Connect with us

Гевгелија

За само десеттина дена по отпочнување на изведбените работи, профункционира Дневниот КОВИД-19 центар во Гевгелија

Media Press

Published

на

             Од вчера, проширениот Дневен прифатен КОВИД-19 центар во Гевгелија,  ги прими првите пациенти, заболени од КОВИД-19, на кои им беше обезбедена потребната дневна терапија. По тој повод, градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Тодор Ристов и пратеникот Марија Костадинова го посетија Дневниот центар и заедно со директорот на Општата болница, д-р Митко Крчев и раководителот на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, д-р епидемиолог Сашо Олумчев, дадоа изјави за јавноста.

   „Денес, сме во посета на Општа болница- Гевгелија и извршивме увид во профункционирањето на КОВИД-19 центарот, за кој се одвоија средства од Општинскиот буџет со донесена одлука од страна на Советот на Општина Гевгелија за надградување на бараката. Горд сум што заедно со членовите на Советот овозможивме на Општата болница да изгради ваков центар, во кој веќе се примаат и третираат  КОВИД-пациентите од Гевгелија“, истакна градоначалникот Поцков.

              – Голема благодарност до вработените во Општа болница со проширена дејност и до тимот на д-р Сашкo Oлумчев кои неуморно работат веќе 9 месеци и се грижат за заштита на здравјето на граѓаните на Гевгелија. Како Совет, донесовме одлука за доделување грант за доградба на Центарот и овозможивме истиот во иднина да служи за понатамошна здравствена услуга на граѓаните, истакна претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Тодор Ристов.

              – Би сакал да се заблагодарам на Општината и Градоначалникот, како и на Советот на Општина Гевгелија што денес ни овозможија да го отвориме овој Центар и да ги прошириме капацитетите од 8 до 10 легла за дневен третман на пациенти со недефинирана слика, за кои се чекаат резултати, но имаат симптоми на КОВИД. Имаме и болнички третман со капацитет во Невропсихијатриското одделение за 12 лица, но како што рапидно расте бројот на нови случаи, веќе сме во фаза да го преадаптираме и Интерното одделение во КОВИД-центар како дополнителен капацитет. Денеска, добивме известување дека се најдени изведувачи за изградба на Модуларната КОВИД-19 болница, па за месец-дена очекуваме да стане реалност, со што ќе ни биде олеснета работата во справувањето со пандемијата од КОВИД-19, истакна директорот на Општата болница, д-р Митко Крџев.

             – Доградениот КОВИД- Дневен центар ќе биде 24/7 во служба на граѓаните за нивно згрижување. Со порофункционирањето на овој Центар, се редуцираа гужвите што се формираа пред Болницата. Очекувам за време на сезонските грипови да се зголеми бројот на пациенти, но сметам дека капацитетите се доволни. Во Гевгелија, во моментот има околу 200 активни случаи, но претпоставувам дека таа бројка е многу поголема бидејќи има многу асимптоматски случаи и пациенти со благи симптоми кои се сомневаат дали се позитивни или не, но апелирам да се консултираат со здравствените служби, истакна раководителот на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, епидемиолог д-р Сашо Олумчев.

Советот на Општина Гевгелија на седницата одржана на 30 октомври, годинава, донесе одлука за доделување на 377.364 денари од Општинскиот буџет за доградба на Дневниот КОВИД- 19 центар.

Гевгелија

Во Гевгелија, досега се вакцинирани 400 лица над 70 години со првата пратка „Астра Зенека“

Media Press

Published

на

    Во општина Гевгелија, досега, се вакцинирани 400 лица над 70 години со првата пратка „Астра Зенека“ во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Започнувајќи од денеска, имунизацијата се одвива со аплицирање од 100-те вакцини од втората пратка, истакна одговорната докторка Тодорка Окова. Нагласувајќи дека според динамиката на вакцинирање во пунктот, би требало до 21 април да се потрошат количините на располагање.

         Според бројот на пријавени, директорот на Општа болница, д-р Митко Крџев, истакна дека постои голем интерес на граѓаните за имунизација против КОВИД-19 од старосната група над 70 години. Додека, за одвивањето на понатамошното вакцинирање се чекаат конкретни насоки од Министерството за здравство.

          Што се однесува на здравствениот билтен на Општина Гевгелија, Крџев истакна дека има благо намалување од околу 30% на новорегистрирани случаи, заклучувајќи ја ваквата констататација по бројот на дневни прегледи во КОВИД- модуларната болница. Притоа, нагласувајќи дека ваквата состојба не значи дека треба да им биде мотив на граѓаните за опуштање, напротив да продолжат со почитување на мерките кои се уште се во сила. Бидејќи, и покрај намалениот број на новозаболени, се уште се исполнети капацитетите за хоспитализирање со кои располага Општата болница во Гевгелија. Имено, во КОВИД-болницата се хоспитализирани 26 лица, додека 40 лица се на дневна терапија.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Media Press

Published

на

И, вчерашната потрага по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија, во организација на Општината  и ОВР- Гевгелија без никакви резултати. Имено, по деталното пребарување на двата брега на реката Вардар и ридските предели наоколу, се до грчката граница, во кое беа вклучени вработени од: Општина Гевгелија, ОВР, ДСЗ, ТППЕ, ЦУК, Шумска полиција и шумско стопанство, Водостопанство и членови на двете планинарски друштва „Кожув“ и „Двете Уши“ и риболовното друштво „Акваспорт“, не се пронајдени никакви траги од Минов. Пребарувањето започна во 10:00 часот, а траело до 12:30 часот.

            ОВР- Гевгелија ќе продолжи со потрагата иако, како што истакна началникот Карапеев, од наредниот ден по исчезнувањето на Минов, па досега, се преземени сите мерки и се искористени сите ресурси со кои располага институцијата за пронаоѓање на исчезнатиот.

Изминатите денови, по укажувањата на индициите каде би можел да се пронајде Минов, се пребаруваше речното корито на Вардар со хеликоптер, трагачки кучиња, нуркачка екипа од специјалната единица на МВР, дрон и сл. За случајот, преку Интерпол, известени се грчката полиција и службите на граничните премини.

            Последно, Илија Минов бил виден на 29 март, 2021 година, во 07:30 часот, облечен во зелена јакна, кремаста блуза, сини фармерки, кафеаво шалче со риги и црни кондури.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Гевгеличанка пријавила во полиција дека од вчера околу пладне, исчезнал нејзиниот сопруг

Media Press

Published

на

Гевгеличанка пријавила во полиција дека од вчера околу пладне, нејзиниот сопруг излегол од дома и повеќе на се вратил. Спорд информациите од СВР Струмица станува збор за 59- годишно лице од Гевгелија.

„На 29 март во 12.30 часот во Полициска станица Гевгелија, С.Д.М.(49) од Гевгелија пријавила дека од нивниот дом се оддалечил нејзиниот сопруг И.М.(59). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, стои во соопштението од СВР Струмица.

Прочитај повеќе