Connect with us

Струмица

Доживотен затвор за двојниот убиец Велев од с. Добрејци

Media Press

Published

on

Струмичкиот основен суд денеска ја соопшти пресудата за двојниот убиец од село Добрејци. Марјанчо Велев (55) е осуден на доживотна затворска казна за двете обиства на суров начин.

Судијката Марина Абрашева во пресудата образложила дека е применет член 44 од Казнениот закон за утврдување единствена казна затвор од доживотен затвор.

Судењето на обвинететиот Велев започна на 7-ми Октомври, пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен и не го сторил делото за кое е поведена судска постапка.

Осудениот има право на жалба до Апелацискиот суд во Штип во рок од 15 дена од изрекувањето на пресудата.

Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски со отчет за сработеното во овој период

Media Press

Published

on

По повод завршувањето на третата година од мандатот, градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција информираше за сработеното во овој период, за реализирани проекти во областа на инфраструктурата, за реализираните капитални проекти и проекти кои се во тек, за вложувањата во образованието и социјалната заштита, како и за заложбата во борбата против корона вирусот и како Ковид- 19 се одрази врз целокупното работење и општествено живеење.

Continue Reading

Струмица

Приведен струмичанец кој избегал од затвор

Media Press

Published

on

Полициски службеници од Полициска станица Струмица ноќеска во 00.10 часот на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, го лишиле од слобода И.У. (32) од Струмица, за кого била распишана потерница поради бегство од затвор.

Во 03.30 часот лицето е предадено во Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна, на која бил осуден поради повеќе сторени кривични дела, соопшти СВР Струмица.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                            

Continue Reading

Регион

Уапсен 22 годишен дилер на дрога од Струмичко

Media Press

Published

on

СВР Струмица преку соопштение известува дека е приведен 22 годишен дилер на дрога од Ново Село, Струмичко.

Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Струмица, по претходно добиени оперативни сознанија, денес извршија претрес во домот на Д.М. (22) во Ново Село и во дом на неговата баба М. М. во Ново Село, при што и на двете локации е пронајдена наркотична дрога марихуана  во количина од околу 1,5 килограми.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до јавното обвинителство.

Continue Reading