Connect with us

Македонија

Армијата се подмладува – нови питомци на Воената академија, нови офицери во единиците

Media Press

Published

on

Дваесет и седум потпоручници кои го завршија своето образование на Воената академија од денеска се новите офицери во Армијата на Република Северна Македонија и вооружените сили на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Денеска на Воената академија освен промоцијата на потпоручниците, примени беа и нови 40 питомци, кои со давањето на свечената заклетва го започнаа своето четиригодишно воено образование.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на овие две класи им честиташе што одбрале професија која е високо ценета, угледна и благородна и изрази убеденост дека со својата работа овие сегашни и идни офицери ќе ја заслужат високата доверба која граѓаните ја имаат во Армијата.

„Дваесеттата класа питомци кои денеска го добиваат својот прв офицерски чин покажа колкава е вредноста на Воената академија не само за нас, туку и за нашиот регион, а преку нашиот регион и за НАТО – Алијансата. 30-тина проценти од оваа класа се школувани за потребите на вооружените сили на регионот“, рече министерката. Таа на потпоручниците им порача дека изминатиот период беа направени големи чекори напред и дека во нашата земја во тек се суштински процеси за опремување, трансформација и модернизација. „Ќе продолжиме да работиме, резултатите од вашата работа да бидат по видливи, вашиот стандард повисок, но се ова е возможно со заеднички напор. Дајте сè од себе, помогнете ни да бидеме подобри и поефикасни. Бидете целосно фокусирани, посветени и мотивирани во вашите задачи затоа што само така се достигнува врвот“, рече Шекеринска.

На свеченоста беа наградени тројцата прворангирани потпоручници, Биљана Дуловиќ од Црна Гора и Гоце Софески и Филип Младеновски од Северна Македонија, а плакета им беше доделена и на професорите на Воената академија кои годинава заминуваат во пензија.

Македонија

Две турски компании се заинтересирани за јавно приватно партнерство за изградба на дистрибутивниот систем на природен гас

Media Press

Published

on

На 24-тата седница на владата е разгледана и усвоена информацијата и извештајот во врска со активностите од првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.

Врз основа на извештајот Владата донесе Одлука за избор на кандидатите „Акса Догалгас Дагити А.С.“ од Република Турција и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ исто така од Турција, согласно која до овие компании ќе се достави покана за учество во втората фаза на конкурентен дијалог, односно за учество во тендерската постапка до конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.

Continue Reading

Македонија

Презентиран буџетот за 2021 година на Министерството за образование и наука

Media Press

Published

on

Вкупниот буџет на Министерството за образование и наука за 2021 е 23,137 милијарди денари и претставува зголемување од 1.1 милијарда во споредба со минатата година. Најголемиот дел од средствата односно над 90% се насочени директно кон граѓаните, кон подобрување на образовниот систем и условите во кои што се одржува наставата.

„Наша основна цел е да создадеме образование кое им овозможува на секое дете да го достигне својот полн потенцијал. Образование преку кое ќе изградиме општество и свет каков што замислува секое дете и кое со гордост ќе го оставиме на идните генерации.“ – кажа Мила Царовска на прес конференцијата на која таа го презентираше буџетот на Министерството за образование и наука за 2021 година.

Околу една милијарда денари се издвојуваат за капитални инвестиции, зголемување за 154% од изминатата 2020 година. Со овие средства се овозможува поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици, студенти и наставен кадар. Се планира реконструкција на основни и средни училишта насекаде низ државата, реконструкција на студентските домови и изградба на спортски игралишта.

Continue Reading

Македонија

Меѓународен ден за борба против насилството врз жената: 16 дена активизам против родовото насилство

Media Press

Published

on

Денеска се одбележува Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените  и воедно почетокот на 16 дена на активизам против родовото насилство.

Од денеска 25 ноември започнува меѓународната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите Нации, чија цел е подигање на свеста за заштита и спречување на насилство врз жени и девојчиња и родово базираното насилство. Кампањата за Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ќе трае до 10 декември, Денот на човековите права.

Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека новиот закон против насилство врз жените и семејното насилство е позитивен чекор и дека институциите треба да се подготват за негова доследна примена.

„16 дена активизам против родово базирано насилство е годишна меѓународна кампања што започнува на 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и трае до 10 декември, Денот на човековите права. Координирана од Центарот за женско глобално лидерство, кампањата се користи како стратегија за организирање на поединци и организации ширум светот, кои се активни на полето на спречување и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата. Годинава, С Македонија го одбележува овој ден со наговестувањата за промени, кои треба да ги донесе новиот Закон против насилство врз жените и семејното насилство. Ние ќе инсистираме на негова целосна примена на терен, за да се спречат идни случаи на убиства на жени поради непостапување на полицијата, за да запре двојното малтретирање на жртвите во социјалните центри и судовите и за да им се даде целосна поддршка“ велат од Хелсиншки комитет.

Оттаму додаваат дека справувањето со пандемијата на Ковид-19 значеше и повлекување во домовите како превентивна мерка за заштита на јавното здравје.

„Со оглед на тоа што домот генерално претставува едно од најнебезбедните места за жените, ранливоста на жените беше значително зголемена за време на рестриктивните мерки. На глобално ниво, ова предизвика алармантно зголемување на веќе постоечката пандемија на насилство врз жените, што беше забележано и во извештајот на Генералниот секретар на ООН. Она што беше од особена важност овој период, е овозможувањето поддршка и охрабрување на жртвите за да го пријават насилството. Искуството покажува дека еден од најсериозните проблеми е токму непријавувањето од страна на жртвите, што е резултат на недовербата во институциите, неказнувањето на насилниците, но и стравот и срамот, а честопати и непрепознавање на насилството од страна на самите жртви“, стои во извештајот.

Насилството врз жените претставува глобален проблем и е во фокусот на светската јавност преку презентирање на различни решенија за негова елиминација. Сепак, како што се истакнува во повикот за борба против насилството, не постои едно решение кое ќе стави крај на насилството врз жените.

Од социо-медицински аспект насилството може да резултира со проблеми и последици по физичкото, менталното, сексуалното и репродуктивното здравје. Од тие причини има и правно-психолошка и социолошко-економска рефлексија во општеството.

Continue Reading