Спорт
Претседателот на Србија, Вучиќ, го честиташе пласманот на македонската фудбалска репрезентација на Европско Првенство

Published
3 months agoon
By
Media PressSvim građanima Severne Makedonije čestitam na istorijskom uspehu i plasmanu fudbalske reprezentacije na Evropsko prvenstvo. Mi, građani Srbije, bićemo svim srcem uz vas.
Posted by Aleksandar Vučić on Friday, 13 November 2020
Српскиот претседател Александар Вучиќ, на македонските репрезентативци им честиташе голема победа над Грузија со резултат 1:0. Со оваа победа Македонија за првпат ќе се натпреварува во Европското првенство во фудбал.
„Им честитам на сите граѓани на Северна Македонија за историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, со сето срце ќе бидеме со вас“ – напиша претседателот Вучиќ на фејсбук
Заедно со пораката, Вучиќ на фејсбук и инстаграм постави заедничка слика од знамињата на Македонија и Србија
Поврзани содржини
Грција ги отвара вратите за Српските граѓани од 1 мај
Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер
Задолжителен ПЦР тест не постар од 48 часа за влез во Србија
Вучиќ ги обвини „странските служби“ за вчерашните протести
ВОНРЕДНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСЛЕ ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАД
МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД, ПОЛИЦИЈАТА СО ПАЛКИ И СОЛЗАВЦИ, ГРАЃАНИТЕ СО ШИШИЊА И ФАКЕЛИ
Спорт
РК Радовиш со нови засилувања во нападот

Published
5 days agoon
February 19, 2021By
Media Press
Пред стартот на плеј-аут натпреварите, тимот на Мијалов го засилува нападот и во своите редови.
Во редовите на РК „Радовиш“ ќе заигра Милош Лојаничиќ – играч на десната бековска позиција со потекло од Србија кој се натпреваруваше повеќе тимови меѓу кои РК Осијек, РК Раднички КГ и РК Спартак Војпут.
На левата бековска позиција во тимот на Радовиш ќе заигра и Петар Ачимовиќ – играч кој може и да игра на левата крилна позиција заедно со најновото засилување на Мијалов, пикерот од Либан, Али Кобеиси.
Спорт
Пандев: Докажавте дека сте нефудбалски луѓе, спремен сум да се тргнам настрана ако клубовите не одлучуваат во ФФМ

Published
1 week agoon
February 15, 2021By
Media Press
Горан Пандев вчера преку својот инстаграм профил ја критикуваше структурате на ФФМ. Тој објави слика од замрзнат терен на СРЦ Пандев во Струмица. Сите натпревари кои што требаше да се одиграат викендот се одложени за следниот викенд.
„Срамно и жално … уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви… Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес… Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период… Спремен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во ФФМ, да се тргнам настрана…“ –напиша Горан Пандев на објавата на својот инстаграм профил.

Спорт
АМС ја објави листата со ваучери за спортот за 2021

Published
2 weeks agoon
February 12, 2021By
Media Press
Агенцијата за млади и спорт на својата веб страница ја објави листата со спортските клубови за 2021 година кои добиваат ваучери а кои може да ги искористат за добивање средства од даночните обврзници во земјава.
Во листата се опфатени и повеќе клубови и од Југоистокот ако во машка така и во женска конкуренција. Износот на ваучерите е различен за сите, висината зависи од спортот, постигнатите резултати, организираноста на клубот, рангот на натпреваруање.
Од Радовиш, ваучери од Агенцијата за млади и спорт добија ЖФК Плачковица во износ од 400.000 денари, ФК Детонит Јуниор во износ од 50.000 денари, РК Радовиш во износ од 4.000.000 денари, БК Бучим во износ од 500.000 денари, СК Бучим Радовиш во износ од 200.000 денари, Бел Камен – Радовиш во износ од 90.000 денари.
Целата листа на клубови ја има на официјалната веб страница на Агенцијата за Млади и Спорт

Боречкиот клуб „Бучим“ Радовиш, на изборното државно првенство за Кадети го освои второто место

Градоначалникот Герасим Конзулов со одговор во вид на демант на обвинувањата на советникот Горан Поцев

Советот на Општина Радовиш ја одржа 53 седница која за жал повторно не беше завршена докрај

Годишни сметки во хартиена форма за 2020 ќе се доставуваат и во сабота и понеделник
