Кампања за подигнување на свеста за купување преку интернет „#SellSafe“
Операцијата „eComm 2020“е креирана како дел од Истрагата за измама со платежни картички во рамки на ЕМПАКТ предводена од Европол и Австрија. Оваа операција претставува продолжување во пракса на работата на Работната група за е-трговија, јавно приватно партнерство основано во 2014 година со клучни засегнати страни, вклучително Советот за заштита на трговците од ризик, мрежа од 535 e-трговци ширум светот.
Следните земји учествуваат во овогодишната кампања „eComm2020“ за побезбедно купување на интернет:
Австрија, Колумбија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Малта, Северна Македонија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Соединетите Американски Држави.
Како да го заштите вашиот е-бизнис
Воведувањето на вашиот бизнис во светот на е-трговијата претставува сериозен чекор. Постојат неколку едноставни чекори што можете да ги преземете за да продавате безбедно (#SellSafe). Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол состави неколку упатства кои ќе ви помогнат да започнете:
· Знајте го вашиот производ: некои производи се поризични за продажба од други. На пример, продажбата на мали предмети што лесно можат да се препродадат и за кои веќе постои побарувачка е поризична од продажбата на лично дизајнирани предмети.
· Запознајте го вашиот клиент: Ако прифаќате плаќања со картички и испраќате вредни предмети на клиентите, нели би сакале да знаете кому му ги испраќате истите?
· Воспоставете безбеден начин на плаќање: вашиот картичен процесор може да ве советува. Избирањето безбеден начин за плаќање ќе го ограничи ризикот од измама.
· Користете сигурна служба за испорака: изберете метод на испорака со кој ќе будете сигурни дека со вашата стока професионално ќе се ракува и дека нема да има побарувања поврзани со неиспорака.