Connect with us

Македонија

Последниот ден од неделава е неработен ден, се празнува „Денот на мaкедонската револуционерна борба“

Media Press

Published

on

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија 23 октомври 2020 година (петок), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

Македонија

Во земјава во текот на годинава, регистрирани се вкупно 29 нови лица со потврдена ХИВ-инфекција

Media Press

Published

on

Денеска се одбележува Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА. Според Светската здравствена организација, од доцните 90’ години, светот бележи прогрес, но ХИВ инфекцијата и натаму останува голем глобален здравствен проблем. И како и многу други глобални здравствени проблеми, дополнителен предизвик претставува пандемијата со Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.

„Во земјава во текот на годинава, како што се посочува, до 30 ноември регистрирани се вкупно 29 нови лица со потврдена ХИВ-инфекција, а новодијагностицираните припаѓаат на различни возрасни групи од 20 до 69 години. Сите новодијагностицирани се од машки пол, додека според начинот на пренос, кај 25 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи кои имаат сексуални односи со мажи, а четири лица се изјасниле како хетеросексуалци“, соопшува Министерството.

Половина од новодијагностицираните, како што се посочува, ХИВ-тестот го направиле во сервисите што нудат бесплатно и анонимно ХИВ-тестирање и советување – во невладините организации и во рамките на институциите. Останатите половина биле дијагностицирани во други здравствени установи или дошле од странство.

Од Министерството информираат дека до овој момент на Клиниката за инфективни болести вкупно 306 пациенти се вклучени во системот на здравствена заштита во врска со ХИВ, а 99 отсто од нив примаат антиретровирусна терапија, што е исклучително висок процент.

„Само три лица сè уште не почнале да примаат терапија, поради тоа што во тек е спроведувањето на неопходни претходни анализи, средување на документи поврзани со здравственото осигурување, или по личен избор на пациентот“ стои во соопштението од Министерството за здравство.

ХИВ претставува  вирус кој го напаѓа имунолошкиот систем кој помага во заштитата на човекот од болести. Кога нашиот имунолошки сиситем е ослабнат, организмот е помалку способен да се бори со болести. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА (синдром на стекната имунодефициенција). Ако некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека крвниот тест покажува дека вирусот е присутен во организмот. Се додека вирусот не го нападне имунолошкиот систем (понекогаш по многу години), тоа лице нема СИДА.

Continue Reading

Македонија

Студентите од шеста година на Медицински факултет се вклучуваат во работата на ковид центрите

Media Press

Published

on

Студентите од шеста година на Медицински факултет и волонтерите од Воено Медицинскиот центар се вклучуваат во работата на ковид центрите, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

„Помошта која ни ја даваат е многу важна во период кога имаме голем број хоспитализирани пациенти со ковид 19. За нив ова е искуство какво што можеби нема да имаат прилика да го видат во нивната кариера како лекари. Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Првата група на лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата“, вели министерот Филипче.

Continue Reading

Здравје

Според министерот за здравство Венко Филипче состојбата во болниците се стаблизира

Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека состојбата во болниците се стаблизира и дека на инфективните одделенија има слободни места.

„Состојбата по болниците се стабилизира, во наредниот период очекуваме повеќе исписи од приеми на болни пациенти. На денешниот состанок со директорите на ковид центрите во Скопје разговаравме за состојбата со вирусот. На инфективните оддели има доволно слободни места. Состојбата ја следиме од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат“, вели Филипче по состанокот со директорите на ковид центрите.

Филипче се заблагодарува на Армијата за огромната поддршка која ја даваат во справувањето со ковид кризата. Воено медицински персонал, тим составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри се распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе се врши прием на пациенти во ковид одделенијата.

Continue Reading