Connect with us

Радовиш

Донација на техничка опрема за потребите на РТВ Кобра од Рудникот Бучим

Media Press

Published

on

Донација на техничка опрема за потребите на вработените во РТВ Кобра  од Рудникот Бучим.  Како општествено одговорна фирма Рудникот Бучим,  согледувајќи го значењето на телевизија Кобра како регионален медиум, во делот за јавното информирање на граѓаните во Југоисточниот регион, донира техничка опрема за потребите на вработените.

Денеска опремата беше доставена од страна на заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов и прес секретарот на компанијата Солвеј во чии состав работи Бучим, Кристина Крстева.

Од страна на РТВ Кобра беше изразена благодарност до менаџерскиот тим на Бучим, со надеж за идна соработка. Инаку телевизија Кобра и рудникот Бучим, зад себе имаат долгогодишна успешна соработка.

Во овие услови на пандемија со Ковид -19, Бучим донира техничка опрема за потребите и на општинските основи училишта и средното училиште во Радовиш во вредност од околу 490 000 денари.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Краткотраен прекин на водоснабдувањето во Ораовица поради дефект

Media Press

Published

on

Краткотраен прекин на водоснабдувањето во Ораовица поради дефект на кејската улица од левата страна на реката, најави ЈП Плаваја од Радовиш.

Отаму потврдуваат дека поради големината на дефектот кој бил пријавен вчера, а се санира денеска, сепак ќе мора да има прекин во водоснабдувањето за што бараат разбирање од граѓаните.

“Поради состојбата со пандемијата од Корона вирусот и зголемената потреба од чиста вода за пиење и хигиена и имајќи го во предвид фактот дека ако се запре линијата на која има дефект ќе нема водоснабдување повеќе од 12 часови донесен е заклучок дефектот да се санира утре Петок 27 ноември во утринските часови и тогаш ќе има краткотраен прекин на водоснабдувањето“ велат од ЈП Плаваја.

Инаку како што објаснуваат од Плаваја, дефектот  на кејската улица од левата страна на реката во Ораовица, бил пријавен вчера четврток.

„По излез на лице место приоритет беше даден на други поголеми дефекти кои беа појавени, а овој дефект беше планирано да се санира утре.

Во текот на попладневните часови по завршување на работното време дефектот во Ораовица се зголеми, екипа на ЈП„Плаваја“ излезе на лице место, извршена е инспекција на обемот на дефектот и на состојбата со водоснабдувањето во Ораовица при што е констатирано дека на сите локации има вода“, стои во известувањето од ЈП Плаваја, Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Тепачка помеѓу 4 лица во Шаин маале во Радовиш

Media Press

Published

on

Во текот на вчерашниот ден во Шаин маале во Радовиш, четири лица учествувале во физичка пресметка, за која било пријавено во Полициската станица во Радовиш.

Имено вчера во 14.00 часот во Полициска станица Радовиш, било пријавено дека на ул.„Шаин маале“ во Радовиш, дошло до физичка пресметка помеѓу лицата У.Р.(31) и Џ.Р.(48), од една страна, и Б.М. (59) и С.И. (26), од друга страна, сите од Радовиш.

По целосно расчистување на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Полициска станица Радовиш, СВР Струмица.

Continue Reading

Радовиш

Црвен крст од Радовиш ја одбележа Неделата на грижа за старите лица

Media Press

Published

on

Со цел да се потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица, Општинската организација на Црвен крст од Радовиш, од 16 до 22 ноември 2020 година ја одбележува Недела на грижа на старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца“.

За таа цел волонтерите при ООЦрвен крст- Радовиш, поделија информативни флаери за заштита од Ковид 19 и заштитни маски, со цел навремено да се превенира од заразување со Ковид 19 и сезонските настинки, имајќи предвид дека токму старите лица се најризичната категорија на граѓани.

Continue Reading