Connect with us

Македонија

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска на седници на Владата и на Собранието

Media Press

Published

на

Пакетот нови мерки за кои треба да расправа Владата се веќе познати. Сите економски оператори да работат до 23 часот, капацитетот во јавниот превоз да се ограничи на 50 отсто, да се забранат јавни настани и да се даде препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, да ја организираат работата во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации.

Ова е пакетот мерки кои вчера ги најави министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека ова е последниот чекор пред воведување полициски час.

Собранието, пак, ќе расправа за претходните рестриктивни мерки кои веќе се усвоени на владина седница. За да стапат на сила овие мерки треба да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Овој пакет се состои од три мерки: задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор на максимум четири лица и ограничување на семејните собири односно едно семејство да смее да прими најмногу четири гости.

Овие мерки предизвикаа реакции во јавноста посебно мерката за примање на гости до четири лица, како тоа ќе се проверува и дали полицијата има право да врши контроли по домовите.

Министерот Филипче вчера им порача на граѓаните дека ситуацијата е навистина сериозна, дека следен чекор би бил целосно ограничување на движењето односно полициски час, посочувајќи дека бројот на заболени се зголемува и во регионот и насекаде во Европа.

Во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа  беа регистрирани нови 161 случај со Ковид-19 од 771 тестирање. Починати се 12 пациенти од кои седум од Скопје (56 г., 86 г., 71 г., 57 г., 41 г., 86 г. и 82 г.), еден од Струга (67 г.), еден од Тетово (85 г.), еден од Битола (68 г.), еден од Кавадарци (56 г.) и еден од Прилеп (63 г.).

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 23 788, бројката на оздравени пациенти е 17 392, на починати е 846. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 5550, од кои во Скопје се 2674.

Во државава се хоспитализирани вкупно 487 пациенти.

На Инфективната клиника се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се шест деца и шест мајки позитивни на Ковид-19, две деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 47 пациенти од кои на респиратор се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

 „Веќе се исполнија инфективните одделенија во Струмица, понатаму во Куманово, Штип, почнува да се ангажираат капацитетите во болницата во Кочани. Нема место во болницата во Прилеп и уште едно крило е отворено во болницата во Битола во целиот овој регион, а забрзано се пополнува и капацитетот на болницата во Гостивар“, рече  меѓудругото Филипче.

Македонија

Паѓа бројот на новозаразени но на починати сеуште висок

Media Press

Published

на

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на Ковид-19. во Скопје –209, Куманово – 62, Струмица – 39, Битола – 38, Охрид – 36, Прилеп – 31, Тетово – 27, Кочани – 21, Велес и Штип по 19, Кичево – 14, Гостивар – 13, Кавадарци – 11, Радовиш – 8, Струга – 7, Виница – 6, Крива Паланка и Ресен по 5, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар по 4, Неготино, Свети Николе, Пробиштип и Пехчево  по 3, Берово, Делчево и Крушево по 2 и по еден во Дебар, Богданци и Македонски Брод.

Бројот на починати лица и понатаму висок.Триесет и девет лица починаа во изминативе 24 часа како последица на ковид. Од нив 18 од Скопје (52г, 53г, 62г, 66г, 71г, 71г, 73г, 73г, 74г, 74г, 78г, 79г, 80г, 82г, 83г, 85г и 91г), по три починати лица од Охрид (64г, 81г и 82г), Тетово (63г, 80г и 81г), Струмица (72г, 73г и 80г) и Кавадарци (70г, 82г и 83г), по две лица од Прилеп (66г и 67г) и Куманово (58г и 80г), по едно лице од Битола (74), Велес (79), Штип (77), Кочани (71) и Пробиштип (63). Сите починати пациенти кои се на возраст од 52 до 91 година, се починати во болнички услови.

Регистрирани се 641 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392, од кои 8.203 во Скопје.

