Connect with us

Економија

Започнува реализација на шест мерки од четвртиот сет на економски мерки

Media Press

Published

on

Започнува реализација на шест мерки во рамки на Министерството за економија од Четвртиот сет на економски мерки на Владата за ревитализација и рестарт на економијата во услови на COVID 19, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својата Фејсбук страница.

Со одлука на Владата, Министерството за економија ќе префрли еден милион евра на посебна наменска сметка на Развојна банка на Северна Македонија  со што ќе се овозможи почеток на реализацијата на бескаматна кредитна линија за микро и мали средни претпријатија од Четвртиот сет економски мерки на Владата за справување со последиците од COVID 19.

Оваа кредитна линија ќе биде лансирана со грант средства од Европската Унија преку Развојната банка во рамките на сетот мерки за ревитализација и рестарт на економијата во услови на COVID-19.

На денешната седница на Владата беа усвеоени и две Програми во рамки на Министерството за економија за поддршка на туризмот од Четвртиот сет мерки.

Со овие две програми почнува реализација на пет мерки во надлежност на Министерството за економија за поддршка на туристичкиот сектор.

Се работи за мерките:
-Враќање на уплатена такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти
-Грантови за лиценцирани туристички агенции
-Грантови за лиценцирани туристички водичи
-Грантови за ресторани за свадба
-Грантови за игротеки

Вкупната вредност на двете Програми за поддршка на туризмот изнесува 459.650.000 денари.

По објавувањето Програмите во Службен весник, Министерството за економја ќе објави јавни повици на кој ќе може да аплицираат сите физички и правни лица.

прикажи повеќе
Advertisement

Економија

Од утре започнува исплатата на Ноемвриските пензии на шалтер според висината на пензијата

Media Press

Published

on

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.11.2020 година, а на деловните банки им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.11.2020 година.

Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.11.2020 година (четврток);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27.11.2020 година (петок);

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.11.2020 година (понеделник), и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2020 година (вторник).

Continue Reading

Економија

Бектеши: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки

Media Press

Published

on

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук.

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија.

Според Предлог-законот кој стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието, возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови:

  • сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;
  • да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

Целта на ова законско решение е можност на граѓаните, сопствениците или корисниците да можат да ги регистрираат возилата со странски регистарски таблици на територија на Република Северна Македонија.

Continue Reading

Економија

Предлог-Буџетот за 2021 предвидува спас на работните места и реализација на капиталните инвестиции

Media Press

Published

on

Предлог-Буџетот за 2021 година, е структуиран да одговори и на здравствените и на економските предизвици од коронакризата, но истовремено нуди можности за рестарт на македонската економија. Клучни сегменти во Предлог-Буџетот, кој од денеска е во собраниска процедура, се инвестициите во јавното здравство, спас на работните места и реализација на капиталните инвестиции.

За здравството, во Буџетот за 2021 се проектирани 40,8 милијарди денари, со што на дело ја потврдуваме заложбата за сериозни инвестиции во јавното здравство кое со месеци се бори против коронавирусот.

Поддршката за стопанството и работните места продолжува и во 2021 година. Преку неколку програми од Буџетот за 2021 година обезбедуваме поддршка во вкупна вредност од 7,1 милијарда денари или 115,5 милиони евра. Од овие средства 1,9 милијарди денари ќе се наменат за поддршка за формирање на нови компании, преку самовработување и вработување на други невработени лица, но и обуки за невработените.

Реализација на Буџетот е насочена кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, и затоа повикуваме тој да биде донесен од страна на сите пратеници, низ отворена и конструктивна дебата.

Continue Reading