Connect with us

Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за обид за убиство

Media Press

Published

на

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице , поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Убиство од член 123 став 3 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

„Осомничениот на 29.10.2020 година, во канцеларија на извршител во Гевгелија, со умисла се обидел да лиши од живот две лица со кои се сретнал по претходен договор за регулирање на начинот и рокот на исплата на негов долг. Додека траело излагањето на оштетениот – адвокат, осомничениот ја затворил вратата од канцеларијата, извадил пиштил и го вперил во доверителот – лицето кон кое го имал долгот. По реакција на адвокатот, осомничениот го вперил пиштолот и кон него, но адвокатот успеал да ја фати раката на осомничениот и да го насочи пиштолот кон подот,  по што настанала турканица и борење по подот. Во меѓувреме другиот оштетен и вработените од извршителската канцеларија ја напуштиле просторијата. Додека траела борбата, осомничениот со левата рака се обидел да го репетира пиштолот. Откако оштетениот адвокат му ветил на осомничениот дека нема да го пријават, борбата престанала и осомничениот го напуштил местото на настанот.“ – стои во соопштението од ОЈО Гевгелија

На осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, поради  основан страв дека ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело или ќе ја попречува кривичната постапка со влијание  врз сведоци, како и можност да го повтори кривичното дело.

Гевгелија

Во Гевгелија, досега се вакцинирани 400 лица над 70 години со првата пратка „Астра Зенека“

Media Press

Published

на

    Во општина Гевгелија, досега, се вакцинирани 400 лица над 70 години со првата пратка „Астра Зенека“ во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Започнувајќи од денеска, имунизацијата се одвива со аплицирање од 100-те вакцини од втората пратка, истакна одговорната докторка Тодорка Окова. Нагласувајќи дека според динамиката на вакцинирање во пунктот, би требало до 21 април да се потрошат количините на располагање.

         Според бројот на пријавени, директорот на Општа болница, д-р Митко Крџев, истакна дека постои голем интерес на граѓаните за имунизација против КОВИД-19 од старосната група над 70 години. Додека, за одвивањето на понатамошното вакцинирање се чекаат конкретни насоки од Министерството за здравство.

          Што се однесува на здравствениот билтен на Општина Гевгелија, Крџев истакна дека има благо намалување од околу 30% на новорегистрирани случаи, заклучувајќи ја ваквата констататација по бројот на дневни прегледи во КОВИД- модуларната болница. Притоа, нагласувајќи дека ваквата состојба не значи дека треба да им биде мотив на граѓаните за опуштање, напротив да продолжат со почитување на мерките кои се уште се во сила. Бидејќи, и покрај намалениот број на новозаболени, се уште се исполнети капацитетите за хоспитализирање со кои располага Општата болница во Гевгелија. Имено, во КОВИД-болницата се хоспитализирани 26 лица, додека 40 лица се на дневна терапија.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Media Press

Published

на

И, вчерашната потрага по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија, во организација на Општината  и ОВР- Гевгелија без никакви резултати. Имено, по деталното пребарување на двата брега на реката Вардар и ридските предели наоколу, се до грчката граница, во кое беа вклучени вработени од: Општина Гевгелија, ОВР, ДСЗ, ТППЕ, ЦУК, Шумска полиција и шумско стопанство, Водостопанство и членови на двете планинарски друштва „Кожув“ и „Двете Уши“ и риболовното друштво „Акваспорт“, не се пронајдени никакви траги од Минов. Пребарувањето започна во 10:00 часот, а траело до 12:30 часот.

            ОВР- Гевгелија ќе продолжи со потрагата иако, како што истакна началникот Карапеев, од наредниот ден по исчезнувањето на Минов, па досега, се преземени сите мерки и се искористени сите ресурси со кои располага институцијата за пронаоѓање на исчезнатиот.

Изминатите денови, по укажувањата на индициите каде би можел да се пронајде Минов, се пребаруваше речното корито на Вардар со хеликоптер, трагачки кучиња, нуркачка екипа од специјалната единица на МВР, дрон и сл. За случајот, преку Интерпол, известени се грчката полиција и службите на граничните премини.

            Последно, Илија Минов бил виден на 29 март, 2021 година, во 07:30 часот, облечен во зелена јакна, кремаста блуза, сини фармерки, кафеаво шалче со риги и црни кондури.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Гевгеличанка пријавила во полиција дека од вчера околу пладне, исчезнал нејзиниот сопруг

Media Press

Published

на

Гевгеличанка пријавила во полиција дека од вчера околу пладне, нејзиниот сопруг излегол од дома и повеќе на се вратил. Спорд информациите од СВР Струмица станува збор за 59- годишно лице од Гевгелија.

„На 29 март во 12.30 часот во Полициска станица Гевгелија, С.Д.М.(49) од Гевгелија пријавила дека од нивниот дом се оддалечил нејзиниот сопруг И.М.(59). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, стои во соопштението од СВР Струмица.

Прочитај повеќе