Прочитај повеќе

Македонија

Според Царовска, родителот кој смета дека неговото дете нема да може да учи електорнски ќе може да си го испечати учебникот

Media Press

Published

на

Новиот Закон за учебници ќе обезбеди квалитетни материјали за учење, а воедно нуди и комбиниран модел на примена на печатени и електронски учебници, согласно потребите и можностите на учениците и семејствата. Секој ќе може да одбере на кој начин да учи. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во однос на учебниците.

Дигиталните учебници ќе се воведуваат сукцесивно, наредната учебна година само во четврто одделение, сите останати одделенија продолжуваат како досега. Законот за учебници нуди комбиниран модел на употреба, и на печатени и на дигитални учебници. Првпат ќе се види што значат тие за олеснување на работата и на наставниците, и на учениците, изјави Царовска.

„Моделот што го нудиме е комбиниран, секој ќе може да избере на кој начин ќе учи. Ќе се види бенефитот на дигиталниот учебник, тоа не е учебникот што до вчера го имавме со милијарда факти внатре и само напишан и ставен во ПДФ. Концептот на учење е таму да има примери, насочувања кон истражувања. Секој родител кој смета дека нема да може неговото дете да учи електронски ќе може да си го испечати учебникот и нема да има проблем училиштето – таму каде што има недостиг на финансии во семејството, а таму ќе треба да се обезбедат и електронски уреди од страна на училиштето, додаде Царовска.

Министерката појасни дека законот нуди комбиниран модел на примена на електронски и печатени учебници согласно позитивните практики во земји како Хрватска, Словенија и Естонија и дека истиот ќе се воведува сукцесивно. Учениците од прво до трето одделение и натаму ќе добиваат учебници во хартиена форма, додека во новата учебна година само учениците од четврто одделение покрај можноста за хартиени, ќе добијат и дигитална верзија на учебниците. Дополнително, како што посочи министерката сите учебници ќе бидат понудени и во аудио формат, додека за учениците со оштетен вид ќе бидат печатени на Брајово писмо.

На прашањето дали употребата на дигиталните учебници ќе влијае негативно на здравјето на учениците, Царовска рече дека сите треба да се запрашаме колку време нашите деца поминуваат непродуктивно во следење на социјални мрежи, на свои смарт телефони, без да имаат инсталирано било какви едукативни елементи и алатки и истите да ги применуваат.

Министерката информираше и дека подготовките за примена на новите наставни програми за прво одделение се започнати пред извесно време во соработка со локалните самоуправи и училиштата.

„Веднаш откако се донесе наставната програма за прво одделение, сите училишта беа известени што е потребно за започнување на наставата наредна година и до 15ти јуни треба да ги имаат обезбедено ресурсите потребни за секоја училница. Учебниците се печатени и треба да им бидат доставени. За 4то одделение штом ќе биде подготвена програмата, училиштата повторно ќе бидат известени што е потребно да имаат за реализација “, рече министерката.

Прочитај повеќе

Економија

Што предвидува шестиот пакет антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра

Media Press

Published

на

Шестиот пакет антикризни економски мерки кој го усвои Владата, вреден 17,8 милиони евра предвидува поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на корона вирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на остантите компании кои инвестираат годинава. Предвидено е да се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.

Мерка 1

На сите угостителски објекти ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година. Со оваа мерка ќе бидат поддржани околу 6.000 угостителски објекти кои вработуваат 17.000 луѓе, проценета вредност на мерката е 9,9 милиони евра.

Мерка 2

На скоро ист принцип, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат категоризирани – ресторани за свадби, евент индустријата, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија. Во овие категории спаѓаат околу 1.200 компании ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 година, дополнително ќе добијат поддршка од 15.200 денари по вработен, заклучно со 31.12.2020 година.

Мерка 3

Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. Притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.

Мерка 4

Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Мерка 5

Околу 2 милиони евра се наменети за компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година, мерка која ќе се реализира преку Развојната Банка, а ќе им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки.

Мерка 6

Со бескаматна кредитна линија преку Развојната банка од 1 милион евра, ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.

Мерка 7

Во очекување на претстојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност, ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.

Прочитај повеќе