Connect with us

Македонија

Потпишан Меморандум за соработка и партнерство помеѓу задруги од Република Северна Мекедонија и Република Бугарија

Media Press

Published

on

Проектот “Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите“ е во фаза на имплементација во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Проектот е финансиран од ИПА на Европската Унија 2015 година со буџет од приближно 900 000 евра и со траење од 26 месеци.

Имплементирањето на овој проект е од голема важност за македонското земјоделство бидејќи истиот ќе придонесе кон зголемување на пазарните можности, економскиот развој и севкупното производтсво во земјоделскиот сектор, истовремено подобрувајќи ја конкурентноста на земјоделскиот сектор во согласност со барањата за пристапување во ЕУ.

На потпишувањето на Меморандум за соработка и партнерство помеѓу задруги од Република Северна Македонија и Република Бугарија денеска присуствуваше и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска присуствуваше на потпишување на Меморандум за соработка и партнерство помеѓу задруги од Република Северна Македонија и Република Бугарија.

“Ни претстои уште поголема работа и уште поголеми предизвици кон целосно исполнување на европските стандарди и модернизација на споменатите сектори и политики што ќе резултира со зачленување на Република Северна Македонија во европското семејство, за што е потребно да вложиме максимални напори и да придонесеме за реализација на оваа цел.“- изјави министерот Хоџа.

Проектот ќе им помогне и на институциите и на приватниот сектор во уредување на бараниот сет на национални пазарни стандарди за свежо овошје и зеленчук на внатрешните и извозните пазари на ЕУ, асекако и помош на МЗШВ во политиките за заштита на земјоделски производи од нарушувања, предизвикани од флуктуации на цените и нелојална конкурентност со која се соочуваат производителите.

Македонија

Во земјава во текот на годинава, регистрирани се вкупно 29 нови лица со потврдена ХИВ-инфекција

Media Press

Published

on

Денеска се одбележува Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА. Според Светската здравствена организација, од доцните 90’ години, светот бележи прогрес, но ХИВ инфекцијата и натаму останува голем глобален здравствен проблем. И како и многу други глобални здравствени проблеми, дополнителен предизвик претставува пандемијата со Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.

„Во земјава во текот на годинава, како што се посочува, до 30 ноември регистрирани се вкупно 29 нови лица со потврдена ХИВ-инфекција, а новодијагностицираните припаѓаат на различни возрасни групи од 20 до 69 години. Сите новодијагностицирани се од машки пол, додека според начинот на пренос, кај 25 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи кои имаат сексуални односи со мажи, а четири лица се изјасниле како хетеросексуалци“, соопшува Министерството.

Половина од новодијагностицираните, како што се посочува, ХИВ-тестот го направиле во сервисите што нудат бесплатно и анонимно ХИВ-тестирање и советување – во невладините организации и во рамките на институциите. Останатите половина биле дијагностицирани во други здравствени установи или дошле од странство.

Од Министерството информираат дека до овој момент на Клиниката за инфективни болести вкупно 306 пациенти се вклучени во системот на здравствена заштита во врска со ХИВ, а 99 отсто од нив примаат антиретровирусна терапија, што е исклучително висок процент.

„Само три лица сè уште не почнале да примаат терапија, поради тоа што во тек е спроведувањето на неопходни претходни анализи, средување на документи поврзани со здравственото осигурување, или по личен избор на пациентот“ стои во соопштението од Министерството за здравство.

ХИВ претставува  вирус кој го напаѓа имунолошкиот систем кој помага во заштитата на човекот од болести. Кога нашиот имунолошки сиситем е ослабнат, организмот е помалку способен да се бори со болести. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА (синдром на стекната имунодефициенција). Ако некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека крвниот тест покажува дека вирусот е присутен во организмот. Се додека вирусот не го нападне имунолошкиот систем (понекогаш по многу години), тоа лице нема СИДА.

Continue Reading

Македонија

Студентите од шеста година на Медицински факултет се вклучуваат во работата на ковид центрите

Media Press

Published

on

Студентите од шеста година на Медицински факултет и волонтерите од Воено Медицинскиот центар се вклучуваат во работата на ковид центрите, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

„Помошта која ни ја даваат е многу важна во период кога имаме голем број хоспитализирани пациенти со ковид 19. За нив ова е искуство какво што можеби нема да имаат прилика да го видат во нивната кариера како лекари. Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Првата група на лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата“, вели министерот Филипче.

Continue Reading

Здравје

Според министерот за здравство Венко Филипче состојбата во болниците се стаблизира

Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека состојбата во болниците се стаблизира и дека на инфективните одделенија има слободни места.

„Состојбата по болниците се стабилизира, во наредниот период очекуваме повеќе исписи од приеми на болни пациенти. На денешниот состанок со директорите на ковид центрите во Скопје разговаравме за состојбата со вирусот. На инфективните оддели има доволно слободни места. Состојбата ја следиме од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат“, вели Филипче по состанокот со директорите на ковид центрите.

Филипче се заблагодарува на Армијата за огромната поддршка која ја даваат во справувањето со ковид кризата. Воено медицински персонал, тим составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри се распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе се врши прием на пациенти во ковид одделенијата.

Continue Reading