Connect with us

Радовиш

Советот на Општина Радовиш конечно на продолжението на 47 седница го изгласа ребалансот на буџетот за 2020

Media Press

Објавено на

 Советот на Општина Радовиш конечно на продолжението на 47 седница го донесе ребалансот на буџетот на Општина Радовиш со подршка само од од советниците од валдеачкото мнозинство.

Советниците од опозициската ВМРО -ДПМНЕ уште на почетокот  на седницата имаа процедурални забелешки кои се однесуваа на загрижувачката состојбата со Ковид -19 во општината, по што ја напуштија истата. Исто така тие имаа забелешка и дека како советничка група не се консултирани за вашжни одлуки, со цел да го дадат својот придонес.

По реакцијата од страна на советниците од владеачкото мнозинство дека процедуралните забелешки не се согласно деловникот, и согласно дневниот ред советниците од ВМРО -ДПМНЕ ја напуштија седицата

Во продолжение на седницата покрај донесувањето на ребалансот на буџетот беше изгласан и кварталниот извештај за реализација на буџетот на Општина Радовиш за третиот квартал од 2020 година. Потоа беа изгласани сите 63 точки од дневниот ред кои се однесуваа пред се на давање согласност на годишни планови за вработување во ЕЛС Општина Радовиш како и во јавните образовни институции, во училиштата, градинките во ОН Библиотека во ЈП  Плаваја и други институции, како и усвојување на годишните извештаи  и програми за работа на истите.

Потоа предлог програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на Општина Радовиш за 2020 година, како и изменување на програмата за јавно осветлување, одобрување на финасиски средства на спортски клубови и други предлог одлуки значајни за функционирање на институциите.

прикажи повеќе

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе