Connect with us

Македонија

Инспекторите добиваат нови поголеми надлежности, нема толеранција за прекршителите на здравствените протоколи

Media Press

Published

on

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски рече дека една е од клучните измени на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести кој го усови Собранието, е тоа што сите инспекторати сега добиваат нови, поголеми овластувања, за постапување со прекршителите на здравствените ковид протоколи.

„Задоволен сум што вчера пратениците во Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, кои во овие услови на пандемија од коровирусот се од исклучително значење. Една е од клучните измени на овој заекон е со што сите инспекторати сега добиваат нови, поголеми овластувања, за постапување со прекршителите на здравствените ковид протоколи.
Конкретно, доколку на терен инспекткорите констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент ќе му се изрече привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот на лице место ќе биде затворен.  Апелирам ова да се сфати крајно сериозно, нема простор за компромис кога е во прашање јавното здравје!

Дополнително, според новите измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. За микро, мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорен на правно лице, трговец поединец или физичко лице. Со ова сакаме да покажеме и правичност и праведност во однос на големината на субјектот и нивото на самата казна. Ако воопшто постоеше некој кој се двоумеше и имаше недоверба во однос на тоа дали овие промени се потребни пред речиси еден месец, кога за прв пат ги претставивме пред јавноста, верувам дека сега со изгласувањето на законските измени и дополнувања, мислењето е променето.
Бројките на заразени растат. Болничките капацитети се полнат, здравствениот систем е веќе оптеретен, а и инспекциските служби и сите оние кои се стванеи во функција на заштита на здравјето на граѓаните.Ситуацијата е крајно сериозна .
Не напуштаат луѓе кои до вчера биле здрави, веќе речиси и да нема некој кој не чул за сосед, роднина, пријател, познаник, кој е заразен од коронавирусот. Вирусот е тука, посилен од било кога.

Запрашајте се себеси, дали сме и ние како општество и поединци посилни од било кога во борбата против него? Едноставно е,  дистанца, маска, дезинфекција и миење раце. Од нас зависи! Од секој еден поединец“, рече Николовски.


Македонија

78 нови случаи на Ковид -19 во Југоистокот според последните податоци

Media Press

Published

on

Според последните податоци изминатите 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19, од нив 78 се од Југоисточниот регион во: Гевгелија 33-Струмица 29, -Радовиш 12 и во Валандово 4.

Во останатите градови најмногу во Скопје 479-Куманово 52-Дебар 20-Штип 45-Прилеп 84-Тетово 58-Струга 52-Велес 59-Битола 83-Охрид 49-Кавадарци 42-Гостивар 63-Крива Паланка 12 -Крушево 5-Кочани 33-Пробиштип 10-Демир Хисар 2-Македонски Брод 2-Пехчево 2-Берово 4-Виница 4-Делчево 22-Кратово 7-Свети Николе 13-Кичево 31-Ресен 13-Неготино 18.

Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 73г), еден од Охрид (87г), еден од Гостивар (71г), еден од Струмица (67г), еден од Крушево (71г) и еден пациент од Берово (86г).

Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти од:-Скопје 266-Куманово 49-Штип 30-Прилеп 51-Тетово 1-Струга 30-Велес 13-Битола 56-Охрид 29-Кавадарци 22-Гостивар 2-Гевгелија 3-Струмица 16-Крива Паланка 3-Радовиш 10-Крушево 1-Кочани 14-Пробиштип 3-Македонски Брод 3-Пехчево 4-Берово 6-Валандово 2-Виница 8-Делчево 6-Кратово 8-Свети Николе 11-Кичево 21-Ресен 3 -Неготино 8.

Досега во земјата се направени вкупно 341.261 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728.

Continue Reading

Македонија

Левица: Нема средства за младите специјализанти, а има за новогодишно украсување

Media Press

Published

on

Политичката партија Левица со реакција за активирањето на младите специјализанти,  во ковид центрите потенцирајќи дека тие се  идните лекари специјалисти во македонското здравство, а немаат задрваствено осигурување.

„Со месеци наназад слушаме и читаме колку многу е под контрола состојбата со пандемијата и дека надлежниот министер е загрижен за истата од дното на срцето, дури до небото. Во исто време ги слушаме и ги читаме апелите на потресени пациенти и нивните семејства кои укажуваат колку е очајна состојбата во македонските болници. 

Небаре од различни планети потекнуваат министерот и пациентите. Само околу една работа се согласуваат: во болниците очајно недостасува медицински персонал. 

Во таква ситуација логично е да се мобилизираат сите расположливи човечки ресурси. Логично е тие кои ја избрале благородната професија и дале заклетва да се јават на повикот. Младите специјализанти исто така. Но, никој не може и не смее да очекува од нив да втрчаат во ковид центрите како бомбаши самоубијци на минско поле. Овие млади луѓе и лекари не му се потребни на општеството само сега! Тие се идината на македонскиот здравствен систем. 

Затоа шокира начинот на кој истите се третирани. Со години наназад ЗЛС (Здружението на лекари специјализанти) апелира и укажува дека нивната состојба е апсурдна- лекуваат и се усовршуваат, а во исто време немаат здравствено осигурување. И сега, кога нивната работа би била особено драгоцена, Министерството за здравство повторно нема слух за нив. Слух нема, пари за здравствено осигурување – околу 25.000 евра месечно – нема, ама затоа има камшик. Специјализантите се жртви на мобинг, закани, уцени и притисоци да се вклучат со работата во ковид центрите, при што, во случај на болест самите ќе ги ги сносат трошоците за лекување. Додека го одбијат ова, надлежните им се закануваат дека ќе им биде прекината специјализацијата. 

Да потсетиме: трошокот за здравствено осигурувањее за околу 200 специјализанти изнесува 25.000 евра месечно, додека стотици илјади евра ќе бидат дадени за новогодишно украсување во услови на здравствена и економска криза!“ стои во реакцијата од политичката партија Левица.

Continue Reading

Македонија

Исплатени субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко во висина од 225 милиони денари

Media Press

Published

on

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска во Штип оддржаа состанок со сточарите.

На состанокот се разговараше за проблемите со кои се соочуваат дел од сточарите, за откупната цена на јагнето и за тоа како стоката да презими.

Директорот на АФПЗРР, ги информира сточарите, дека денеска на сметките на сточарите се легнати и парите за трета фаза произведено и предадено млеко, средства кои ќе им помогнат да ги набават храна за презимување на стоката.

Денеска на сметките на 7.183 лица исплативме 225 милиони денари за произведено и предадено млеко, трета фаза. Ова се средства кои се од исклучително значење за сточарите, затоа што ќе помогне да набават се што им е потребно за презимување на стоката. Во рок од неполн месец, исплативме вкупно 377 милиони денари за втора и трета фаза предадено млеко. Со ова практично, целосно ја затворивме исплатата за произведено и предадено млеко за 2019 година. Исто така од денеска е отворен е – системот за поднесување на барања за органско производство. Аплицирањето трае до 25- ти декември.“ – истакна Бабовски.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, истакна дека во изминатиот период министерството креираше сет на мерки кои помагаа во сточарството.

„Земјоделството е наша шанса за успех. Им порача на фармерите сите заедно да работат на производи со додадена вредност што позитивно ќе се одрази и врз фармерите и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ и економскиот раст на државава.“ – Посочува Трајан Димковски – заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Continue Reading