Радовиш

Од вчера вакцинација против сезонски грип и во Здравствен дом, Радовиш

Граѓаните можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар, од вчера започна вакцинацијата против сезонски грип и во Здравствен дом, Радовиш.

Вакцинацијата се врши во новоприлагодената амбуланта за вакцинација против сезонски грип во старата зграда, каде претходно беше сместена амбулантата за преглед на уво, нос и грло.

„Граѓаните да не паничат и да имаат трпение. Има доволно количини бесплатни вакцини за хронично болните и за старите лица, а има и вакцини за кои може да се плати доколку не сте во соодветанта група за бесплатни вакцини. Потребно е само да се закаже термин преку својот матичен лекар“, вели директорката на Здравствен дом во Радовиш д-р Лимонка Илиевска, по реакцијата на граѓаните дека немало доволно вакцини и неможело да се закаже.

Според д-р Илиевска, вакцинацијата ќе се врши во наредните денови по неколку вакцинации дневно, се додека има потреба за тоа, а временските прилики совршено одговараат иако вакцинирањето започна со мало закаснување.

За граѓаните да можат да стигнат до амбулантата каде што се врши вакцинацијата, потребно е само да ги следат соодветните обележување кои јасно ги води до амбулантата која е изолирана од останатите оделенија, заради  поголема заштита.

Од Здравствениот дом уште еднаш апелираат на трпение и комуникација со матичните лекари, кои ќе закажат термин.

На ниво на држава за оваа година, за бесплатно вакцинирање се набавени 40.000 дози вакцини против сезонски грип, 12.000 повеќе споредено со минатата сезона. Бесплатните вакцини се наменети за  неколку категории на граѓани и тоа, лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени, здравствени работници и деца до 5 години.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago