Connect with us

Струмица

Југоисточниот регион доби 23 агрометеоролошки станици за поквалитетно производство на овошје и зеленчук по еколошки стандарди

Media Press

Published

на

Инсталирани се 23 агрометеоролошки станици во сите 10 општини во Југоисточниот регион за модернизација и подобрување на земјоделското производство со вкупна вредност од  5.077.786 денари. Покрај подобрување на квалитетот на овошјето и зеленчукот со намалување на обемот на третман со хемиски препарати на земјоделските култури, овие станици ја намалуваат загаденоста на воздухот, почвата, водата, а преку проектот земјоделците имаат полесен пристап до информации за климатските промени за правилно управување со земјоделските култури.

– Ваков тип на проекти, навистина можат многу да помогнат за развојот на овој Југоисточен плански регион и особено за поголем придонес во земјоделието за да ги насочат земјоделците како да стигнат до подобри производи, до поголем квалитет на овошјето и зеленчукот. И сето тоа на крајот да придонесе за економскиот развој, вели Зоран Димитровски заменик министер за локална самоуправа.

Според него овој проект е охрабрување на земјоделците од југоисточен регион да користат нови методи за управување со земјоделски култури и заштита на животната средина.

-Ова е една од 23-те агрометеоролошки станици кои што се инсталирани во Југоисточниот плански регион рече  Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица.

Тој појасни и дека ќе се организираат информативни денови и посети со цел да се воведат новите методи за управување со земјоделството во југоисточен регион,

 а подготвена е и веб-страница www.agrojug.mk; развиен софтвер за предвидување на болести на одредени култури и мобилна апликација (Метеобот) за временска прогноза на 23 локации во Југоисточен регион.

– Она што е интересно е дека успешните примери од некои од регионите потоа се реплицираат и во другите региони, што значи дека она што се инвестира ги дава саканите резултати, вели Мирјана Македонска, национална програмска координаторка во Амбасадата на Швајцарија.

Според неа проектот „Одржив и инклузивен рамномерен регионален развој“ се спроведува успешно во сите осум плански региони во соработка со Министерството за локална самоуправа.  

-Поставувањето на 23-те агрометереолошки станици се од голем бенефит за граѓаните на Југоисточниот плански регион, и податоците ги користат преку паметни телефони од мобилна апликација каде што ги дава сите параметри во однос на временската прогноза,

 а дополнително на веб страната има параметри и за предвидување болести кај растенијата. Досегашните резултати што даваат во однос на користењето е дека повеќе од 1000 корисници ја користат веб страната а над 3000 корисници ја користат мобилната апликација преку паметни телефони, а нашата цел е со текот на времето и се повеќе да го промовираме проектот со цел повеќе да се користат и да го зголемиме производството во југоисточниот плански регион, вели Жулиета Ѓуркова, раководителка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Еден пример на метеоролошка станица има и во средно општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица, каде 300 ученици имаат можност да се запознаат со новите технологии во делот на климатските

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Украла чанта со пари и ги закопала во својот двор, полицијата ги вратила на сопственикот

Media Press

Published

на

Жена од струмичко отишла на гости и украла чанта со пари, по што ги закопала во својот двор.

„Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од с.Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Имено на 29 март пријавената отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути. На 07 април полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот, информира МВР.

Прочитај повеќе

Струмица

Притвор за момче од Струмица кое силувало девојка и за уште две лица кои му помогнале во намерата

Media Press

Published

на

На 09 април во петокот Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против И.Д. (18) од Струмица, со престојувалиште во село Банско, струмичко, М.Д. (21) и А.Д. (25) и двајцата од село Банско, поради тоа што на 08.04.2021 околу 17:40 часот на ул.„Невена Стојкова“ И.Д. извршил обљуба врз 18-годишна девојка од струмичко село,, а М.Д., А.Д. и уште две лица му помогнале во намерата.Лицата набрзо биле лишени од слобода и по обезбедените докази на 09.04.2021 година биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, кој на тројцата им определил мерка притвор.

Прочитај повеќе

Струмица

Кривична пријава против три лица од Банско, струмичко кои организирале свадбена веселба

Media Press

Published

на

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

 На 28 февруари пријавените во с.Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби.

Прочитај повеќе