Connect with us

Македонија

Доколку македонец се разболе од Ковид -19 во Албанија или Србија ќе добие бесплатно лекување, Потпишан меморандум за соработка

Media Press

Published

on

Претседателот на Владата Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари средба преку интернет видео врска со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ.

На состанокот беа разгледувани сите аспекти на соработка во услови на КОВИД-19 кризата кои произлегуваат од иницијативата за напредна соработка во рамките на Берлинскиот процес и денешниот потпишан меморандум.



Претседателот на Србија Александар Вучиќ рече дека од пресудно значење е оваа соработка, а меморандумите кои беа денеска потпишани ќе помогнат да функционираат земјите и во услови на глобална пандемија. 

„Со поедноставување на постапките, овозможуваме подобар развој на економијата која е клучна во овој период, очекувајќи ги уште поголемите економски последици кои произлегуваат од коронакризата“, изјави Вучиќ.

Премиерот на Албанија Еди Рама додаде дека е среќен со потпишувањето на денешните договори кои ја поттикнуваат слободата на движење на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија. Според Рама, со утрешниот Софиски самит почнува нова фаза во нашата блиска соработка, кога во оваа иницијатива и соработка ќе се вклучи Косово, а очекуваме и вклучување на другите држави од регионот на Западен Балкан.

Премиерот Заев истакна дека веќе се работи на координација околу обезбедување на вакцина за КОВИД-19 за граѓаните на трите земји.

„Меѓусебно ќе се поддржуваме и ќе си помагаме во моменти доколку се случи преоптоварување на здравствените системи во нашите земји. Отвораме зелени коридори за патување на нашите граѓани и економските оператори со кои се ублажуваат последиците од КОВИД-19. Граѓаните и пред се носителите на економијата ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР тест, односно ќе се ослободат од административен и финансиски товар граѓаните на нашите држави, притоа почитувајќи ги сите мерки на заштита кои се речиси идентични“, рече Заев.

Истовремено премиерот Заев информираше дека дел од договорот е и помошта која земјите меѓусебно ќе си ја даваат во случај на преоптоварување на здравствените системи во државите потписнички. Премиерот Зоран Заев даде и пластично објаснување на значењето за граѓаните во ваков случај.

„Доколку некој граѓанин на Северна Македонија се разболи и треба да се лекува во Албанија или Србија, тогаш нашите соседни држави ќе го покријат лекувањето и нашиот граѓанин нема да треба да плаќа од свој џеб. Истото ќе важи и за граѓаните на Албанија и Србија доколку се затечат на наша територија и им е потребна помош. Ова се моменти на солидарност, на трезвено размислување и на поткрепа која си ја даваме меѓусебно”, заклучи премиерот Заев.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Рикер: Решение за билатералните прашања надвор од интеграцијата на Македонија во ЕУ

Media Press

Published

on

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени во поддршката на Северна Македонија за нејзините интеграции кон Европската Унија и изразува разочарување што земјите членки на ЕУ не постигнаа согласност да ја одобрат преговарачката рамка за почеток на преговорите за членство на ЕУ.

„Вашата земја покажа дека е доверлив сојузник во НАТО и голем пријател на САД. Пристапувањето на вашата земја во ЕУ останува наш врвен заеднички интерес и ние ќе продолжиме да го застапуваме настојувањето и поддршката заедно со нашите европски партнери за одржување на меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ“, пишува амбасадорот Филип Рикер во писмото до премиерот Заев и додава дека САД ги следат и разбираат предизвиците и сложените прашања низ кои поминува процесот и истакнува дека Северна Македонија и досега покажала дека не отстапува кога е неопходно да се завршат успешно потребните процеси за да се обезбеди одржлив мир, сигурност за просперитет за своите и за граѓаните на соседните земји.

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер пишува дека Северна Македонија тоа го докажа со постигнувањето на историскиот договор од Преспа и со Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија во 2017 година со кој беа поставени темелите за посилни односи меѓу двете земји.

„Ве охрабруваме и вас, и земјите членки на ЕУ, да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите. Високо ги оценуваме вашите напори да ги водите разговорите во духот на добра волја и да одржувате посветеност во обезбедувањето европската  иднина на Северна Македонија која земјата покажа дека ја заслужува“, пишува амбасадорот Рикер.    

Во писмото до премиерот Заев се нагласува дека САД продолжува со поддршката на овие настојувања и се изразува надеж дека овие процеси ќе резултираат со одржување на континуитетот на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

„Остануваме ваши партнери оптимисти дека меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ ќе се одржи наскоро“, се вели во писмото на помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер, до претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Continue Reading

Македонија

Починати се рекордни 41 лице од корона вирус, 5 од нив се од Југоисточниот регион

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 463-Куманово 30 -Дебар 6 -Штип 28 -Прилеп 68 -Тетово 29 -Струга 21 -Велес 47 -Битола 48 -Охрид 28 -Кавадарци 26 -Гостивар 66 -Гевгелија 4 -Струмица 26 -Крива Паланка 7-Радовиш 4-Крушево 2 -Кочани 12 -Пробиштип 5-Демир Хисар 1 -Македонски Брод 5 -Пехчево 1 -Валандово 2 -Виница 2 -Делчево 7 -Кратово 1 -Свети Николе 14 -Кичево 36 -Ресен 6-Неготино 27.

