Connect with us

Радовиш

Денеска во Црвен крст Радовиш, организирана крводарителска акција

Media Press

Published

on

Од ОО на црвен крст Радовиш ги повикуваат крводарителите да даруваат крв, почитувајчи ги сите мерки и препораки.

„Ве известуваме дека денес од 09:00 до 15:00часот Општинска организација Црвен крст Радовиш во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина организира крводарителска акција. Да напоменеме дека крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.Ги замолуваме крводарителите кои ќе даруваат крв да ги почитуваат препораките за сомозаштита на Министерството за Здравство. Ве очекуваме, Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ“ стои во апелот на ОО Црвен крст Радовиш.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Општина Радовиш донесе одлука за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование

Media Press

Published

on

Локалната самоуправа на Општина Радовиш донесе одлука за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование за учебната 2020-2021 година.

Висината на стипендијата за основното образование изнесува 2500 денари и се прима девет месеци колку што трае учебната година. Стипендии за учебната 2020/2021 година се доделени на следните ученици од основното образование:

VI одделение
1. Елена Арсова – ООУ Никола Карев
2. Борјан Тодоров – ООУ Никола Карев
3. Александар Петров – ООУ Никола Карев
4. Атанас Ципушев – ООУ Крсте П. Мисирков

VII оделение
1. Спасија Лукарова – ООУ Никола Карев
2. Ана Марија Ѓоргиева – ООУ Никола Карев
3. Елена Ѓоргичкова – ООУ Никола Карев
4. Елена Ефтимова – ООУ Крсте П. Мисирков

VIII одделение
1. Матеј Цветковски – ООУ Никола Карев
2. Марија Здравева – ООУ Крсте П. Мисирков
3. Катерина Крстева – ООУ Никола Карев
4. Драган Петрушев – ООУ Никола Карев

IX одделение
1. Добрилка Ѓоргиева – ООУ Крсте П. Мисирков
2. Пенка Трајкова – ООУ Крсте П. Мисирков
3. Елена Јованова – ООУ Крсте П. Мисирков
4. Давид Каранфилов

Висината на стипендијата за основното образование изнесува 3000 денари и се прима девет месеци колку што трае учебната година. Стипендии за учебната 2020/2021 година се доделени на следните ученици од средното образование:

СОУ Коста Сусинов, Радовиш

I-ва година
1. Константин Ѓозев (ООУ Крсте П. Мисирков)
2. Зорица Ристова (ООУ Никола Карев)
3. Кира Митева (ООУ Коста Рацин)

II-ра година
1. Ана Бибовска

III-та година
1. Марија Прастова

IV-та година
1. Стефан Ефтимов

Општина Радовиш доделува и стипендии по основ на социјален карактер во висина од 2500 денари за ученици од основното образование и 3000 денари за ученици од средното образование. Стипендијата се прима девет месеци колку што трае учебната година. Стипендии по основ на социјален карактер се за учебната 2020/2021 година се доделени на следните ученици:

1. Верица Поцева – СОУ Коста Сусинов
2. Давид Тренчев – ООУ Никола Карев
3. Викторија Спасова – СОУ Коста Сусинов
4. Кети Милева – СОУ Коста Сусинов
5. Столе Илиев – ООУ Коста Рацин

Општина Радовиш со секој корисник на стипендија ќе склучи посебен Договор. Одлуката влегува во сила на денот на донесувањето и истата може да ја погледнете на следниот линк.

Continue Reading

Радовиш

Асфалтирана Улица бр.8 во Урбан блок 9 во Радовиш

Media Press

Published

on

Асфалтирана Улица бр.8 во Урбан блок 9 во Радовиш веднаш под булеварот Александар Македонски. Уллицата е изградена согласно сите стандарди со нови тротари, фекална и атмосферска канализација. Станува збор за улица која претставуваше проблем долго време на граѓаните кои што живеат на оваа нова улица. Денеска е санирано е оштетувањето на улицата до Слога. Исто така како што најви градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов следна за асфалтирање ќе биде улица бр. 2 во УБ. 9.

Continue Reading

Македонија

Во последното деноноќие починале 32 лица од Ковид-19, од кои 2 лица од Радовиш

Media Press

Published

on

Две лица од Радовиш и две од Струмица се дел од вчерашната статистика на починати лица од Ковид- 19, во која се евидентирани вкупно 32 починати лица.

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95-Куманово 10-Штип 12-Прилеп 27-Тетово 11-Струга 1-Велес 30-Битола 34-Охрид 1-Кавадарци 7-Гостивар 41-Гевгелија 7-Струмица 7-Крива Паланка 3-Радовиш 10-Крушево 1-Пробиштип 1-Демир Хисар 1-Берово 3-Валандово 1-Виница 3-Делчево 1-Кратово 1-Свети Николе 6-Кичево 14-Ресен 2-Неготино 6.

Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82г), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден пациент од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден пациент од Неготино (55г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти од:-Скопје 235-Штип 42-Прилеп 72-Тетово 26-Струга 1-Велес 54-Кавадарци 21-Гевгелија 10-Крива Паланка 6-Радовиш 4-Крушево 1-Кочани 25-Пробиштип 2-Пехчево 1-Берово 9-Виница 2-Делчево 10-Кратово 2-Свети Николе 7 -Неготино 14Досега во земјата се направени вкупно 332. 286 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61878, бројката на оздравени пациенти е 38946, на починати е 1763, а бројот на активни случаи изнесува 21169.

Continue Reading