Македонија

МОН објави јавен повик за студенти за обезбедување туторство на ученици од основно образование

Министерството за образование и наука објави јавен повик за студенти за учество во реализација на програма за обезбедување туторство на ученици од основното образование.

Во самата програма е предвидено да се обезбеди бесплатни дополнителни часови за учениците по предметите кои се дел од наставниот план за основно образование, се со цел да им се обезбеди дополнителна поддршка во совладувањето на наставната материја.

Повикот за учество во програмата е наменет за редовни студенти кои имаат желба доброволно да подучуваат ученици по изготвена програма на одговорен наставник за соодветна паралелка од основно училиште.

Програмата за обезбедување туторство на ученици во која се наведени сите услови и критериуми за учество може да се погледне на следниот линк.

Аплицирањето се врши преку порталот www.konkursi.mon.gov.mk, каде воедно е објавено и упатство за пријавување, како и пријавата за учество во програмата. 

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago