Connect with us

Економија

Од ноќеска на полноќ нови цени на горивата

Media Press

Published

on

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,107 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,831 ден/кг.

прикажи повеќе
Advertisement

Економија

Од утре започнува исплатата на Ноемвриските пензии на шалтер според висината на пензијата

Media Press

Published

on

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.11.2020 година, а на деловните банки им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.11.2020 година.

Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.11.2020 година (четврток);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27.11.2020 година (петок);

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.11.2020 година (понеделник), и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2020 година (вторник).

Continue Reading

Економија

Бектеши: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки

Media Press

Published

on

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук.

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија.

Според Предлог-законот кој стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието, возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови:

  • сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;
  • да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

Целта на ова законско решение е можност на граѓаните, сопствениците или корисниците да можат да ги регистрираат возилата со странски регистарски таблици на територија на Република Северна Македонија.

Continue Reading

Економија

Предлог-Буџетот за 2021 предвидува спас на работните места и реализација на капиталните инвестиции

Media Press

Published

on

Предлог-Буџетот за 2021 година, е структуиран да одговори и на здравствените и на економските предизвици од коронакризата, но истовремено нуди можности за рестарт на македонската економија. Клучни сегменти во Предлог-Буџетот, кој од денеска е во собраниска процедура, се инвестициите во јавното здравство, спас на работните места и реализација на капиталните инвестиции.

За здравството, во Буџетот за 2021 се проектирани 40,8 милијарди денари, со што на дело ја потврдуваме заложбата за сериозни инвестиции во јавното здравство кое со месеци се бори против коронавирусот.

Поддршката за стопанството и работните места продолжува и во 2021 година. Преку неколку програми од Буџетот за 2021 година обезбедуваме поддршка во вкупна вредност од 7,1 милијарда денари или 115,5 милиони евра. Од овие средства 1,9 милијарди денари ќе се наменат за поддршка за формирање на нови компании, преку самовработување и вработување на други невработени лица, но и обуки за невработените.

Реализација на Буџетот е насочена кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, и затоа повикуваме тој да биде донесен од страна на сите пратеници, низ отворена и конструктивна дебата.

Continue Reading