Connect with us

Струмица

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Струмица им го менува животот на зависниците

Media Press

Published

on

 Проектот „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион во партнерство со  Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанци – ИЗБОР од Струмица, поддржан од  Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа е навистина еден уникатен пример како да им се помогне на оние кои се зависници од психоактивни супстанци, од алкохол, дрога, и тоа на начин на кој тие ќе бидат ресоцијализирани, не само лекувани.

Токму преку проектот ќе се овозможи унапредување на постоечките услуги во југоисточниот регион за подобро вклучување на маргинализираните лица на пазарот на труд. Во износ од над 6 милиони денари набавена опрема потребна за работно оспособување за пекарство, пакување на производи, градинарство и цвеќарство со цел збогатување на програмата за реинтеграција за стекнување на вештини на професионално оспособување за маргинализирани лица.

– Овој проект во соработка со Министерството за локална самоуправа е навистина еден оригинален пример како да им се помогне на оние кои се зависници, на начин на кој тие ќе бидат ресоцијализирани, не само лекувани. Токму тука не само што се рехабилитираат зависниците од психоактивни супстанци туку и работат, се социјализираат, и на тој начин стануваат активни на пазарот на трудот. Овој пример ние треба да се преслика во други региони во државава каде што исто така постои проблемот на зависности, рече Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа.

Според Коста Јаневски, градоначалникот на општина Струмица ова е уште една успешна приказна во рамките на општина Струмица, која со голем дел е потпомогната од Швајцарската Амбасада.

– Овој проект е успешна приказна за општината, така што се повеќе е препознаен во нашата држава и по чии тек и други региони заинтересирани се обидуваат да создадат една таква комуна која што преку работна ангажираност се прави реинтеграција на луѓето кои што се во одреден ризик од одредени зависности, да се вратат во општеството, појасни тој.

За Сократ Манчев, претседателот на здружението ИЗБОР овој проект финансиран од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка нуди можност за професионална рехабилитација заради реинтеграција на лица со попреченост, и други маргинализирани групи.

– Самиот проект предвидува голем склоп на активности, економски активности преку кои ќе се обидеме не само да ги вработиме тие луѓе, да им најдеме работа, туку и да направиме една само-одржливост на нашата организација, појаснува Манчев.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски со отчет за сработеното во овој период

Media Press

Published

on

По повод завршувањето на третата година од мандатот, градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција информираше за сработеното во овој период, за реализирани проекти во областа на инфраструктурата, за реализираните капитални проекти и проекти кои се во тек, за вложувањата во образованието и социјалната заштита, како и за заложбата во борбата против корона вирусот и како Ковид- 19 се одрази врз целокупното работење и општествено живеење.

Continue Reading

Струмица

Приведен струмичанец кој избегал од затвор

Media Press

Published

on

Полициски службеници од Полициска станица Струмица ноќеска во 00.10 часот на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, го лишиле од слобода И.У. (32) од Струмица, за кого била распишана потерница поради бегство од затвор.

Во 03.30 часот лицето е предадено во Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна, на која бил осуден поради повеќе сторени кривични дела, соопшти СВР Струмица.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                            

Continue Reading

Регион

Уапсен 22 годишен дилер на дрога од Струмичко

Media Press

Published

on

СВР Струмица преку соопштение известува дека е приведен 22 годишен дилер на дрога од Ново Село, Струмичко.

Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Струмица, по претходно добиени оперативни сознанија, денес извршија претрес во домот на Д.М. (22) во Ново Село и во дом на неговата баба М. М. во Ново Село, при што и на двете локации е пронајдена наркотична дрога марихуана  во количина од околу 1,5 килограми.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до јавното обвинителство.

Continue Reading