Министерот за здравство Венко Филипче следејќи ја моменталната состојба со корона вирусот во земјата, очекува по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени.
„Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран.
Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита“ напиша Филипче на својот ФБ профил.
Инаку за три дена во Македонија се регистрирани
околу 1500 нови случаи на Ковид 19 и околу 30 починати лица, со што според Филипче
состојбата станува алармантна а болничките капацитети се преполнуваат.
Досега
во земјата се направени вкупно 235.038 тестирања на Ковид -19.
Вкупната
бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата
изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во
моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408.