Connect with us

Македонија

404 нови случаи на Ковид- 19, 14 починати лица

Media Press

Published

на

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 од кои најголем број во Скопје- 172. Во Југоистокот најмногу во Струмица-29, Гевгелија-9, Радовиш денеска не е на листата со нови случаи.

Нови случаи во останатите градови има во: Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, Крива Паланка-2, Кочани-18, Пробиштип-3, Берово-6, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-2, Неготино-9.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти од: Скопје-107, Куманово-4, Штип-9, Прилеп-10, Тетово-11, Струга-4, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-1, Гевгелија-5, Струмица-4, Радовиш-6, Кочани-6, Пробиштип-1, Македоснки Брод-1, Пехчево-2, Валандово-3, Свети Николе-1, Кичево-3.

Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067. 

Досега во земјата се направени вкупно 233.137 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, 2 мајки суспектни на ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија

Комисијата за заразни болести препорачува укинување на полицискиот час од среда, 16 јуни

Media Press

Published

на

Главниот координативен кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница.

Комисијата предлага од среда да се укине целосно полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1.000 лица.

Од Министерството за здравство велат дека епидемиолошката состојба со Ковид-19  е стабилна и дозоволува олабавување на мерките.

Прочитај повеќе

Македонија

Од денеска од 12 часот почнува запишувањето во средните училишта

Media Press

Published

на

Запишувањето во прва година средно образование во учебната 2021/2022 година почнува денеска од 12 часот и ќе трае во наредните три дена.

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во јавните средни училишта слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта.

Во СОУ Коста Сусинов во Радови предвидено да се запишат 300 ученици кои ќе бидат распределени во 9 паралелки.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши согласно распореди подготвени од училиштата. Во јунскиот уписен рок има три пријавувања и запишувања – првото е на 14 јуни од 12 до 19 часот, на 15 и 16 јуни училиштата ќе примаат пријави од 7 до 19 часот и на 17 јуни – од 7 до 15 часот.

Прочитај повеќе

Македонија

Завршува учебната година, денеска е последниот училишен ден

Media Press

Published

на

Завршува учебната година. За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/2021 година.

Во двете полугодија образовниот процес беше организиран по комбиниран модел – мнозинството ученици следеа настава на далечина, а на часови со физичко присуство беа најмалите до трето одделение и од повисоки одделенија во помали училишта – подрачни и во рурални средини.

МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата во новата учебна година, што ќе зависи од состојбата со коронавирусот во земјава. Министерката Мила Царовска вчера изјави дека е во постојана комуникација со премиерот и министерот за здравство во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата.

За учениците кои завршуваат основно образование, од понеделник (14 јуни) претстои пријавување за упис во средните училишта.

Вкупно според конкурсот во СОУ Коста Сусинов во Радовиш  ќе можат да се запишат околу 300 ученици во прва година, кои ќе бидат распоредени во девет паралелки.

Средното училиште  во Радовиш годинава нуди три нови  струки од кои едната е дуална паралелка во која учениците своето теоретски знаење,  ќе можат да го надополнат со посетување на пракса во компанија во случајот во Радовиш во рудниците Боров Дол и Бучим. Учениците од оваа паралелка ќе добиваат и месечна стипендија од министерството за образование од 3.500 денари месечно.

Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија или естетика. Првиот, задолжителен испит по мајчин јазик (македонски/албански/турски јазик и литература) го полагаа во саботата.

Прочитај повеќе