Connect with us

Македонија

Историски успех на Македонската фудбалска репрезентација, сите фудбалери ќе бидат наградени со по 10 000 евра

Media Press

Published

on

Голем број граѓани  синоќа во Скопје и во останатите градови во Македонија, со нивните автомобили излегоа низ улиците на градот за да ја поздрават фудбалската репрезентација и да го прослават историскиот успех, пласманот на Европското првенство. Пресуден беше голот на струмичанецот Горан Пандев. Од сите страни  можеше да се слушнат навивачки песни, но и скандирање на името на капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.  

Историски успех на Македонската фудбалска репрезентација! Браво момци, се гордееме со вас! #ОдимеНаЕвропско! напиша претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи.

Премиерот Зоран Заев кој синоќа ја пречека Македонската фудбалска репрезентација на граница,најави дека сите членови на фудбалската репрезентација ќе бидат наградени со по 10.000 евра.

„ Голема е радоста што вечерва ја преплави целата земја.Оваа радост ја донесоа македонските фудбалски јунаци кои ги оставија срцата на теренот во Тбилиси и донесоа победа која македонската историја не ја памети до сега, со што Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското фудбалско првенство.

Целата држава, сите македонски граѓани ја споделуваат радоста за успехот на фудбалската репрезентација.Еден гол за сите, една победа за сите! Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина. Ова покажува дека само заедно можеме еден за сите, сите за еден.Јас и првиот вицепремиер Артан Груби сме овде да ја споделиме радоста и да ви укажеме чест и да ви соопштиме дека во името на Владата и на граѓаните, сите членови на фудбалската репрезентација ќе бидат наградени со по 10.000 евра.

Ова е успех достоен за големо славење, но должен сум да апелирам и да замолам и вие да го направите истото и да апелирате и во овој момент да се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 кои забрануваат собири“, истакна Заев.

„Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи. Македонија ви се поклонува. Колку сме, толку сме, токму сме. Ние сме Македонци.Напред Македонијо!“ напиша лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

🇲🇰

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Силјановска: Измените на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа може да се оквалификуваат како квази закон

Media Press

Published

on

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниска расправа за измените и дополнувања на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа укажа на неколку пропусти.

Прво, ваков закон правнички може да се оквалификува како пара закон, квази закон, времен закон, привремен закон затоа што трае една година. Првата ненаучена лекција, или кога го менувате Законот за ДДВ и внесовте дека нема да има ДДВ цели три дена, ви укажав дека не може ваква одредба бидејќи законите имаат неограничено правно дејство, ако сакате такво нешто наведувате во преодни и завршни одредби“ кажа пратеничката Гордана Силјановска Давкова .

Дополнително на тоа, укажува дека секогаш кога се работи за финансии не може скратена постапка, бидејќи значи сложеност и треба да се разгледа каде ќе одат парите, а станува збор за пари од граѓаните со кои располагаат локалните власти.

„Ние имаме административна, ама ќе имаме и фискална децентрализација кога ќе има постојан прилив на пристоен износ на средства за да може општините да ги извшуват надлежностите“ – дополни пратеничката Гордана Силјановска Давкова .

Continue Reading

Македонија

Исплатена е бонус плата за вработените во МВР за 2018 година

Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својата официјална фејсбук страница објави дека денеска во МВР била исплатена бонус плата за 1881 вработен за 2018 година.

„Денеска е исплатена бонус плата за 2018 година, право кое го оствариле 1881 вработен во МВР. Вкупно се платени 50.736.213 денари, а поединечен износ на бонусот иснесува 24.276 денари.“ – Стои во објавата.

Continue Reading

Македонија

Денеска регистрирани 721 нови пациенти со Ковид-19

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти од:

Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип – 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци – 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Continue Reading