Радовиш
Започнува изградбата на три нови улици во Јаргулица

Published
6 месеци agoна
By
Media Press
Општина Радовиш продолжува да вложува во развојот на инфраструктурата и подобрување на условите на граѓаните и во време на пандемија.
Започнува изградбата на три улици со фекална канализација со вкупна должина од 620 метри во село Јаргулица.
„Воедно, екипите на ЈП Плавај ќе ја променат и трасата на водоводната инсталација во должина од 2 километри“, информира градоначалникот Герасим Конзулов кој денеска беше на терен.
Деновиве започнаа градежните работи за изградба и на улица бр.8 во Урбан блок 9.3 во Радовиш. Улицата ќе биде изградена по сите стандарди и ќе има тротари, фекална и атмосферска канализација.
Пред неколку недели започна изградбата и на улица број 2 во истиот урбан блок. Како што сознаваме од градоначалникот Герасим Конзулов во овој период во фаза на изградба се уште неколку улици во наслените места.
Поврзани содржини
Асфалтирана новата улица број 2, во Урбан блок 9 во Радовиш, со што завршува градежната програма за оваа година
Асфалтирана Улица бр.8 во Урбан блок 9 во Радовиш
Гевгелија планира изградба на улица од мостот на Сува река до македонско-грчката граница
Во тек се градежни активности во село Тополница, се градат улици, се подобруват условите
Градежните активности во Општина Радовиш продолжуваат
Јосифово добива комплетно нова улица со тротоарски површини
Радовиш
Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица

Published
14 часа agoна
април 22, 2021By
Media Press
Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плчаковица со што целосно завршува реконструкцијата на овој патен правец. Градоначалникот Герасим Конзулов заедно со раководителот на одделението за урбанизам Кирчо Сусинов, денеска изврши увид во работните активности.

Конзулов апелира до граѓаните да се воздржат од патување кон планината Плачковица овие денови бидејќи нема да е прооден за секаков вид на возила во време од 09.00 до 17.00 часот секој работен ден освен недела, се до завршувањето на асфалтирањето.

Пред две години беа реконструирани 3 колометри на делот од Шумска куќичка кон градот Радовиш, а минатата година уште 7 колометри. Со оваа последна фаза од околу 8 километри целосно ќе биде завршена реконструкцијата на овој патен правец кој води кон атрактивната и примамлива за планинарите и туристите, планина Плчаковица.
Според Градоначалникот Конзулов со ова целосно ќе биде обновен регионалниот пат кон Плачковица после 42 години.
Радовиш
Лиле Стефанова од Радовиш е една од петте нови јавни обвинители во тимот Русковска

Published
16 часа agoна
април 22, 2021By
Media Press
Лиле Стефанова е една од петте кандидати кои Советот на јавни обвинители со гласање ги избра, да преминат од основните јавни обвинителства каде работеле, во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска. Останатите четворица се Наташа Поп-Трајкова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Катерина Коларевиќ
Според биографиите кои пред гласањето ги читаше претседателот на Советот на јавни обвинители, кандидатите имаат од 8 до 16 години искуство како јавни обвинители. Најголем стаж има Лиле Стефанова која веќе беше јавен обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, до пред да премине во Специјалното јавно обвинителство.
„Лиле Стефанова работела како основен јавен обвинител во основното јавно обвинителство во Радовиш во периодот од 2004 до 2010 година. Од 2010 година до 2015 година била јавен обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а потоа во СЈО. Има стаж како јавен обвинител од 16 години и добиено оценка од 25 поени. “, рече претседателот на Советот на јавните обвинители, Ацо Колевски кој читаше дел од биографиите на обвинителите.
На огласот, распишан пред 6 месеци, се пријавиле 14 кандидати.
Радовиш
Одбележан Денот на планетата Земја во Радовиш, со акција за чистење и уредување на градскиот парк на ридот

Published
16 часа agoна
април 22, 2021By
Media Press
Денеска се одбележува Денот на планетата Земја, празник на единствениот дом на сите живи суштества. По тој повод во Радовиш екипата на ЈП Плаваја заедно со доброволците од Црвениот крст спроведоа акција за уредување на градскиот парк на ридот.

По тој повод градоначалникот Герасим Конзулов Заедно со младите активисти на Црвениот крст засади дрвце како симбол на обновата и заштитата на природата и упати апел до граѓаните да ја чуваат животната средина.

На градскиот парк исто така е поставена и нова урбана опрема, клупи и канти за отпадоци и нова фонтана. Конзулов апелира до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема.
Во рамките на акцијата е предвидено да се чистат пешачките патеки и обраснатата вегетација, посадени се нови садници на дрвја, а старите клупи ќе бидат репарирани.

Голем проблем на општина Радовиш претставуваат и дивите депонии кои неконтролирано се прават на излезот од градот кон планината Плачковица, за кои како што рече градоначалникот Конзулов се поставуваат и прегради од земја но сепак пак се загадува.

Меѓународниот ден на планетата Земја на 22 Април секоја година се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста на зачењето на зачувување на животната средина и да доведат до промена на еколошката свест.
Денот на Планетата Земја за првпат е одбележен на 22 април 1970 година во САД. Оваа дата е прифатена како Ден на планета Земја на Конференцијата на Обединетите нации за животна средина во 1992 година.

Паѓа бројот на новозаразени но на починати сеуште висок

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица

Лиле Стефанова од Радовиш е една од петте нови јавни обвинители во тимот Русковска

Одбележан Денот на планетата Земја во Радовиш, со акција за чистење и уредување на градскиот парк на ридот
