Connect with us

Македонија

Од четврток заладување, дневната температура ќе се намали за неколку степени

Media Press

Published

on

Променливо облачно, во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Умерено до значително облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура до среда ќе биде без поголеми промени, а од четврток ќе се намали за неколку степени.

Македонија

Левица: Нема средства за младите специјализанти, а има за новогодишно украсување

Media Press

Published

on

Политичката партија Левица со реакција за активирањето на младите специјализанти,  во ковид центрите потенцирајќи дека тие се  идните лекари специјалисти во македонското здравство, а немаат задрваствено осигурување.

„Со месеци наназад слушаме и читаме колку многу е под контрола состојбата со пандемијата и дека надлежниот министер е загрижен за истата од дното на срцето, дури до небото. Во исто време ги слушаме и ги читаме апелите на потресени пациенти и нивните семејства кои укажуваат колку е очајна состојбата во македонските болници. 

Небаре од различни планети потекнуваат министерот и пациентите. Само околу една работа се согласуваат: во болниците очајно недостасува медицински персонал. 

Во таква ситуација логично е да се мобилизираат сите расположливи човечки ресурси. Логично е тие кои ја избрале благородната професија и дале заклетва да се јават на повикот. Младите специјализанти исто така. Но, никој не може и не смее да очекува од нив да втрчаат во ковид центрите како бомбаши самоубијци на минско поле. Овие млади луѓе и лекари не му се потребни на општеството само сега! Тие се идината на македонскиот здравствен систем. 

Затоа шокира начинот на кој истите се третирани. Со години наназад ЗЛС (Здружението на лекари специјализанти) апелира и укажува дека нивната состојба е апсурдна- лекуваат и се усовршуваат, а во исто време немаат здравствено осигурување. И сега, кога нивната работа би била особено драгоцена, Министерството за здравство повторно нема слух за нив. Слух нема, пари за здравствено осигурување – околу 25.000 евра месечно – нема, ама затоа има камшик. Специјализантите се жртви на мобинг, закани, уцени и притисоци да се вклучат со работата во ковид центрите, при што, во случај на болест самите ќе ги ги сносат трошоците за лекување. Додека го одбијат ова, надлежните им се закануваат дека ќе им биде прекината специјализацијата. 

Да потсетиме: трошокот за здравствено осигурувањее за околу 200 специјализанти изнесува 25.000 евра месечно, додека стотици илјади евра ќе бидат дадени за новогодишно украсување во услови на здравствена и економска криза!“ стои во реакцијата од политичката партија Левица.

Continue Reading

Македонија

Исплатени субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко во висина од 225 милиони денари

Media Press

Published

on

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска во Штип оддржаа состанок со сточарите.

На состанокот се разговараше за проблемите со кои се соочуваат дел од сточарите, за откупната цена на јагнето и за тоа како стоката да презими.

Директорот на АФПЗРР, ги информира сточарите, дека денеска на сметките на сточарите се легнати и парите за трета фаза произведено и предадено млеко, средства кои ќе им помогнат да ги набават храна за презимување на стоката.

Денеска на сметките на 7.183 лица исплативме 225 милиони денари за произведено и предадено млеко, трета фаза. Ова се средства кои се од исклучително значење за сточарите, затоа што ќе помогне да набават се што им е потребно за презимување на стоката. Во рок од неполн месец, исплативме вкупно 377 милиони денари за втора и трета фаза предадено млеко. Со ова практично, целосно ја затворивме исплатата за произведено и предадено млеко за 2019 година. Исто така од денеска е отворен е – системот за поднесување на барања за органско производство. Аплицирањето трае до 25- ти декември.“ – истакна Бабовски.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, истакна дека во изминатиот период министерството креираше сет на мерки кои помагаа во сточарството.

„Земјоделството е наша шанса за успех. Им порача на фармерите сите заедно да работат на производи со додадена вредност што позитивно ќе се одрази и врз фармерите и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ и економскиот раст на државава.“ – Посочува Трајан Димковски – заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Continue Reading

Македонија

МВР: Граѓаните да внимаваат при купопродажба на автомобили

Media Press

Published

on

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека има појава на зачестеност при измамите поврзани со купопродажба на патнички моторни возила на територијата на Република Северна Македонија. 

При вршење на измамите, од страна на измамници се склучуваат нотарски договори без да бидат дадени пари на продавачот на возилото, притоа искористувајќи повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето. 

Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист. МВР презема засилени мерки за расчистување на пријавените измами, но апелираме до граѓаните да бидат внимателни да не склучуваат договори без да им бидат исплатени парите.

Continue Reading