Connect with us

Регион

Од денеска започна вакцинацијата против сезонски грип и во здравствените домови во Југоистокот

Media Press

Published

на

Министерството за здравство информира дека е во тек вакцинацијата против сезонски грип. Граѓаните можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар.

Од вчера вакцинација започна во здравствените домови во Скопје, Велес, Неготино и општата болница во Кавадарци; од денеска во здравствените домови во Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод и Ростуше и Општа болница со проширена дејност Дебар; во четврток во здравствените домови во Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип и Валандово и во Општа болница со проширена дејност Гевгелија, додека во петок во здравствените домови во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Берово, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево и Кочани.

Оваа година, за бесплатно вакцинирање се набавени 40.000 дози вакцини против сезонски грип, 12.000 повеќе споредено со минатата сезона.Министерот за здравство Венко Филипче денеска во изјава за медиумите потенцираше дека ова е веќе трета година по ред како се обезбедува соодветна количина за неколку категории на граѓани и тоа, лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени, здравствени работници и деца до 5 години.

Центрите за јавно здравје од сопствениот буџет набавуваат вакцини за комерцијална употреба, кои исто така веќе од денеска се достапни за граѓаните. Секоја година интересот за вакцинирање против сезонски грип е сѐ поголем, особено кај хронично болните и постарите лица кои поради позитивното искуство од претходните години, редовно се вакцинираат. Министерството за здравство потсетува дека најефективниот начин за спречување на болеста и нејзините тешки форми е имунизацијата, особено во период кога се соочуваме со пандемијата со коронавирусот.

Радовиш

15 радовишани биле казнети за неносење заштитна маска во текот на изминатото деноноќие

Media Press

Published

на

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (20.04/21.04.2021), по однос на задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 32 лица не ја почитувалe, од кои 15 во Радовиш, 11 во Гевгелија, 4 во Струмица и 2 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки. Во истиот период две лица(по едно во Гевгелија и Струмица ) не ја почитувале забраната за движење, соопштува СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Регион

Бројот на нови случаи со Ковид – 19 во Југоистокот сеуште висок

Media Press

Published

на

Бројот на нови случаи со Ковид-19 во Југоисточниот регион како и во државата сеуште  висок. Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19  во земјата. Од нив 59 во Југоистокот.

-Струмица 33, -Гевгелија  13, -Радовиш 10 и Валандово 3.

Пријавени се вкупно 31 починато лице од кои три од регионот: 2 лица од Гевгелија (68г и 73г) и едно лице од  Струмица (59г).

Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти на ниво на држава, од нив 98 во општините од регионот:

-Струмица 48, -Гевгелија 30, -Радовиш  8, -Дојран 6, – Богданци  4 и Валандово 2.

Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.

Според министерот за здравство Венко Филипче бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19, но сеуште нема простор за опуштање и граѓаните треба да продолжат да ги почитуваат мерките.

„Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати“, објави на својот фејсбук профил министерот Филипче.

Болничките капаците во Струмица и Гевгелија суште остануваат исполнети.

Прочитај повеќе

Регион

Во акциска контрола на СВР Струмица стотина возачи заработиле казна

Media Press

Published

на

И покрај предвидените санкции за непочитување на сообраќајните правила, возачите учесници во сообраќајот сеуште прават прекршоци и заработуваат казни. Иако полицијата се почесто најавува дека ќе спроведе или се спроведени акциски контроли за ставање ред во сообраќајот, грешките се повторуваат. Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден 18 април, во времето од 11.00 до 19.00 часот повторно спроведе засилени контроли во областа на сообракајот во неколку општини во регионот.

Притоа биле констатирани 101 прекршок, од кои 85 за возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.  

Прочитај повеќе