Connect with us

Струмица

Втор слој асфалт на дел од улиците во Струмица со што се подобрува инфраструктурата во градот

Media Press

Published

на

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел од улиците во градот, согласно планираната динамика за оваа тековна година. Претходно беа озвршени сите потребни  подготовки.

Втор слој асфалт е ставен на улицата „Максим Горки“ на површина од 1.800 метри квадратни, а во текот на утрешниот ден ќе се асфалтира на улицата „Атанас Караман“.

Општина Струмица им благодари на граѓаните за разбирањето и почитувањето на привремениот режим на сообраќај на улиците каде што деновиве се одвиваат градежните активности.

Исто така Општина Струмица ја подобрува инфраструктурата во близина на туристичките локалитети и културно – историските знаменитости.

Уредувањето на околината во близина на манастирот „Св.Леонтиј“ во Водоча коешто започна во месец мај годинава, се врши според планираната динамика.

Проектот којшто во целост е финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014 – 2020 година опфаќа изградба на парк во близина на манастирот, уредување на влезот на населеното место Водоча и изградба на патека до помошните објекти на манастирот.

Струмица

Украла чанта со пари и ги закопала во својот двор, полицијата ги вратила на сопственикот

Media Press

Published

на

Жена од струмичко отишла на гости и украла чанта со пари, по што ги закопала во својот двор.

„Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од с.Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Имено на 29 март пријавената отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути. На 07 април полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот, информира МВР.

Прочитај повеќе

Струмица

Притвор за момче од Струмица кое силувало девојка и за уште две лица кои му помогнале во намерата

Media Press

Published

на

На 09 април во петокот Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против И.Д. (18) од Струмица, со престојувалиште во село Банско, струмичко, М.Д. (21) и А.Д. (25) и двајцата од село Банско, поради тоа што на 08.04.2021 околу 17:40 часот на ул.„Невена Стојкова“ И.Д. извршил обљуба врз 18-годишна девојка од струмичко село,, а М.Д., А.Д. и уште две лица му помогнале во намерата.Лицата набрзо биле лишени од слобода и по обезбедените докази на 09.04.2021 година биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, кој на тројцата им определил мерка притвор.

Прочитај повеќе

Струмица

Кривична пријава против три лица од Банско, струмичко кои организирале свадбена веселба

Media Press

Published

на

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

 На 28 февруари пријавените во с.Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби.

Прочитај повеќе