Македонија
РСБСП: Потребни се засилени контроли за поголема безбедност во сообраќајот
Published
3 години agoна
By
Media PressЗасилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција во изминатите неколку месеци покажуваат дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот се уште не се на потребното ниво. Управување на моторно возило под дејство на алкохол, управување на моторно возило без соодветна возачка дозвола, непочитување на правилата за ограничување на брзината, не правилно престигнување, управување на нерегистрирани и технички неисправни возила и голем број на други прекршоци во сообраќајот со кои директно се загрозува животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот се дел од прекршоците кои полициските службеници ги регистрираат секојдневно.
Во делот на превенцијата, РСБСП потенцира дека културата и навиките во сообраќајот се учат од најмали нозе и токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата посебно внимание во својата работа посветува на најмалите.
Што се однесува до возрасните, важно е да се каже дека процесот на промена на навиките и културата во сообраќајот е бавен и тежок процес и за таа цел РСБСП реализира континуирани и силни кампањи, а ефектите од кампањите може да се почувствуваат единствено на подолг рок.
„РСБСП го поддржува процесот на засилени сообраќајни контроли и истиот треба да биде континуиран и силен. Најважно е граѓаните да знаат дека репресивните мерки се спроведуваат со цел заштита на нивниот живот и нивното здравје и истите имаат за цел да ги одвратат сторителите на сообраќајните прекршоци од повторување на сообраќајниот прекршок.“ – стои во соопштението на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Македонија
Од денеска започна Велигденскиот пост
Published
24 часа agoна
март 18, 2024By
Media PressДенот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.
Велигденскиот пост опфаќа 7 недели. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Уште се нарекува и Четириесетница затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица.
Постот е време на соединување со Бога – Причестување, Заедничарење, Благодарење – Евхаристија.
Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Масло и вино се допушта и на празниците.
Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра.
Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење. А постот значи воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност. Во постот ние му даваме предност и поткрепа на духовното пред телесното. Тоа е време за повеќе молитва и за повеќе добри дела. Време за откажување од гревот и за покајание.
Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.
Телесниот пост значи во сите дни воздржување од месо, млеко, јајца и производи со нив, односно од сè што содржи месо, млеко и јајца, а во одредените денови, воздржување и од масло и од вино. Храната доминантно е од растително потекло.
Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло, сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл.
Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од православен свештенослужител. Од постот не се ослободува, туку тој се олеснува. Никако не се допушта месо.
Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана сè повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната со животинско потекло.
Постот е потреба и за телесното и за духовното здравје. И најважно, постот не е само воздржување и одрекување од храна, туку е важен и духовниот пост – одрекувањето и воздржувањето од секое зло и грев.
Македонија
Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, кој би требало да донесе поевтинување на цените
Published
6 дена agoна
март 13, 2024By
Media PressСобранието денеска го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики предложен од Министерството за економија кој би требало да донесе поевтинување на цените во маркетите, преку регулирање на синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи.
Намалените цени треба да следуваат преку уредување на односите помеѓу производителите, дистрибутерите и трговците.
Новиот закон за забрана на нефер трговски практики предвидува намалување на рабатот до максимум десет проценти на годишно ниво. Тоа треба да ги снижи цените на земјоделските и прехранбените производи, но и ќе влијае врз подобрување на нивниот квалитет.
Во законот се содржани околу 26 нефер трговски практики за спречување на манипулациите, а за прилагодување на компаниите кон понудените решенија е одреден рок од шест месеци.
Со донесување на Предлог на законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот снабдување со земјоделство и храна во различни фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.
Дополнително, законското решение обезбедува поефикасни контроли и надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата која добива дополнителна надлежност. Комисијата има за задача во првите шест месеци од стапувањето на сила на законот да ги усогласи сите нејзини акти со одредбите на овој предлог и да обезбеди ресурси на технички и технолошки квалификуван кадар за правилна и непречена контрола на одредбите кои се наведени во предлог законот.
Во Законот исто така е наведено процентуално колку може да биде максималниот рабат кој може маркетите да го бараат од производителите и добавувачите кои сега надминуваат над 30%-40% од цената.
Со ова решение е предвидена листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10% и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе ланците на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените.
За непочитување на законските одредби засега во предлог решението се предвидени глоби до 20 000 евра
Македонија
Најмногу дожд наврна во Радовиш а најсилен ветер во Виница
Published
1 недела agoна
март 12, 2024By
Media PressНајмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Радовиш 37 литри на метар квадратен, 31 литар Лазарополе, 26 во Берово, 24 во Крушево, а 22 литри во Скопје.
Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, кои наместа беа пообилни и проследени со грмежи. Дуваше слаб до умерен, а наместа во источните делови засилен повремено силен ветер од јужен правец, кој во Виница достигнуваше брзина до 75 km/h. Изутринава е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, во источните делови во планинските региони проследени со грмежи. Дува слаб ветер претежно од јужен правец.
УХМР за денеска прогнзира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.