Connect with us

Регион

Продолжуваат акциите на МВР, уапсени четири лица во Гевгелија заради марихуана

Media Press

Published

on

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Гевгелија вчера се пронајдени околу четири килограми марихуана, 20 стебла канабис, метамфетамин, лабараторија за производство на масло од канабис и се приведени четири лица од Гевгелија.

„Околу 16 часот на место викано железнички мост е пронајдена марихуана кај М.Л. (41) и Е.П. (32), кои биле со возило „пежо“. Лицата се приведени , а потоа е извршен претрес на имот на периферијата на Гевгелија, кај Е.С. (44) и Љ.П. (46), од кои М.Л. и Е. П. ја купиле марихуаната.

При претресот се пронајдени 20 стебла канабис, поголем број на цветни завршетоци од марихуана, остатоци од стебла канабис…“ – стои во соопштението од МВР

Пронајдено е околу четири килограми марихуана, метамфетамин, како и масло канабис, како и лабараторија за производство на масло од канабис. Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Регион

ГП Евзони ќе биде затворен 24 часа поради штрајк на грчките царински службеници

Media Press

Published

on

Граничниот премин Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај поради штрајк царинските служби во соседна Грција во времетраење од 05:00 часот на 24.11.2020 до 05:00 часот на 25.11.2020 година, информираат од МВР.

„Денеска (23.11.2020) раководителот на смена на ПС за ГП и ГН Богородица е информиран од раководител на смена на ГП Евзони дека поради 24 часовен штрајк на грчките царински служби, ГП Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 05,00 часот на 24.11.2020 до 05,00 часот на 25.11.2020 година.“ – стои во соопштението од Министерството за Внатрешни Работи

Continue Reading

Македонија

59 нови случаи на Ковид – 19 во Југоисточниот регион според синоќашниот извештај, најголем број во Струмица

Media Press

Published

on

Според извештајот кој излезе доцна синоќа во последните 24 часа се направени 3109 тестирања, а регистрирани се 1182 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 544-Куманово 48-Штип 31-Прилеп 50-Тетово 75-Струга 27-Велес 41-Битола 28-Охрид 38-Кавадарци 30-Гостивар 66-Гевгелија 17-Струмица 22-Крива Паланка 8-Радовиш 8-Крушево 7-Кочани 13-Пробиштип 9-Демир Хисар 3-Македонски Брод 6-Берово 4-Валандово 12-Виница 8-Делчево 4-Свети Николе 6-Кичево 55-Ресен 4-Неготино 18.

Починати се 25 лица, шест пациенти од Скопје (84, 77, 78, 83, 60 и 59г), четири од Куманово (70, 61, 66 и 77г), еден од Штип (72г), тројца пациенти од Прилеп (45, 75 и 71г), тројца од Тетово (58, 76 и 59г), двајца од Велес (71 и 88г), еден од Битола (54г), еден од Кавадарци (66г), двајца пациенти од Гостивар (67 и 67г), еден од Струмица (71г) и еден пациент од Крушево (86г).

Вчера Институтот за јавно здравје регистрира 707 оздравени пациенти од:-Скопје 375-Куманово 33-Штип 22-Прилеп 46-Тетово 53-Велес 29-Битола 3-Охрид 2-Кавадарци 17-Гостивар 21-Гевгелија 18-Струмица 15-Крива Паланка 1-Радовиш 3-Крушево 2-Кочани 20-Пробиштип 3-Демир Хисар 3-Пехчево 4-Берово 3-Валандово 2-Делчево 3-Кратово 3-Свети Николе 9-Неготино 17.

Досега во земјата се направени вкупно 309.590 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53631, бројката на оздравени пациенти е 31659, на починати е 1487, а бројот на активни случаи изнесува 20485.

Continue Reading

Регион

Уапсен 22 годишен дилер на дрога од Струмичко

Media Press

Published

on

СВР Струмица преку соопштение известува дека е приведен 22 годишен дилер на дрога од Ново Село, Струмичко.

Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Струмица, по претходно добиени оперативни сознанија, денес извршија претрес во домот на Д.М. (22) во Ново Село и во дом на неговата баба М. М. во Ново Село, при што и на двете локации е пронајдена наркотична дрога марихуана  во количина од околу 1,5 килограми.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до јавното обвинителство.

Continue Reading