Connect with us

Македонија

Повторно поскапување на бензините за половина денар, цената на дизелот останува непроменета

Media Press

Published

on

На последната седница на регулаторната комисија за енергетика се донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените односно цените се зголемуваат во просек за 0,83%.

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домакинство се зголемуваат за половина денар за литар и по новите цени ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 58,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава 60,50 денари за литар и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена односно 49,50 денари за литар додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува на 26,196 денари за килограм.

Македонија

Исплатени субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко во висина од 225 милиони денари

Media Press

Published

on

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска во Штип оддржаа состанок со сточарите.

На состанокот се разговараше за проблемите со кои се соочуваат дел од сточарите, за откупната цена на јагнето и за тоа како стоката да презими.

Директорот на АФПЗРР, ги информира сточарите, дека денеска на сметките на сточарите се легнати и парите за трета фаза произведено и предадено млеко, средства кои ќе им помогнат да ги набават храна за презимување на стоката.

Денеска на сметките на 7.183 лица исплативме 225 милиони денари за произведено и предадено млеко, трета фаза. Ова се средства кои се од исклучително значење за сточарите, затоа што ќе помогне да набават се што им е потребно за презимување на стоката. Во рок од неполн месец, исплативме вкупно 377 милиони денари за втора и трета фаза предадено млеко. Со ова практично, целосно ја затворивме исплатата за произведено и предадено млеко за 2019 година. Исто така од денеска е отворен е – системот за поднесување на барања за органско производство. Аплицирањето трае до 25- ти декември.“ – истакна Бабовски.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, истакна дека во изминатиот период министерството креираше сет на мерки кои помагаа во сточарството.

„Земјоделството е наша шанса за успех. Им порача на фармерите сите заедно да работат на производи со додадена вредност што позитивно ќе се одрази и врз фармерите и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ и економскиот раст на државава.“ – Посочува Трајан Димковски – заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Continue Reading

Македонија

МВР: Граѓаните да внимаваат при купопродажба на автомобили

Media Press

Published

on

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека има појава на зачестеност при измамите поврзани со купопродажба на патнички моторни возила на територијата на Република Северна Македонија. 

При вршење на измамите, од страна на измамници се склучуваат нотарски договори без да бидат дадени пари на продавачот на возилото, притоа искористувајќи повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето. 

Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист. МВР презема засилени мерки за расчистување на пријавените измами, но апелираме до граѓаните да бидат внимателни да не склучуваат договори без да им бидат исплатени парите.

Continue Reading

Македонија

Од идната година се спушта возрасната граница за достапноста на услугата лична асистенција од 18 на шест години

Media Press

Published

on

Премиерот Зоран Заев денеска по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост-3 Декември учествуваше и се обрати на Онлајн тркалезна маса на тема: „Трансформација на општеството: Заедница за сите“, во организација на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Комисијата на Европската Унија во Скопје и во ко-организација на Владата и Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Изразувајќи задоволство што е дел од одбележувањето на како што рече овој значаен ден од календарот на Обединетите нации и на целото човештво – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, премиерот Заев во своето обраќање истакна дека Владата во изминатите три години успеа да ја оствари воспоставената цел, односно да ги направи институциите на општеството, сојузници на лицата со попреченост, од кои секогаш треба да очекуваат политики за подобрување на нивната положба.

„Денеска, со особено задоволство сакам да најавам дека од идната 2021 година услугата лична асистенција ќе биде достапна и за децата со потешка и најтешка физичка попреченост или со целосно оштетување на видот. Министерството за труд и социјална политика ги изготви измените на Законот за социјалната заштита, кои низ соодветната владина процедура, ќе бидат доставени до Собранието на усвојување и ќе овозможат лични асистенти да користат деца на возраст од шест години и повеќе. На барање на семејствата на децата со попреченост, ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните осумнаесет на шест години”, рече премиерот Заев истакнувајќи дека средствата за личните асистенти ќе се обезбедат од Буџетот и ова ќе придонесе за стекнување со образование на децата со попреченост, како и нивна социјализација и развој на еднаква основа со нивните врсници и иден активен граѓанин во општеството.

Continue Reading