, а не и платата; чл. 109, каде е нагласено дека се избирани од Собранието и со тоа за нив важи Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица на РМ, а материјата за плата не може да се уредува со менување на Деловник.

Исто така, потенцираме дека, постојат индиции за вршење на кривично дело по чл. 353 од КЗ, односно „злоупотреба на службена должност и овластување“, за што нашиот правен тим ја разгледува можноста за поднесување на кривична пријава.

Ние предлагаме интервенција во членовите 14 и 15 од постојниот Закон, каде коефициентот за плата на претседател на Уставниот суд би се спуштил од 4.00 на 3.60, а коефициентот за уредување на платата на судија на Уставен суд, би се спуштил од 3.70 на 2.50 – односно, намалување на платите за 1/3, исто толку колку што тие самите бесправно си ги зголемија“, стои во соопштението од Левица.

Прочитај повеќе

Македонија

Четврток е неработен ден за сите граѓани

Media Press

Published

на

За сите граѓани на Република Македонија, 13 мај (четврток), првиот ден на Рамазан Бајрам е неработен ден. Во месец мај ќе има уште еден нерабптен ден за сите граѓани на Република Македонија.  24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, кога граѓаните ќе имат уште еден продолжен викенд.

Прочитај повеќе