Починати се 41 лице, се седумнаесет пациенти од Скопје (82, 80, 69, 55, 55, 60, 69, 81, 64, 84, 78, 55, 80, 31, 98, 80 и 49г), двајца од Прилеп (56 и 71г), двајца од Велес (76 и 58г), тројца пациенти од Битола (75, 60 и 77г ), четири од Охрид (60, 74, 72 и 66г), еден пациент од Кавадарци (67г), четири од Гостивар (72, 91, 56 и 54г), тројца од Струмица (78, 63 и 70г), еден од Радовиш (67г), еден од Кочани (68г), еден од Пробиштип (85г), еден од Валандово (75г) и еден пациент од Кичево (66г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 680 оздравени пациенти од: -Скопје 274 -Куманово 34 -Дебар 3-Штип 29 -Прилеп 51 -Тетово 43 -Велес 37 -Битола 28 -Охрид 11 -Кавадарци 15 -Гостивар 19 -Гевгелија 6 -Струмица 19 -Крива Паланка 7 -Радовиш 3 -Крушево 4 -Кочани 15 -Пробиштип 5 -Демир Хисар 5 -Македонски Брод 1 -Пехчево 4 -Берово 5 -Валандово 6 -Виница 7 -Делчево 4 -Кратово 3 -Свети Николе 10 -Кичево 20 -Ресен 2 -Неготино 10.

Досега во земјата се направени вкупно 329.086 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60723, бројката на оздравени пациенти е 37505, на починати е 1699, а бројот на активни случаи изнесува 21519.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 26602, активни 10382
• Куманово 3686, активни 933
• Дебар 460, активни 95
• Штип 2622, активни 550
• Прилеп 2969, активни 1073
• Тетово 3770, активни 949
• Струга 1412, активни 448
• Велес 1943, активни 726
• Битола 1980, активни 851
• Охрид 1571, активни 628
• Кавадарци 1213, активни 479
• Гостивар 2479, активни 939
• Гевгелија 712, активни 227 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 129 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1680, активни 592
• Крива Паланка 423, активни 120
• Радовиш 421, активни 114
• Крушево 130, активни 76
• Кочани 1227, активни 287
• Пробиштип 354, активни 83
• Демир Хисар 197, активни 87
• Македонски Брод 168, активни 49
• Пехчево 97, активни 23
• Берово 347, активни 84
• Валандово 206, активни 66
• Виница 367, активни 158
• Делчево 439, активни 191 (123 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 152, активни 57
• Свети Николе 821, активни 228
• Кичево 1254, активни 516
• Ресен 458, активни 198
• Неготино 563, активни 310 (67 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Continue Reading

Македонија

Шекеринска: Буџетот за одбраната за 2021 продолжува да расте

Media Press

Published

on

„Буџетот за 2021 година е буџет за одбраната на земјата како членка на НАТО Алијансата. Годинава покажуваме дека обврските, стандардите, критериумите кои што сме ги прифатиле како земја членка на НАТО ги почитуваме. Затоа Северна Македонија и оваа година го зголемува буџетот за 0,2%  од БДП, движејќи се кон посакуваните 2%, но годинава за првпат целосно ја исполнуваме и втората обврските на земјите членки на НАТО која што произлезе од Самитот во Велс – а тоа е повеќе од 20% од буџетот за одбраната да се издвои за опремување и за модернизација“, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната прес–конференција на која го презентираше одбранбениот буџет за 2021 година, кој трета година по ред расте и во 2021 година ќе достигне 1,57 посто од бруто домашниот производ, односно над 11 милијарди денари.

Како што истакна Шекеринска со буџетот за 2021 година ќе продолжи процесот на опремување и модернизација на Армијата, за што се обезбедени 38 посто повеќе средства отколку во буџетот за 2020 година.

„Со овој буџет добиваме и ново подмладување на Армијата, подобрување на стандардот на армиските припадници, квалитетна логистичка поддршка, реконструкција на армиските објекти, подобри услови на нашиот најголем полигон и Криволак и стабилно финансирање на Армија која е дел од Алијансата“, додава Шекеринска.

„Кризната состојба со КОВИД–19 во која што се наоѓаме најдобро покажува дека инвестирањето во Армијата е инвестиција во безбедноста на сите граѓани. Во овие три години, порастот на буџетот за одбраната ни овозможи да добиеме мотивирана, подобро обучена и подобро опремена Армија. Денес тоа не е само Армија на Република Северна Македонија, денес тоа е и армија на земја членка на НАТО. Подготвена да одговори на секој предизвик како што во моментов и помага на државата во справувањето со кризата“, информираше министерката и додаде дека во однос на овогодинешниот буџет, одбраната во 2021 година ќе има повеќе средства за речиси 10 проценти во однос на буџетот за 2020 година.

Continue Reading