Connect with us

Македонија

Шахпаска: Буџетот за 2021 година е насочен кон грижата за најмладите, намалување на невработеноста и сиромаштијата

Media Press

Published

on

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на гостувањето во емисијата „Економски магазин“ зборуваше за сите актуелни прашања кои ги засегаат граѓаните, а се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

„Измените на Законот за работни односи кој што е во ингеренции на МТСП конкретно во членот 134 го регулира неделниот одмор кој што треба да трае 24 часа непрекинато и по правило тоа е недела или пак некој друг ден од седмицата, како дел од важечкото законско решение, а во моментов ние работиме на овој дел,“ рече Шахпаска.

Таа истакна дека формирана е работна група во која се вклучени пред се министерствата за економија, транспорт и врски, информатичко општество и министерството за култура. Но исто така  секојдневна комуникација и дискусија се води и со претставници на синдикатите, на работодавачите, коморите.

„Нашата идеја е недела-неработен ден, а исклучоци треба  да има. Тоа се здравството, безбедносните сили, полицијата, против пожарната служба, тешката индустрија и сите дејности кои се од витално значење за општеството,“ истакна Шахпаска.

За измената во Законот за работни односи, кој што ги регулира договорите за работа, министерката појасни дека договорот за работа завршува со навршени 64 години старост и 15 години стаж доколку со друг закон не е поинаку решено, со исклучоци во оние дејности каде што има недостаток на кадар и каде што одењето во пензија би го загрозило функционирањето, тоа би било во здравството и високото образование. Притоа проценката ја прави менаџерот, директорот, раководителот, согласно потребите додека не се најде кадар кој што би го заменил дотогашниот.

„Суштината на оваа реформа е да отвориме простор, младите да ги вклучиме во работен однос,“истакна Шахпаска.

Од четвртиот пакет мерки тежок 470 милиони евра, 27 милиони евра одат за финансиска поддршка од 6000 денари  за ранливите категории граѓани од нив 182.000 пензионери со пензија под 15.000 денари, 84.000 пасивни баратели на работа, 8100 приматели на државна социјална пензија и 5700 самохрани родители.

Во однос на Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2021 година, тежок 50 милијарди денари, министерката информираше дека средствата главно се насочени кон  продолжување на социјалната реформа, грижата за најмладите, намалување на невработеноста и  намалување на сиромаштијата.

„Сите социјални права и во услови на пандемија продолжуваат непречено да течат и не само тоа, туку го олеснивме пристапот на граѓаните до гарантираната минимална помош, до детски и образовен додаток. 12 милијарди денари одат за социјалната реформа, 2 милијарди одат за Оперативниот план за мерки за вработување, процесот на изградба на градинки продолжува, само до крајот на годинава обезбедуваме простор за нови 500 деца,“ истакна Шахпаска.

На тема сиромаштија и предизвиците кои таа ги носи, министерката појасни дека темелот на социјалната реформа не е да се генерира сиромаштија, туку да вади од сиромаштија преку воведувањето на Гарантирана минимална помош, воведување на  новиот концепт кејс-менаџмент на семејствата од социјален ризик.

„На овој начин, во соработка со Агенцијата за вработување и мерките како обука, преквалификација и доквалификација придонесуваме во нивно активно вклучување на пазарот на трудот.

Таа на крајот ги повика граѓаните сите кои имаат потреба од помош  и поддршка, да аплицираат со цел да  влезат во системот за гарантирана минимална помош чиј пристап сега е олеснет.

Македонија

Донација на 13.500 брзи тестови од НАТО сојузникот Норвешка

Media Press

Published

on

Тринаесет илјади и петстотини брзи тестови за КОВИД – 19 е донацијата од Кралството Норвешка која денеска, во присуство на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и норвешкиот одбранбен аташе потполковникот Егил Далтвејт, беше предадена во Военомедицинскиот центар на Армијата на Република Северна Македонија.

На настанот, министерката Шекеринска истакна дека по членството Алијансата, ние не сме сами, а оваа донација е уште една потврда за тоа.

„Во период од само две–три недели по пристигнувањето на важната НАТО поддршка во форма на 60 мобилни респиратори и дополнителна опрема, денеска добиваме значајна донација од еден од нашите постојани поддржувачи, а сега сојузник во НАТО Алијансата, а тоа е Кралството Норвешка“, рече министерката.

Шекеринска порача дека од 13.500-те брзи тестови за КОВИД – 19, главниот дел ќе биде наменет на поддршка на сите наши граѓани, а 3.500 ќе бидат искористени за тестирање на војниците и офицерите пред сите поголеми операции, за нивна и заедничка поголема безбедност.

„Сите кандидати кои што учествуваат на курсот за подофицери кој што се организира во Армијата, уште во недела ќе бидат тестирани пред да заминат на учество на овој курс. Истото правило ќе го почитуваме и при упатување во мисија, истото правило ќе го почитуваме и при организирање на поголеми вежбовни активности. Со тоа ќе ја зголемиме безбедноста на припадниците на Армијата и ќе го намалиме замавот кој што го има корона кризата врз целата држава, но и кај нас“, рече министерката.

Continue Reading

Македонија

Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки – Граѓаните може да се информираат за секоја мерка на бесплатниот телефонски број

Media Press

Published

on

На иницијатива на Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, Владата донесе одлука за возобновување на Националниот контакт центар, на кој преку бесплатната телефонска линија 0800 00 207, граѓаните во директна комуникација со операторите, кои се професионалци од соодветните институции, ќе може да добијат информации за економските мерки кои ги носи Владата за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19.

Националниот контакт центар започна со полна оперативност од денес, а на повиците на граѓаните, секој работен ден од 08:00-16:00 часот, ќе одговараат лица вработени во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Генералниот секретаријат на Владата, Управата за јавни приходи и Развојната банка на Република Северна Македонија.

Покрај контакт центарот, граѓаните може да се информираат за сите актуелни вести поврзани со коронавирусот Ковид 19, како и за економските и други мерки на Владата поврзани со справувањето и спречување на ширењето на коронавурусот на веб страницата koronavirus.gov.mk.

Continue Reading

Македонија

Димитров: Ова е бесмртниот “вирус” на идеали против кој залудно се бара “вакцина”

Media Press

Published

on

„Македонскиот идентитет е резултат на еден историски процес и едноставно ние како политика не можеме за тоа ниту да разговараме ниту да преговараме“, рече во интирвјуто за  регионалната телевизиска мрежа Н1 Сараево, замник претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.  

„Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ.

Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит.

Ова е мој принципиелен став, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување. Ова е бесмртниот “вирус” на идеали против кој залудно се бара “вакцина”, вели Димитров.

Continue Reading