Connect with us

Струмица

Дел од парите планирани за новогодишно украсување на Струмица ќе бидат донирани на болницата за справување со Ковид-19

Media Press

Published

on

Советот на општина Струмица на одржаната седница, по предлог на градоначалникот Коста Јаневски, од планираните средства за новогодишнот украсување на градот, изгласаа да бидат пренаменети односно донирани на Општата болница. Во ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица ќе бидат донирани еден милион денари.

„Предлогот беше од одредени ставки со пренамена и прераспределба од буџетот ги намениме за Јавната Здравствена Установа „Општа Болница“ со цел да помогнеме во нивните напори за набавка на одредени опреми и материјали кои што евентуално овој предизвик би ги предизвикал.

Така одлучивме еден милион денари да доделиме на Јавната Здравствена Установа „Општа Болница“, а да скратиме од некои други непродуктивни трошоци меѓи кои и новогодишното осветлување коешто сметавме дека сепак во некој редуциран, помал обем, сепак треба да постои, имајќи го во предвид психолошкиот или менталниот склоп на оваа новонастаната состојба. Ова беше на мое задоволство едногласно прифатено од сите советници.“ – Изјави градоначалникот Коста Јаневски

Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски со отчет за сработеното во овој период

Media Press

Published

on

По повод завршувањето на третата година од мандатот, градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција информираше за сработеното во овој период, за реализирани проекти во областа на инфраструктурата, за реализираните капитални проекти и проекти кои се во тек, за вложувањата во образованието и социјалната заштита, како и за заложбата во борбата против корона вирусот и како Ковид- 19 се одрази врз целокупното работење и општествено живеење.

Continue Reading

Струмица

Приведен струмичанец кој избегал од затвор

Media Press

Published

on

Полициски службеници од Полициска станица Струмица ноќеска во 00.10 часот на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, го лишиле од слобода И.У. (32) од Струмица, за кого била распишана потерница поради бегство од затвор.

Во 03.30 часот лицето е предадено во Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна, на која бил осуден поради повеќе сторени кривични дела, соопшти СВР Струмица.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                            

Continue Reading

Регион

Уапсен 22 годишен дилер на дрога од Струмичко

Media Press

Published

on

СВР Струмица преку соопштение известува дека е приведен 22 годишен дилер на дрога од Ново Село, Струмичко.

Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Струмица, по претходно добиени оперативни сознанија, денес извршија претрес во домот на Д.М. (22) во Ново Село и во дом на неговата баба М. М. во Ново Село, при што и на двете локации е пронајдена наркотична дрога марихуана  во количина од околу 1,5 килограми.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до јавното обвинителство.

Continue Reading