Connect with us

Македонија

РКЕ со предлог измени во законот за енергетика за поголеми ингеренции

Media Press

Published

on

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија подготвува предлог измени во Законот за енергетика со кои ќе побара поголеми ингеренции и прецизирање на надлежност во однос на изрекување на повисоки казни кон операторите на дистрибутивните системи доколку поради нивна неажурност и лоша организација ги оставиле потрошувачите без греење во време на грејна сезона.

Иницијативата за зајакнување на ингеренциите преку измени во Законот за енергетика следува откако на почетокот на грејната сезона РКЕ одржа состанок со БЕГ и сите останати компании кои го снабдуваат Скоје со топлинска енергија на кој од страна на компаниите беше информирани дека ќе нема проблем за почеток на грејната сезона.

Од таму потенцираат дека ингеренциите мора да се зголемат за да се пишуваат посериозни казни кои ќе бидат врзани со процент од вкупен приход што го остваруваат енергетските компании. Со зголемување на казните ќе се делува превентивно и операторите на дистрибутивните мрежи ќе се дисциплинираат и сериозно ќе се сфати нивната улога. Овие казни се мали и незначајни за енергетските компании, а при нивно зголемување ќе се заштитат потрошувачите.

Македонија

Мерката ваучери за домашен туризам ќе продолжи и следната година

Media Press

Published

on

Мерката ваучери за домашен туризам ќе продолжи и следната година за што веќе се обзбедени средства во предлог-буџетот на Министерството за економија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши при гостувањето на Националната телевизија.

Министерот спомна дека досега се искористени 46.000 ваучери за домашен туризам, а податоците од Државниот завод за статистика за раст на бројот на домашни туристи во август и септември покажуваат дека мерката ги дала очекуваните резултати.

„Согласно Уредбта која што ја донесе Владата рокот за искористување на ваучерите за туризам кои ги доделивме во јули истекува на 15 декември, бидејки овие средства беа предвидени во Буџетот за 2020 година и средствата мора да бидат исплатени до 25 декември. Но, во предлог – буџетот за 2021 година предвидовме средства за да продолжи мерката за ваучери за поддршка на домашниот туризам, по барање на туристичкиот сектор. Мерката ќе се продолжи, но можеби тоа нема да биде во јануари, тоа би можело да биде веќе во вториот квартал, односно во април. Но, во Буџетот на Министерството за економија се предвидени средства за оваа мерка и за следната година“ рече министерот Бектеши.

Министерот потенираше дека секторот туризам и угстителство беше најпогоден од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата, затоа и најголем дел од мерките во сите четири сета кои што ги донесе Владата за поддршка на економијата беа креирани за поддршка токму на овој сектор.

“Ваучерите во вредност од 6.000 денари беа неменети за граѓани со ниски приходи за поддршка на домашниот туризам, а истовремено имаше и платежни картички во вредност од 3.000 денари кои што можеше да се користат во домашните угостителски и хотелски капацитети. Досега се искористени над 46.000 ваучери, а граѓаните имаат уште еден месец да ги искористат и ги повикувам да ги искористат што помасовно се со цел на тој начин да го поддржат секторот“, потенцираше Бектеши.

Министерот додаде дека хотелиерите и угостителите на располагање ја имаа и мерката за финансиска поддршка за исплата на плати, каде што според податоците од Управата за јавни приходи најголем дел од компаниите кои што ја искористија оваа мерка се од туристичко-угостителскиот сектор и од транспортот, како и бескаматни кредити, што според податоците на Развојната банка, најголем дел на компании токму од овој сектор беа од оние кои добија бескаматни кредити.

„Целта на мерките е зголемување на ликвидноста на компаниите во државата за полесно да ја пребродат кризата, но и зачувување на работните места“ додаде Бектеши.

Continue Reading

Економија

Продолжен рокот за аплицирање за грантови за туристичките агенции, ресторани за свадба, игротеки и ноќни клубови

Media Press

Published

on

Министерството за економија донесе одлука за една недела да го продолжи рокот за аплицирање за јавните повици за грантови за туристичките агенции, игротеките, рестораните за свадби, ноќните клубови, туристичките водичи како и за поврат на туристичка такса, кои се дел од Четвртиот сет мерки на Владата за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор.

Министерот за економија Крешник Бектеши во дебатната емисија „И што сега“ на Националната телевизија кажа дека оваа одлука е донесена со цел да се излезе во пресрет на туристичкиот сектор и овие средства да бидат целосно искористени.

„Бидејќи во текот на минатата недела откако беа објавени јавните повици за мерките за грантови утврдивме дека доцнат уверенија од Управата за јавни приходи, денеска донесовме одлука рокот за аплицирање да го продолжиме за една недела за да може да аплицираат сите кои што ги исполнуваат условите. Целта на овие мерки е да бидат искористени од оние за кои се наменети. Затоа испланиравме толку средства, знаеме колку лиценци има за рестрани за свадба, колку пари се исплатени за туристичка такса и колку трустички водичи има, врз  тие податоци ние ги програмиравме средствата за овие мерки и има доволно пари за сите“ кажа министерот Бектеши.

На почетокот на минатата недела, како што кажа Бектеши, Министерството за економија објави пет јавни повици за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти, грантови за туристички агенции, грантови за категоризирани ресторани за свадби, грантови за игротеки, грантови за лиценцирани туристички водичи за што се предвидени средства во износ од 7,5 милиони евра, а аплицирањето е електронски преку платформата „Дома си е дома“.

Министерот додаде дека со следната година во предлог-буџетот на Министерството за економија се предвидени 250.000 евра за дигитална промоција на туристичката понуда на земјата со цел повтрно да се привлечат странските туристи и да ја посетат Македонија после пандемијата, се наведува во соопштението.

Continue Reading

Македонија

Министерот Спасовски од денеска се врати на работа

Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако се излекува од коронавирусот, од денеска се врати на работното место. Тој на својот ФБ профил се заблагодари до сите вработени на Инфективната клиника, но и апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките.

„Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето. Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал – искрена благодарност за нивниот влог. Но, ова е заедничка битка – чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме“, напиша Спасовски.

Спасовски додава дека за денеска закажал Управувачки комитет во 14 часот за да го разгледаат Акцискиот План којшто го подготви Главниот штаб, а во којшто ќе бидат наведени сите активности коишто ќе бидат преземени.

Continue Reading