Connect with us

Македонија

Пендаровски: Научните аргументи и вистината се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Media Press

Published

на

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодинешниот настан се одржува во чест на одбележувањето на 75 години од официјализирањето на современиот македонски јазик, азбука и правопис.

Истакнувајќи дека македонскиот јазик е стандардизиран веќе седум и пол децении, претседателот Пендаровски потенцираше дека за жал и денес „сè уште сме предизвикани да го докажуваме ноторниот факт за неговата посебност и постоење“.

Интегрален текст од обраќањето на Претседателот Пендаровски:

„Најпрво, дозволете ми да го честитам големиот јубилеј – 75 години од официјализирањето на современиот македонски јазик. Имено, на 5 мај 1945 година беше озаконета македонската азбука, а на 7 јуни беше издадена и првата читанка, буквар на македонски јазик.  Токму оваа значајна годишнина ја одбравте како тема на отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во кои покрај останатите содржини централно место зазема значајната меѓународна конференција со наслов „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“.  

Чинот на официјализирање и стандардизирањето на македонскиот јазик има своја долга предисторија во активностите и во делата на Ѓорѓија Пулевски, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Партениј Зографски и на други бројни културни дејци од 19 век за да кулминира со дејноста на Мисирков. Затоа, и не случајно и Институтот за македонски јазик го носи неговото име. Секако, процесот немаше да биде завршен ако не беше Народно – ослободителната борба, ослободувањето од фашизмот и формирањето на македонската република како рамноправна федерална единица во тогашната Југославија.

Драги пријатели,

За жал и покрај тоа што поминаа 7 и пол децении од стандардизирањето на македонскиот јазик и откако неговото постоење, во меѓувреме, беше потврдено од светската лингвистичка наука, ние сè уште сме предизвикани да го докажуваме ноторниот факт за неговата посебност и постоење.

Интересно е дека негирањето не доаѓа од релевантни, светски лингвистички авторитети и институти кои за тоа прашање се имаат одамна произнесено, туку од одредени, најчесто политичко – академски кругови од нашето непосредно опкружување.

Без намера да ја оптоварувам денешната свеченост со дневнополитичка реторика, нешто што е директно спротивно на поводот за кој сме собрани, сакам само ќе нагласам дека научните аргументи и вистината се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже.

Заради нашите предци, поради нас самите, заради обврската да ја зачуваме нашата духовна татковина како што на времето се изрази за нашиот јазик големиот Блаже Конески. Токму Конески со своите капитални трудови меѓу кои Граматиката на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик постави цврсти темели за сите натамошни македонистички проучувања.

Почитувани професори и лингвисти,

Надоврзувајќи се на неговото дело и почитувајќи ги тие длабоко ископани темели, Ве замолувам со уште поголема страст да продолжите со вашата научна работа и напори за проучување и афирмирање на македонскиот јазик.

Во оваа пригода би сакал гласно да ја реафирмирам потребата од засилена и континуирана поддршка на научните истражувања за македонскиот јазик и за македонските дијалекти. За таа цел, сите релевантни институции и фактори во државата, мора да се вложат себеси многу повеќе од порано.

Поради кратењата во буџетот кои поради пандемијата, годинава се алармантни, се намалуваат средствата предвидени за научни и образовни установи, со што се оневозможува научната работа и се стопираат научните проекти. Сакам јавно да повикам, да апелирам да се посвети особено внимание на овие прашања и покрај сериозната економска криза, да се изнајдат средства и да се поддржат сите научно- истражувачки проекти.

Убеден сум дека македонската наука има уште многу што да каже, впрочем, како и бројните слависти-македонисти низ светот.  Дозволете, со оваа мисла да го завршам денешново обраќање, да Ви  посакам успешна работа за време на Отворените денови  на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Македонија

Апасиев: Правото на амандмани не е резервирано само за великоалбанскиот шовинизам

Media Press

Published

на

Процедурално обраќање на пратеникот Димитар Апасиев, откако спикерот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери ги фрли во корпа, како што рече Апасиев, амандманите на пратениците на Левица на Законот за лична карта.

