Connect with us

Гевгелија

Општина Гевгелија додели Благодарници за Општата болница и за д-р Сашко Олумчев, за несобична грижа за здравјето на граѓаните

Media Press

Published

на

    На одржаната Cвечена седница на Советот на Општина Гевгелија, по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија – 7 Ноември, беа доделени Благодарници на институциите и личностите кои несобично се грижеа и го штитеа здравјето на граѓаните,  се бореа со пандемијата и дадоа голем придонес во ублажувањето на последиците. Благодарница и беше доделена на Јавна здравствена установа ОПШТА БОЛНИЦА со проширена дејност во  Гевгелија, од самиот почеток на пандемијата, вработените во Општата болница со проширена дејност, која има богата и долга традиција, покажаа дека здравствените работници се на висина на својата задача. Подеднакво во згрижувањето и заштитата на граѓаните кои не успеаја да се спасат од опасниот вирус, но и за сите други пациенти кои имаа некаква потреба од здравствена заштита. Општата болница едноставно покажа како треба да функционира една јавна здравствена установа, беше нагласено во образложението.

            Општина Гевгелија, Благодарница му додели и на д-р Сашо Олимчев, епидемиолог и раководител на Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, кој од прогласувањето на пандемијата од КОВИД-19 неуморно и несебично се грижеше за здравјето на граѓаните. И, тоа, не само преку тестирањето и следењето на епидемилошката состојба во општината. Уште повеќе, преку постојана едукација на граѓаните и превентивна  активност, укажувајќи им за опасноста и сериозноста на болеста која го парализира целиот свет. Неговото ангажирање како епидемиолог и здравствен работник е добар пример за улогата и важноста на здравствените работници во услови на светска пандемија, стои во образложението на Благодарницата.

          Исто така, Благодарници беа доделени и на: ОВР-Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“ и Здружението на граѓани „ChangeMakers4all“  (Промени се) кои во изминатите месеци се ангажираа и дадоа свој придонес во реализацијата на мерките и активностите за заштита од пандемијата КОВИД-19, посебно околу реализацијата на мерките на Општинскиот штаб за заштита и спасување и заклучоците на Советот на Општина Гевгелија. Притоа, демонстрираа како треба да се одвива соработката, особено, во вакви состојби, меѓу локалната самоуправа со државните и јавни установи, како и невладините организации

            Заблагодарувајќи се на признанието, а пред се доделениот грант од Општина Гевгелија за доградба на Дневниот КОВИД-19 центар, директор на Општата болница во Гевгелија, д-р Митко Крџев, информираше дека доградбата е веќе завршена и Дневниот центар е веќе во функција. Тоа значи дека се обезбедени од 8-10 легла за згрижување и лекување на пациентите заболени од КОВИД-19. Исто така, епидемиологот д-р Сашо Олумчев упати јавна благодарност до граѓаните на Општина Гевгелија бидејќи од нивните средства, како што рече, преку грантот што го додели Општина Гевгелија се проширени условите за лекување на пациентите, а тоа значи и зголемување на шансите за обезбедување на соодветна здравствена заштита.

прикажи повеќе
Advertisement

Гевгелија

Во Гевгелија, досега се вакцинирани 400 лица над 70 години со првата пратка „Астра Зенека“

Media Press

Published

на

    Во општина Гевгелија, досега, се вакцинирани 400 лица над 70 години со првата пратка „Астра Зенека“ во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Започнувајќи од денеска, имунизацијата се одвива со аплицирање од 100-те вакцини од втората пратка, истакна одговорната докторка Тодорка Окова. Нагласувајќи дека според динамиката на вакцинирање во пунктот, би требало до 21 април да се потрошат количините на располагање.

         Според бројот на пријавени, директорот на Општа болница, д-р Митко Крџев, истакна дека постои голем интерес на граѓаните за имунизација против КОВИД-19 од старосната група над 70 години. Додека, за одвивањето на понатамошното вакцинирање се чекаат конкретни насоки од Министерството за здравство.

          Што се однесува на здравствениот билтен на Општина Гевгелија, Крџев истакна дека има благо намалување од околу 30% на новорегистрирани случаи, заклучувајќи ја ваквата констататација по бројот на дневни прегледи во КОВИД- модуларната болница. Притоа, нагласувајќи дека ваквата состојба не значи дека треба да им биде мотив на граѓаните за опуштање, напротив да продолжат со почитување на мерките кои се уште се во сила. Бидејќи, и покрај намалениот број на новозаболени, се уште се исполнети капацитетите за хоспитализирање со кои располага Општата болница во Гевгелија. Имено, во КОВИД-болницата се хоспитализирани 26 лица, додека 40 лица се на дневна терапија.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Media Press

Published

на

И, вчерашната потрага по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија, во организација на Општината  и ОВР- Гевгелија без никакви резултати. Имено, по деталното пребарување на двата брега на реката Вардар и ридските предели наоколу, се до грчката граница, во кое беа вклучени вработени од: Општина Гевгелија, ОВР, ДСЗ, ТППЕ, ЦУК, Шумска полиција и шумско стопанство, Водостопанство и членови на двете планинарски друштва „Кожув“ и „Двете Уши“ и риболовното друштво „Акваспорт“, не се пронајдени никакви траги од Минов. Пребарувањето започна во 10:00 часот, а траело до 12:30 часот.

            ОВР- Гевгелија ќе продолжи со потрагата иако, како што истакна началникот Карапеев, од наредниот ден по исчезнувањето на Минов, па досега, се преземени сите мерки и се искористени сите ресурси со кои располага институцијата за пронаоѓање на исчезнатиот.

Изминатите денови, по укажувањата на индициите каде би можел да се пронајде Минов, се пребаруваше речното корито на Вардар со хеликоптер, трагачки кучиња, нуркачка екипа од специјалната единица на МВР, дрон и сл. За случајот, преку Интерпол, известени се грчката полиција и службите на граничните премини.

            Последно, Илија Минов бил виден на 29 март, 2021 година, во 07:30 часот, облечен во зелена јакна, кремаста блуза, сини фармерки, кафеаво шалче со риги и црни кондури.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Гевгеличанка пријавила во полиција дека од вчера околу пладне, исчезнал нејзиниот сопруг

Media Press

Published

на

Гевгеличанка пријавила во полиција дека од вчера околу пладне, нејзиниот сопруг излегол од дома и повеќе на се вратил. Спорд информациите од СВР Струмица станува збор за 59- годишно лице од Гевгелија.

„На 29 март во 12.30 часот во Полициска станица Гевгелија, С.Д.М.(49) од Гевгелија пријавила дека од нивниот дом се оддалечил нејзиниот сопруг И.М.(59). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, стои во соопштението од СВР Струмица.

Прочитај повеќе