Connect with us

Македонија

Музичарите порачуваат: Носам маска со надеж дека повторно ќе свириме во живо, пред многу публика

Media Press

Published

on

Музички уметници, македонски естрадни, ја поддржуваат кампањата „НосамМаска“. Влатко Стефановски, Никола Перевски, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска преку видео порака порачуваат дека носењето маска значи наскоро отварање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите.  

Секој еден од нас има одговорност за грижа за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на своите најблиски. Носењето заштитна маска, одржувањето физичко растојание, како и честото миење раце, во моментот се единствените мерки кои може да го спречат ширењето на коронавирусот.

По усвоените измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести, на сила е мерката за носење лична заштита на лицете: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана  и слично, при излегување надвор од домот, односно при движење на јавни места  и површини од отворен и од затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори, кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи и слично.

Оваа мерка не важи:

– при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);

– при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои што живее во заедница;

– при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со  кој/коишто заедно живеат во заедница;

– при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);

– ако се користи друг тип заштитна опрема специфична за определено работно место;

– ако лицето е помладо од 6 годишна возраст (дете); и

– ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

Министерството за здравство, упатува апел до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита, затоа што тие се клучни во борбата со овој непредвидлив непријател.

Македонија

78 нови случаи на Ковид -19 во Југоистокот според последните податоци

Media Press

Published

on

Според последните податоци изминатите 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19, од нив 78 се од Југоисточниот регион во: Гевгелија 33-Струмица 29, -Радовиш 12 и во Валандово 4.

Во останатите градови најмногу во Скопје 479-Куманово 52-Дебар 20-Штип 45-Прилеп 84-Тетово 58-Струга 52-Велес 59-Битола 83-Охрид 49-Кавадарци 42-Гостивар 63-Крива Паланка 12 -Крушево 5-Кочани 33-Пробиштип 10-Демир Хисар 2-Македонски Брод 2-Пехчево 2-Берово 4-Виница 4-Делчево 22-Кратово 7-Свети Николе 13-Кичево 31-Ресен 13-Неготино 18.

Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 73г), еден од Охрид (87г), еден од Гостивар (71г), еден од Струмица (67г), еден од Крушево (71г) и еден пациент од Берово (86г).

Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти од:-Скопје 266-Куманово 49-Штип 30-Прилеп 51-Тетово 1-Струга 30-Велес 13-Битола 56-Охрид 29-Кавадарци 22-Гостивар 2-Гевгелија 3-Струмица 16-Крива Паланка 3-Радовиш 10-Крушево 1-Кочани 14-Пробиштип 3-Македонски Брод 3-Пехчево 4-Берово 6-Валандово 2-Виница 8-Делчево 6-Кратово 8-Свети Николе 11-Кичево 21-Ресен 3 -Неготино 8.

Досега во земјата се направени вкупно 341.261 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728.

Continue Reading

Македонија

Левица: Нема средства за младите специјализанти, а има за новогодишно украсување

Media Press

Published

on

Политичката партија Левица со реакција за активирањето на младите специјализанти,  во ковид центрите потенцирајќи дека тие се  идните лекари специјалисти во македонското здравство, а немаат задрваствено осигурување.

„Со месеци наназад слушаме и читаме колку многу е под контрола состојбата со пандемијата и дека надлежниот министер е загрижен за истата од дното на срцето, дури до небото. Во исто време ги слушаме и ги читаме апелите на потресени пациенти и нивните семејства кои укажуваат колку е очајна состојбата во македонските болници. 

Небаре од различни планети потекнуваат министерот и пациентите. Само околу една работа се согласуваат: во болниците очајно недостасува медицински персонал. 

Во таква ситуација логично е да се мобилизираат сите расположливи човечки ресурси. Логично е тие кои ја избрале благородната професија и дале заклетва да се јават на повикот. Младите специјализанти исто така. Но, никој не може и не смее да очекува од нив да втрчаат во ковид центрите како бомбаши самоубијци на минско поле. Овие млади луѓе и лекари не му се потребни на општеството само сега! Тие се идината на македонскиот здравствен систем. 

Затоа шокира начинот на кој истите се третирани. Со години наназад ЗЛС (Здружението на лекари специјализанти) апелира и укажува дека нивната состојба е апсурдна- лекуваат и се усовршуваат, а во исто време немаат здравствено осигурување. И сега, кога нивната работа би била особено драгоцена, Министерството за здравство повторно нема слух за нив. Слух нема, пари за здравствено осигурување – околу 25.000 евра месечно – нема, ама затоа има камшик. Специјализантите се жртви на мобинг, закани, уцени и притисоци да се вклучат со работата во ковид центрите, при што, во случај на болест самите ќе ги ги сносат трошоците за лекување. Додека го одбијат ова, надлежните им се закануваат дека ќе им биде прекината специјализацијата. 

Да потсетиме: трошокот за здравствено осигурувањее за околу 200 специјализанти изнесува 25.000 евра месечно, додека стотици илјади евра ќе бидат дадени за новогодишно украсување во услови на здравствена и економска криза!“ стои во реакцијата од политичката партија Левица.

Continue Reading

Македонија

Исплатени субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко во висина од 225 милиони денари

Media Press

Published

on

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска во Штип оддржаа состанок со сточарите.

На состанокот се разговараше за проблемите со кои се соочуваат дел од сточарите, за откупната цена на јагнето и за тоа како стоката да презими.

Директорот на АФПЗРР, ги информира сточарите, дека денеска на сметките на сточарите се легнати и парите за трета фаза произведено и предадено млеко, средства кои ќе им помогнат да ги набават храна за презимување на стоката.

Денеска на сметките на 7.183 лица исплативме 225 милиони денари за произведено и предадено млеко, трета фаза. Ова се средства кои се од исклучително значење за сточарите, затоа што ќе помогне да набават се што им е потребно за презимување на стоката. Во рок од неполн месец, исплативме вкупно 377 милиони денари за втора и трета фаза предадено млеко. Со ова практично, целосно ја затворивме исплатата за произведено и предадено млеко за 2019 година. Исто така од денеска е отворен е – системот за поднесување на барања за органско производство. Аплицирањето трае до 25- ти декември.“ – истакна Бабовски.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, истакна дека во изминатиот период министерството креираше сет на мерки кои помагаа во сточарството.

„Земјоделството е наша шанса за успех. Им порача на фармерите сите заедно да работат на производи со додадена вредност што позитивно ќе се одрази и врз фармерите и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ и економскиот раст на државава.“ – Посочува Трајан Димковски – заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Continue Reading