„Во 14:00 часот е закажана Комисија за политички систем, имаме поднесено околу 1800 амандмани. Ги поднесовме грижливо, точно според Деловникот, известени сме дека не се проследени. Се обидете ли да направите ШВЕРЦЕРАТ, пратете таму обезбедување, бидејќи Комисија нема да има. Не може само за великоалбанскиот шовинизам да има право на амандмани во ова Собрание!“ рече Апасиев прилично изреволтиран од односот на Џафери кон нивните амандамни.

По прекинатата седница на Комисијата за политички прашања, на која пратениците на Левица поднесоа околу 1800 амандмани на Законот за лични карти, коишто беа одбиени од страна на спикерот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев одржа прес конференција на која рече дека амандаманите на Алијанса биле 10 пати технички понеисправни од нивните.

Прочитај повеќе

Македонија

Пресечен меѓународен канал на дрога, уапсени се пет лица од Гевгелија, Валандово и Струга

Media Press

Published

на

Полицијата пресече меѓународен канал за трговија со дрога, при што во акцијата се уапсени пет лица од Гевгелија, Валандово и Струга, од кои двајца поранешни вработени во МВР, и е запленета дрога марихуана во вредност од околу 150.000 евра.

Како што соопшти МВР, акцијата е резултат на спроведена истрага почнувајќи од минатиот месец од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, насочена кон лица инволвирани во организирање на меѓународни транспорти на марихуана од Албанија преку територијата на земјава кон Грција, а организатор на криминалната група инволвирана во меѓународни транспорти на марихуана е М.А. (50) од  Гевгелија.

– Во текот на истрагата беа добиени информации и податоци дека овие лица во периодот од 19.07.2021 година ќе организираат пренос на поголема количина марихуана од Албанија до Струга потоа до Гевгелија, со цел истата да ја транспортираат кон Грција. На 22.07.2021,  И.К. (37) од Гевгелија, З.Б. (52) од с. Грчиште, Валандово и Д.С. (27) од с. Марвинци со возило „опел вектра“ со гевгелиски таблички се упатиле кон с. Јанковец-Ресен, каде оствариле средба со Д.Д. (38) од с. Ливата, Струга, кој пристигнал со возило „опел вектра“ со ресенски таблички, а со кое Д.Д. ја донел и претходно обезбедената марихуана. Тоа возило било преземено од Д.С. и тој се упатил од с.Јанковец во правец на Градско, а И.К. и З.Б. со возилото со гевгелиски таблички се движеле пред него во улога на чистачи, наведуваат од МВР.

По преземени мерки и активности, на 22.07.2021 околу 16:35 часот двете возила се запрени од полициски службеници од ОКП, ОСОСК и ОСПО-САЕ Тигар, при што во возилото што го управувал Д.С., во багажниот простор биле пронајдени три торби со 54 пакувања марихуана, која според првичните проценки има пазарна вредност од околу 150.000 евра,  по што сите се лишени од  слобода. Во координација со СВР- Струмица,  СВР-Охрид и РЦ Југ извршени се и повеќе претреси на подрачје на Гевгелија, Валандово и Струга каде од слобода се лишени М.А. и Д.Д. (инаку поранешни вработени во МВР). За време на претресите пронајдени се голем број мобилни телефони со СИМ картички, додека кај И. К. пронајдени се и одземени и две ловечки пушки, пиштол и муниција за наведените оружја кои лицето ги поседувал без дозволи.

За сите превземени активности известен е надлежен Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, при што по комплетирање на целокупната документација против наведените лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од КЗ на РСМ – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори за што е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Прочитај повеќе

Македонија

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за националните црвени линии, денеска пред пратениците

Media Press

Published

на

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е на дневниот ред на денешната 47 седница на Собранието.

На дневниот ред од денешната седница се повеќе предлог закони, како и барања за давање на автентично толкување на членови од повеќе закони.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од скопски Карпош побара резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии „без условувања и барање на изговори“.

Мицкоски вели дека прифаќањето на резолуцијата од сите политички партии ќе значи единство кое ни е потребно за почеток на преговорите со Европската Унија, но, пред се ќе се зацврстат државните позиции на Македонија.

Премиерот Зоран Заев, претходно изјави дека нема да гласаат за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена. И министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера изјави дека ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, доколку се користи уставното име на државата. Според него, резолуција во која нема уставно име, нема правна форма.

Прочитај повеќе