Богданци
Потврдена е реконструкција на повеќе улици во Богданци со средствата одобрени за проектот за поврзување локални патишта

Published
6 месеци agoна
By
Media Press
Општина Богданци за Проектот за поврзување на локални патишта доби близу 600 илјади Евра, средства од владата на РСМ преку заемот на Светска Банка. Во рамки на овој проект општина Богданци ќе спроведе активности за реконструкција и санација на седум локални улици во Богданци.
Проектните активности ќе бидат спроведени во два тендера и тоа:
Во првиот тендер ќе се реализираат проектни активности за реконструкција на шест улици:
- Реконстракција на локалната улица „Мирче Џочков“ во должина од 160,00 м;
- Реконстракција на локалната улица „Браќа Миладинови“ во должина од 250,00 м;
- Реконстракција на локалната улица „Мирка Гинова“ во должина од 130,00м;
- Реконстракција на локалната улица „Кочо Рацин“ во должина од 260,00 м;
- Реконстракција на локалната улица „Ѓуров Дол“ во должина од 270,00 м;
- Реконстракција на локалната улица „10 Октомври“ во должина од 164,63 м;
Во вториот тендер ќе се реализираат проектни активности за реконструкција на една улица:
- Санација на локалната улица „Крушевска“ во должина од 1.318,53 м;
Граѓаните своите коментари и забелешки може да ги достават усно, телефонски, на меил и писмено на контакт лице во Општина Богданци: Слобода Тасиќ, тел 034/218-400, 078/525-025, e-mail: opstina_bogdanci@t-home.mk, opstina_bogdanci@yahoo.com , и преку web страната на општината пријави проблем http://www.pp.e-uslugi.mk/bo/.
Поврзани содржини
Вратени на работа отпуштените од „Бребо Екотекс“ Богданци, по реакцијата на Левица
Левица – Богданци: Со сериозен криминал се доприватизира некогашен „Елегант Богданци“
ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
Улица „Илинденска“ во центарот на Радовиш, осветлена со ново енергетски ефикасно улично осветлување
Панел проект ,,Правда за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата“
Радовиш дел од проектот за подобрување на услугите на жените и девојките од руралните средини за сексуално и репродуктивно здравје
Богданци
Левица – Богданци: Со сериозен криминал се доприватизира некогашен „Елегант Богданци“

Published
2 месеци agoна
март 4, 2021By
Media Press
Политичката партија Левица – Богданци со Реакција до јавноста околу приватизирањето на некогашен „Елегант Богданци“
“Криминално приватизираната некогашна државна компанија Елегант во Богданци, подоцна преименувана во АД БРЕБОТЕКС, каде што 51 % од акциите се во сопственост на вработените а другите 49 % во сопственост на германски инвеститор, е при крајот на нејзино приватизирање и целосно превземање од страна на новопечените олигарси.
Токму поради ова, се случуваат и отпуштања на 70 работници, кои воедно и претходни акционери на АД БРЕБОТЕКС се изманипулирани од страна на новите раководни лица, кои ја водат сегашната текстилна фабрика со недостапни информации за сопствениците и назив на фирмата. Ова не’ наведува до го повикаме ЈО на Република Македонија и Управа за финансиска полиција, по допрен глас да ги преземе сите чекори за задоволување на правдата и расчистување со криминалот во горенаведениот правен субјект, се’ со цел, вработените, оние кои со години ја создаваа текстилната фабрика, си ги повратат работните места и бидат обештетени како за акционерските удели, така и за добиените откази од непознатиот сопственик, инаку локално познат, кој раководи со АД БРЕБОТЕКС или ЕКOБРEБОТЕКС.
Локалниот огранок на Левица – Богданци има сознанија за сторен сериозен криминал и корупција, продолжуваме да истражуваме и да ве поддржиме со секаква правна помош, вие кои ги загубивте своите работни места“, се вели во Реакцијата на Левица – Богданци.
Богданци
Победник на годинешниот „Треш Фешн“ е тимот од СОУ „Богданци“, а специјалната награда ја доби тимот од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш

Published
5 месеци agoна
декември 1, 2020By
Media Press
Победник на годинешниот „Треш Фешн“ натпревар е тимот од СОУ „Богданци“, а специјалната награда за најголема количина собран отпад ја доби тимот од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш.
Средношколците изминатиот период собираа материјали, односно стара хартија, пластика, делови од стари компјутери, природни материјали и други предмети коишто можат да се реупотребат. Потоа, од истите изработуваа облека и модни додатоци. Целта на проектот „Трешн Фешн“, којшто повеќе од 10 години го организира здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО, е да се намали отпадот преку негова реупотреба и да се подигне свеста кај учениците, но и кај пошироката јавност за важноста од здрава животна средина.
Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, беше дел од 4-членото жири коешто ги оценуваше креациите на учениците од 14 средни училишта од Македонија, изработени од реупотреба на различни отпадни материјали.

„Навистина ме воодушеви креативноста и потенцијалот на средношколците. Но пред се, импресионирана сум од исклучително развиена свест на овие млади луѓе за значењето и зачувувањето на животната средина, на природата и реупотреба на отпадот“, истакна Ѓоргиевска.
Досега, на овој натпревар учествувале речиси сите средни училишта од земјата и биле изработени повеќе од 400 модели и модни додатоци. Низ процесот на собирање материјали тимовите исто така, имаа задача да измерат колку отпад собрале. Годинава биле собрани повеќе од 3500 килограми отпад. А темата на која се изработуваа делата е „Супер херои за 2020 година“. Годинашната акција беше посветена на сите хероини и херои коишто беа на првите борбени линии при справување со пандемијата на Ковид-19 и коишто постојано беа изложени на ризик.
Победник на годинешниот „Треш Фешн“ е тимот од средното општинско училиште „Богданци“ од Богданци составен од ученичките Стефанија Ангова, Цветанка Атанасова и Габриела Костевска, под менторство на Весна Ристовска. Второто место им припадна на Марија Станојовска, Александра Мирческа и Антонио Ѓурчиноски, ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп и нивната менторка Марта Макеска. Јована Иванова и Софија Пецева и нивната менторка Маргарета Спасов, од СОУ „Никола Карев“ од Струмица го освоија третото место. Специјалната награда за најголема количина собран отпад ја добија учениците од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, односно Марија Прастова, Верица Георгиева и Косара Ѓорѓиева, под менторство на Катерина Сусунова.

Богданци
Тешка сообраќајна несреќа се случила викендот во Богданци, починало едно лице

Published
5 месеци agoна
ноември 30, 2020By
Media Press
Двеаестгодишник починал, а уште четири млади лица се повредени откако со патничко возило излетале од патот на улица „Маршал Тито“ во Богданци.
Несреќата се случила викендот, односно во саботата околу 4 часот во утринските часови, кога патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот В.С. од Богданци излетало од патот, соопшти МВР.
„Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што починал. Сопатниците во возилото Р.К. на 19 години, Ѓ.Ш.( на 21, Д.Д. на 21 и Н.Ш. на 20-годишна возраст, сите од Богданци, се здобиле со телесни повреди“, соопштуваат од МВР.

Паѓа бројот на новозаразени но на починати сеуште висок

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица

Лиле Стефанова од Радовиш е една од петте нови јавни обвинители во тимот Русковска

Одбележан Денот на планетата Земја во Радовиш, со акција за чистење и уредување на градскиот парк на ридот
