Connect with us

Свет

За две недели Москва започнува масовна вакцинација против Ковид -19

Media Press

Published

on

За две недели во Москва започнува масовна вакцинација со вакцината „Спутник 5“, против корона вирусот, соопштува директорот на  Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Гинзбург, пренесуваат медиумите од регионот.

“Се се одвива според планот и до крајот на ноември во  цивилниот промет ќе се најде пола милион дози вакцини. Во декември таа бројка ќе биде три пати повисока “, рече Гинзбург.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сите руски вакцини против Ковид-19 се ефикасни и најави дека Русија наскоро ќе ја регистрира третата вакцина против коронавирус, објави РИА.

прикажи повеќе
Advertisement

Свет

Објавена цената на руската вакцина против корона вирус

Media Press

Published

on

Руската вакцина против Ковид -19 „Спутник V“ на меѓународниот пазар ќе чини нешто помалку од 20 долари за лице, додека за руските граѓани ќе биде бесплатна, е објавено на официјалниот профил на „Твитер“ посветен на рускиот лек.

Вакцината ќе се прима во два наврата, а секоја доза ќе чини помалку од 10 долари вкупно за двете дози околу 20 долари.

Шефот на рускиот Државен фонд за национално богатство Кирил Дмитриев , вели дека Москва и нејзините странски партнери може да произведат повеќе од милијарда дози вакцини в година, што е доволно за 500 милиони луѓе. Русија се обидува да ги забрза производството и дистрибуцијата на својот лек.

Continue Reading

Свет

Трамп препорачал да почнат првите подготовки за предавање на власта

Media Press

Published

on

Американскиот претседател Трамп потврди дека препорачал да почнат првичните протоколи за предавање на власта. Aдминистрацијата на претседателот, формално му даде одобрување на новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта.

Одлуката на претседателот доаѓа по три неделна неизвесност со непризнавање на резултатите, кога Трамп се се сомневаше на нерегуларности во изборниот процес, како гласање на починaти или отселени лица, двојно гласање или гласање под принуда, како броење на задоцнети гласачки ливчиња преку пошта.

Тимот на Бајден го поздрави почетокот на процесот на транзиција, а новоизбраниот демократски претседател ќе положи заклетва на 20 јануари.

Continue Reading

Свет

Грција воведува полициски час

Media Press

Published

on

Грција од денеска воведува полициски час на цела територија, со што се ограничува движењето на граѓаните од 21 до 5 часот наутро, пренесуваат грчките медиуми.

Грчкиот заменик министер за цивилна заштита, на вонредна прес-конференција рекол дека ќе биде дозволено напуштање на домот само поради работни обврски, итни здравствени причини, како и поради домашните миленици, но за секоја од овие причини ќе биде потребна потврда или СМС-порака.

Три дена по ред, бројот на смртни случаи како последица на Ковид во Грција е над 40.

Во Бугарија се потврдени нови 3.414 случаи на коронавирус, а починаа 72 лица, објави Националниот здравствен центар. Во последните 24 часа биле тестирани 8.885 лица.

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 3056 нови случаи на инфекција со вирусот Ковид-19, а бројот на активни случаи е вкупно 16746.

Меѓу нив, 1620 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 179 се на апарати за дишење. Починаа 43 лица.

Бројот на новозаразени во САД е за прв пат е повеќе од 150 000 лица за 24 часа. Регистирани се 154.496 нови случаи на Ковид -19, а десети ден бележи повеќе од 100.000 заразени на дневна основа.

Continue Reading