Гевгелија
Општина Гевгелија додели Благодарници за Општата болница и за д-р Сашко Олумчев, за несобична грижа за здравјето на граѓаните
Објавено на
Од
Media Press
На одржаната Cвечена седница на Советот на Општина Гевгелија, по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија – 7 Ноември, беа доделени Благодарници на институциите и личностите кои несобично се грижеа и го штитеа здравјето на граѓаните, се бореа со пандемијата и дадоа голем придонес во ублажувањето на последиците. Благодарница и беше доделена на Јавна здравствена установа ОПШТА БОЛНИЦА со проширена дејност во Гевгелија, од самиот почеток на пандемијата, вработените во Општата болница со проширена дејност, која има богата и долга традиција, покажаа дека здравствените работници се на висина на својата задача. Подеднакво во згрижувањето и заштитата на граѓаните кои не успеаја да се спасат од опасниот вирус, но и за сите други пациенти кои имаа некаква потреба од здравствена заштита. Општата болница едноставно покажа како треба да функционира една јавна здравствена установа, беше нагласено во образложението.
Општина Гевгелија, Благодарница му додели и на д-р Сашо Олимчев, епидемиолог и раководител на Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, кој од прогласувањето на пандемијата од КОВИД-19 неуморно и несебично се грижеше за здравјето на граѓаните. И, тоа, не само преку тестирањето и следењето на епидемилошката состојба во општината. Уште повеќе, преку постојана едукација на граѓаните и превентивна активност, укажувајќи им за опасноста и сериозноста на болеста која го парализира целиот свет. Неговото ангажирање како епидемиолог и здравствен работник е добар пример за улогата и важноста на здравствените работници во услови на светска пандемија, стои во образложението на Благодарницата.
Исто така, Благодарници беа доделени и на: ОВР-Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“ и Здружението на граѓани „ChangeMakers4all“ (Промени се) кои во изминатите месеци се ангажираа и дадоа свој придонес во реализацијата на мерките и активностите за заштита од пандемијата КОВИД-19, посебно околу реализацијата на мерките на Општинскиот штаб за заштита и спасување и заклучоците на Советот на Општина Гевгелија. Притоа, демонстрираа како треба да се одвива соработката, особено, во вакви состојби, меѓу локалната самоуправа со државните и јавни установи, како и невладините организации
Заблагодарувајќи се на признанието, а пред се доделениот грант од Општина Гевгелија за доградба на Дневниот КОВИД-19 центар, директор на Општата болница во Гевгелија, д-р Митко Крџев, информираше дека доградбата е веќе завршена и Дневниот центар е веќе во функција. Тоа значи дека се обезбедени од 8-10 легла за згрижување и лекување на пациентите заболени од КОВИД-19. Исто така, епидемиологот д-р Сашо Олумчев упати јавна благодарност до граѓаните на Општина Гевгелија бидејќи од нивните средства, како што рече, преку грантот што го додели Општина Гевгелија се проширени условите за лекување на пациентите, а тоа значи и зголемување на шансите за обезбедување на соодветна здравствена заштита.
Гевгелија
Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Гевгелија
МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници
Published
3 месеци agoна
август 19, 2026By
Media Press
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.
Гевгелија
На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант
Published
3 месеци agoна
август 14, 2026By
Media Press
На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз.
Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!


