Конче
Преку проект за локална и регионална конкурентност, подобрена е понудата за рурален туризам во Општина Конче

Published
6 месеци agoна
By
Media PressОпштина Конче продолжува со развојот на руралниот туризам се со цел поголема атрактивност и поголема посетеност од страна на туристите.
Со поддршка од Европската Унија и Владата преку проект за локална и регионална конкурентност, подобрена е понудата за активен рурален туризам во Општина Конче, создадени се подобри услови за викенд во природа и подобрена е пристапноста до езерото Мантово.
За привлечноста и атрактивноста на недопрената природа во Општина Конче, сведочат и туристите, велосипедисти, кои често го посетуваат овој крај.
Градоначалникот Благој Илиев, во промотивно видео зборува за убавините на Општина Конче, посебно за езерото Мантово, кое полека прераснува во атрактивна, рурална туристичка дестинација.
Поврзани содржини
Училиштето во с.Горни Липовиќ конечно ќе добие пристојни услови за настава. Општина Конче ќе реализира проект за реконструкција
Двајца жители од Конче фатени на скопскиот аеродром со лажни ПЦР тестови
Пензионарите од Радовиш и Конче може да се пријават за спортски натпреварувања и надомест на дел од трошоците за бањско лечење
Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци- Општина Конче, преку изградба на плочест пропуст
ТИКА ќе гради нова училишна зграда во Конче во склоп на ООУ “Гоце Делчев”
Општина Конче успешно се справи со првиот пообилен снег годинава
Конче
Училиштето во с.Горни Липовиќ конечно ќе добие пристојни услови за настава. Општина Конче ќе реализира проект за реконструкција

Published
2 недели agoна
април 12, 2021By
Media Press
Општина Конче ќе реализира проект за реконструкција на ПОУ Гоце Делчев-Конче во с.Горни Липовиќ со средства од Министерството за образование и наука. По објавената ранг листа на Министерството за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти на општински основни и средни училишта, училиштетото во Горни Липовиќ се наоѓа на 5 то место со 52 бода од одобрени 19 проекти.

„По најавата за изградба на нова училиша зграда во с.Конче, реконструкцијата со сопствени средства на училиштето во с.Дедино, ќе се реконструира и училиштето во с.Горни Липовиќ, кое е во многу лоша состојба“, вели градоначалникот Благој Илиев.
Тој додава дека со цел подобрување на условите за образование и дсотигнување на современите стандарди за децата, набавени се и 2 нови минибуси за превоз на учениците а завршена е и изградбата на спортката сала во дворот на училиштето во Конче .
„Една од најважите обврски кои беа во нашата програма беше подобрување на условите за образование на нашите деца“ додава градоначалникот Илиев.

Конче
Двајца жители од Конче фатени на скопскиот аеродром со лажни ПЦР тестови

Published
2 недели agoна
април 6, 2021By
Media Press
Двајца жители од Конче биле фатени на скопскиот аеродрм со лажни ПЦР-тестови во обид да ја напуштат државата. Тие се казнети со по 2.000 евра во денарска противредност.
Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, до Основниот кривичен суд Скопје денеска е поднесено Предлог за издавање казнен налог против двајца жители на радовишкото село Конче, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа.
На 29 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, тие употребиле како вистинска лажна исправа – сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. Медицинските сертификати за кои знаеле дека не се оригинални и не се издадени од наведената лабораторија ги презентирале при пасошката контрола, при обидот да ја напуштат државата.
Основното јавно обвинителство Скопје му предложи на Судот за двајцата обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Конче
Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци- Општина Конче, преку изградба на плочест пропуст

Published
1 месец agoна
март 17, 2021By
Media Press
Во соработка со Министерството за транспорт и врски и Светска Банка веќе е објавен тендерот за „Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци – Општина Конче“.
„Станува збор за изградба на плочест пропуст преку Дединска река и рехабилитација на патот од двете страни на пропустот со што ќе го решиме долгогодишниот проблем на ова место“, вели градоначалникот Благој Илиев.
Средствата за овој проект се обезбедени од „проект за поврзување на локални патишта“ на Владата на Република Македонија, Мин.транспорт и врски и Светска Банка, а проектната вредност на поектот е околу 2.2 милиони денари.


Паѓа бројот на новозаразени но на починати сеуште висок

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица

Лиле Стефанова од Радовиш е една од петте нови јавни обвинители во тимот Русковска

Одбележан Денот на планетата Земја во Радовиш, со акција за чистење и уредување на градскиот парк на ридот
