Македонија
Неделава Собранието ќе одлучува за нови, построги мерки за заштита од Ковид-19
Објавено на
Од
Media Press
Пакет рестриктивни мерки кој е веќе предложен до Владата и за кој е потребно е да се направат законски измени се очекува Собранието оваа недела да го изгласа. Тоа е пакетот мерки за задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.
„Со амандманска интервенција практично ќе имаме можност веќе следната недела да интервенираме во самата постапка и законот верувам дека за кратко време со оглед на тоа што е донесен да биде по скратена постапка, дека ќе се реализира. Се изнуди таква ситуација да мора да се интервенира во законот поради тоа што дел од уредбите, препораките за носење на заштитна опрема во надворешна средина се ставени во Уредбата со законска сила којашто беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба“, изјави викендов Филипче.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека опозицијата не била консултирана за мерките, но како опозиција тука се со целиот свој потенцијал да помогнат на граѓаните и на сѐ што е во насока на борба против ковид-19.
„Нека ми каже некој кои се тие мерки јас не ги знам тие мерки, каков е тој закон?! Па еве носиме маска, тоа се мерки коишто веќе постојат, не треба сега ново гласање, ако треба еве ќе ги поддржиме за маска на отворено“, изјави Мицкоски.
Ограничување на бројот на патници во јавниот превоз на 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите субјекти во 23 часот, се новите дополнителни мерки кои ги најави министерот Филипче и кои се очекува денеска да бидат предложени до Владата.
Имајќи предвид дека бројот на заболени забрзано расте и се полнат болничките капацитети, се наметна и потребата од построги мерки.
Според извештајот на Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.628, а оздравени се вкупно 17.239 пациенти. Починати се 834 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.555.
Струмица со 360 активни случаи е прва на листата од општините во Југоистокот. Веднаш по неа е Гевгелија со 143 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани), потоа Радовиш со 72 и Валандово со 50 активни случаи на Ковид -19.
Поврзани содржини

Пратениците на СДСМ вчера ја напуштија собраниската седница откако власта одби законот за минимална плата да го стави на дневен ред

Крушевската Република од 1903 останува најсветлиот демократски миг во македонската историја

Поради топлотниот бран кој ја зафати земјава усвоени препораки за работодавачите, кои ќе важат во периодот од 23 до 26 јули 2025 година

СДСМ предлага сет на мерки за намалување на загадувањето, апелира власта да ги прифати

Нов топлотен бран со температура од 40 степени, Владата донесе мерки за превенција

Мојсоска: ДПМНЕ ја менува Тиранската за Косовската платформа

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

