Connect with us

Струмица

Повредено 15 годишно момче во сообраќајна несреќа

Media Press

Published

on

Струмичката полиција вчера доцна во ноќта добила пријава дека на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Ѓорѓи Василев“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл и патничко возило.

Во незгодата, 15 годишното момче кое го возело моторциклот е потешко повредено и е пренесено во Медицинскиот центар Струмица.

„На 04.11.2020 во 23.00 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Ѓорѓи Василев“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл, со струмички регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Куклиш и патничко возило „алфа ромео“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(20) од Струмица.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.“ – стои во соопштението од МВР

Регион

Изгореа помошни простории на „Оранжерии Хамзали“ во близина на селото Хамзали кај Струмица.

Media Press

Published

on

Изутринава во околу 8 часот се опожарени помошни простории во кругот на АД „Оранжерии Хамзали“, во близина на селото Хамзали кај Струмица

Од ТППЕ Струмица известуваат дека во гасењето на пожарот учествувале три противпожарни возила и осум пожарникари, кои го изгаснале пожарот во 10:15 часот.

Причините за пожарот засега се непознати.

Continue Reading

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ синоќа во 11 градови низ државава одржа протести, меѓу кои и во Струмица и Гевгелија

Media Press

Published

on

„Од срцето на Македонија испраќаме силна порака. Решивме да застанеме на патот на предавството, нема да дозволиме да го скршат македонскиот народ, да го избришат македонскиот јазик, да го избришат македонскиот идентитет“, порача новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов од протестот кој со автомобили се одржуваше низ улиците на Струмица,  се до  општинската зграда каде се обрати Дрвошанов.

„Недозволиво е актуелната власт и Зоран Заев да преговараат за македонскиот идентите, јазик и историја. Расипничката политика на СДСМ во однос со преговорите и Договорот со Бугарија е на штета на македонскиот народ и бараме итно повлекување и оставка на Заев“, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Анеглинка Петкова на вчерашниот протест кој се одржа во Гевгелија.

За утре се закажани протести и во Радовиш.

Continue Reading

Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски со отчет за сработеното во овој период

Media Press

Published

on

По повод завршувањето на третата година од мандатот, градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција информираше за сработеното во овој период, за реализирани проекти во областа на инфраструктурата, за реализираните капитални проекти и проекти кои се во тек, за вложувањата во образованието и социјалната заштита, како и за заложбата во борбата против корона вирусот и како Ковид- 19 се одрази врз целокупното работење и општествено живеење.

Continue Reading