Connect with us

Спорт

Дејан Манасков постигна нов клупски рекорд во Веспрем

Media Press

Published

на

Македонецот, Дејан Манасков вчера во меч против ФТЦ во унгарскиот ракометен шампионат го собори клупски рекорд со 16 постигнати голови во еден натпревар.

Ова го потврдија и од Веспрем укажувајќи на тоа дека во целата историја на клубот досега никој не успеал да постигне 16 погодоци на официјален меч.

Исто така Манасков останува забележан како и играч кој ја надмина бројката од 400 погодоци во дресот на Веспрем.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Македонскиот фудбалски национален тим, претпладнево замина за Букурешт

Media Press

Published

на

Експедицијата на македонскиот фудбалски национален тим, претпладнево замина за Букурешт, каде ќе ги одигра двата од вкупно трите натпревари во групата „Ц“ на Европското првенство.

„Пред полетувањето кон Букурешт, Романија им посакав успешен настап на #ЕУРО2020, среќа, добра тимска игра, фер плеј и да продолжат со успесите со кои веќе испишуваат нови страници во историјата на македонскиот фудбал, пласирајќи се на Европското првенство“, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

„Среќно и со целото срце за Македонија!“ напиша и лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прочитај повеќе

Радовиш

Илија Атанасов од БК „Бучим“ од Радовиш со дебитантски настап на Европското првенство во Софија

Media Press

Published

на

Радовишанецот Илија Атанасов од БК Бучим од Радовиш, во составот на македонската репрезентација со солиден настап на Европското првенство за У-15 во Софија, Бугарија, во категоријата до 85 килограми. Како што информираат од клубот, Атанасов загубил од репрезентативецот на Грузија со 7-11.

„Како негов тренер, сум многу задоволен и гледам  почеток на негова успешна кариера. Ова беше дебитантски настап на европско првенство. Тој во тешка борба загуби на поени. Од друга страна, неговиот противник загуби во полуфиналето и не го повлеше во репасажот. Инаку, требаше да имаме уште еден преставник на ова првенство, но поради повреда неколку денови пред шампионатот, не можеше да настапи на истото“, вели тренерот Горан Атанасов.

Борачите од БК Радовиш се подготвуваа активно за учество на ова Европско Првенство тренирајќи секојденвно заедно со борачите на БК Балканец од Штип. Тренерот Атанасов уште тогаш најави дека очекуваат добри резултати, на претстојните Европски првенства.

Прочитај повеќе

Спорт

ФК Плачковица ќе биде домаќин на ФК Осогово

Media Press

Published

на

Нашиот фудбалски клуб Плачковица ќе биде домаќин на ФК Осогово во Сабота на 26.03.2021 година.

Овој натпревар од пролетниот дел на првенството ќе започне во 14:00 часот и ќе се игра според протоколите односно публика нема да биде присутна.

ФК Плачковица минатиот викенд играше против ФК Кожув од Гевгелија каде и двата тима добија по еден бод со резултат од 0:0 на крајот од второто полувреме.

Прочитај повеќе