Македонија

Објавен јавниот повик за програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“

Под покровителство на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, а во соработка со Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во претстојниот период ќе се реализира програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“, информираат од Кабинетот на претседателот.

Програмата предвидува 15 млади и амбициозни луѓе од Македонија, преку низа на значајни обуки спроведени во неколку компании-членки на Советот на странски инвеститори, да стекнат конкурентни вештини и знаења што ќе ги одведат во нови професионални предизвици.

„Целта е да се овозможи градење вештини кај идните млади менаџери и бизнис-лидери со трансфер на знаења овозможен преку соработката на Претседателот и Советот на странски инвеститори, да се откријат потенцијални таленти и да им се овозможи на компаниите кои ќе учествуваат во рамките на Проектот подобро да  разберат што ги мотивира младите и да се воспостави мрежа на идни бизнис-лидери и менаџери.

Програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ е предвидено да се реализира во периодот од декември годинава до февруари 2021 година. Право на учество во програмата имаат студенти коишто се во последната година од нивните додипломски студии, дипломирани студенти, студенти на магистерски и докторски студии на универзитети/факултети по економија, право, човечки ресурси, менаџмент, јавна администрација, бизнис или научна област со која се занимаваат компаниите, вклучени во оваа програма. Старосната граница е до 29 години“, стои во известувањето.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago