Connect with us

Струмица

Советот на општина Струмица на последната седница го усвои кварталниот извештај за извршување на Буџетот

Media Press

Published

на

Членовите на Советот на општина Струмица на одржаната 40-та седница го усвоија кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2020 година. Детален извештај пред советниците даде градоначалникот Коста Јаневски.

Вкупните приходи на буџетот на општина Струмица во деветте месеци од оваа година имаат реализација од 55 проценти. Вкупните приходи ги сочинуваат основниот буџет кој е реализиран со 44 проценти во однос на планираното, наменските дотации 75 проценти, самофинансирачките активности 26 посто од планираното, донациите имаат реализација од 28 проценти и во делот на кредити има реализација од 26 проценти.

Кај основниот буџет, реализираните расходи се поголеми од реализираните приходи за 7.001.426 денари за кој износ се искажува дефицит кој се покрива од пренесенотот салдо од минатата година на буџетската жиро сметка, дефицит се појавува и кај самофинансирачките активности од 1.582.607 денари којшто исто така се покрива од пренесеното салдо од минатата година.

Во однос на минатата година процентот на реализација на вкупните приходи е ист, 55 проценти, а ист е и процентот на реализација на основниот буџет.

На седницата беа усвоени и предлог – одлуките за пренесување на користењето и управувањето со фекалните канализациони системи во населените места Дабиле и Просениково и изработка на проект за атмосферска канализација во населеното место Муртино.

Зелено светло од советниците добија и извештајот за реализација на Програмата за одржување на улиците во град Струмица и населените места, како и локалните патишта во општина Струмица за 2019/2020 година во зимски услови и предлог – Програма за одржување на истите за 2020/2021 година, годишниот план за вработување на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2021 година и барањето за прием на помал број деца.

Беа усвоени и повеќе предлог-одлуки од областа на урбанизмот, предлог – одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Демир Капија и предлог-одлуката за доделување на парична помош на Петре Попов од Струмица.

Струмица

СВР Струмица продолжува со засилени акциски контроли, за неколку часа казнети 50 возачи кои направиле прекршок

Media Press

Published

на

Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (07.06.2021) во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведе засилени контроли во областа на сообракајот.

Притоа, биле констатирани 50 прекршоци, од кои 39 за управување возила со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Струмица

Пронајдена дрога, приведени двајца дилери од страна на струмичката полиција

Media Press

Published

на

Вчера во 14.40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода В.Љ.(37) и З.Ч.(34), двајцата од Штип. При преглед во возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Љ., а сопатник бил З.Ч., била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмица доби регионален пункт за вакцинација, започна масовна имунизација на населението

Media Press

Published

на

Од денеска започна имунизација на граѓаните од регионот во регионалниот ковид пункт во Струмица.Вакцинацијата ќе трае до 20 часот секој ден од понеделник до сабота, за лицата со закажани термини на www.vakcinacija.mk

Инаку, од денес можат да се вакцинираат и граѓаните над 40 години кои се имаат пријавено. Порака со термин се уште немаат добиено, министерот за здравство Венко Филипче ги упати да се јават кај матичниот лекар. Според него, термин сигурно има, но поради погрешен број или маил, СМС се уште не добиле.

„Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk. Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk“, вели Филипче во својата објава на Фејсбук.

Прочитај повеќе