Connect with us

Европа

Словенија воведува забрана за движење помеѓу општините

Media Press

Published

on

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша на твитер напиша дека во вторник ќе се воведе забрана за движење меѓу општините, што ќе важи за целата територија.

Оваа забрана за движење на населението, најпрво ќе важи седум дена и постепено ќе се оттргнува во регионите коишто најдобро ќе се справуваат со епидемијата.

Исклучок ќе бидат вработените кои патуваат во друга општина за работа, земјоделците, патувањата до болниците и аптеките и грижата за блиски роднини или изнемоштени лица.

Причина за оваа забрана за движење излегува од тоа што викендов во Словенија се потврдени 3645 нови позитивни случаи на Ковид-19, починати се 26 пациенти.

Европа

Вооружени напади на шест локации во Виена

Media Press

Published

on

Три лица се убиени и околу 15 се повредени вклучувајќи и еден полициски службеник во вооружени напади во центарот на Виена. Овие напади според полицијата во Виена имаат исламистички мотиви.

Вчера вечер во околу 20:00 часот се извршени напади на шест локации во центарот на Виена, целиот напад започнал пред влезот на главната синагога. Во видеата кои кружат по социјалните мрежи се гледа како мажи пукаат во гости во барови со автоматски пушки и пиштоли.

Полицијата во Виена сеуште истражува колку напаѓачи учествувале во овие вооружени напади без да потврди информации дека е уапсено едно лице. Вооружени биле со автоматски пушки како и повеќе пиштоли. Еден од нив носел елек со експлозив кое подоцна е потврдено дека е само мамка.

Според истражувањата на Австрискиот новинар Флориан Кленк, се работи за момче на 20 годишна возраст со Албански корени. Неговите родители според Кленк потекнуваат од Македонија.

Continue Reading

Европа

Задолжителен ПЦР тест не постар од 48 часа за влез во Србија

Media Press

Published

on

Кризниот штаб на Србија донесе одлука да овозможи влез на Македонските граѓани кои патуваат во Србија со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа.

Заедно со Македонија, оваа одлука важи и за Хрватска, Бугарија и Романија. Одлучено е и да престанат сите рекстрикции кои се однесуваа на граѓаните од Црна Гора – изјавила Српскиот епидемиолог Дарија Кисиќ.

Негативен ПЦР тест не е потребен на српските државјани кои доаѓаат од наведените држави.

Денес исто така и Црна Гора ги отвара границите за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија

Continue Reading

Европа

Црна Гора ги отвара границите за Македонските граѓани

Media Press

Published

on

Од утре се отвараат границите за Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија. Ова го изјавил директорот на инсистутот за јавно здравје на Црна Гора, д-р. Бобан Муѓоша во утринска емисија „Боите на утрото“.

За влез во државата најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР тест.

Дополнително тој додал дека се влезени во фаза во која е контролирана, но сеуште е висока локалната трансмисија на вирусот. На барање на туристичката индустрија се отвараат и границите.

Директорот на ИЈЗ истакнал дека очекуваат до крајот на следната недела да имаат конкретни препораки и протоколи за отварање на училиштата.

Continue Reading