Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш го објави конкурсот за стипендирање на ученици, вкупно ќе бидат доделени 29 стипендии

Media Press

Published

на


Градоначалникот на општина Радовиш, распиша КОНКУРС за стипендирање на ученици во основните училишта во општина Радовиш и СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, за учебната 2020/2021 година. За оваа учебна година, општина Радовиш ќе додели:

 16 (шеснаесет) стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение – по 4 стипендии пооделно.

Согласно измените на Правилникот, стипендиите нема да се доделуваат по училишта, туку ќе се доделуваат вкупно по 4 стипендии за секое одделение ( по 4 за VI, VII, VIII и IX одделение) по принципот на најдобро рангирани ученици (со најмногу бодови), без разлика од кое основно училиште се учениците.

Стипендијата е во висина од 2 500 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.

  • 8 (осум) стипендии на талентирани ученици од I-IV година во средно образование од кои: 5 (стипендии во прва година – по една стипендија за ученици од сите 5 општински основни училишта, коишто ќе донесат потврда дека се запишале во прва година во СОУ Коста Сусинов – Радовиш, и по една за II, III и IV  година.

Стипендијата е во висина од 3 000 денари месечно , а се исплаќа 9 (девет) месеци во годината.

Потребни документи за учество на конкурсот

  1. Барање од учениците до општина Радовиш ;
  2. Свидетелства за континуиран одличен успех и примерно поведение ;
  3. Потврда за запишана учебна година (во основно или средно) ;
  4. Диплома за освоени награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари организирани единствено преку образовниот систем ;
  5. Препорака од менторот ;
  6. Препорака од наставничкиот совет ;
  7. Есеј на тема „Како би и помогнал на локалната заедница како иден експерт“ ;
  8. Фото копија од лична карта, или пасош и
  9. Трансакциска сметка на име на ученикот што конкурира за стипендија

Во случај на ист број бодови, Комисијата за доделување на ученички стипендии со цел да се додели стипендија на учениците со послаба социјална положба, дополнително ќе побара од старателите на тие ученици :

– Уверение за остварени приходи од УЈП за материјалните примања на семејството на ученикот во текот на минатата година и

– Потврда за плата на родителите, или потврда од Агенцијата за вработување дека се пријавува како невработено лице, за периодот од Јануари заклучно со 30 Септември за тековната година.

Стипендијата ќе биде доделена на кандидатот кој е социјално послабо ситуиран.

Општина Радовиш доделува вкупно 5 (пет) стипендии на ученици во основните училишта и ученици во средното образование од општина Радовиш чиишто семејства се социјално загрозени.

Стипендиите се доделуват на првите пет рангирани кандидати кои конкурирале по овој основ, без разлика дали учениците се од основно или од средно образование.

Право за конкурирање имаат сите ученици од VI, VII, VIII и IX одделение основно образование и учениците од I, II, III и IV година средно образование

Потребни документи за учество на конкурсот покрај горе наведените се:

-Семејно уверение ;

-Уверение за остварени приходи од УЈП, за двајцата родители за 2019 год.;

-Поврда за работен однос на родителите, или старателите со податок за остварен личен доход од 01.01.2020 заклучно со месец Септември 2020 или Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството на ученикот.

-Потврда од Центарот за социјална работа (доколку се корисници на социјална помош)

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во училиштата во општина Радовиш, Република Македонија, а  ги исполнуваат следните услови :

– Да се жители на општина Радовиш и државјани на Република Македонија

– Да се редовни ученици од основното образование и од средно образование со континуиран скроз одличен успех кои освоиле I, II и III награда на општински, регионален и државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, организирани и спроведени ЕДИНСТВЕНО преку образовниот систем.

-Кандидатите се должни во Барањето јасно да означат по кој основ конкурираат, односно дали конкурираат по основ на :

-Талентирани ученици исклучиво по основ на постигнат успех – без социјални критериуми или

-Талентирани ученици по основ на постигнат успех и по основа на социјални критериуми

Ученици без свидетелства со континуиран скроз одличен успех нема да бидат земени во предвид.

-Дипломи добиени од разни други асоцијации, манифестации и здруженија на граѓани нема да бидат бодирани.

Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на ученици“

 Рокот за поднесување на документите е 10 работни дена започнувајки од 15.10.2020 год. (Четврток) заклучно со 28.10.2020 година (Среда).

Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

БАРАЊАТА можат да се набават самите училишта, на WEB страната или директно во општина Радовиш.

Резултатите ќе бидат објавени во рок од 15 дена од завршувањето на конкурсот и ќе бидат истакнати на огласната табла во општина Радовиш и на ВЕБ страната на општина Радовиш.

По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Градоначалникот на општина Радовиш.

Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор.

Радовиш

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица

Media Press

Published

на

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плчаковица со што целосно завршува реконструкцијата на овој патен правец. Градоначалникот Герасим Конзулов заедно со раководителот на одделението за урбанизам Кирчо Сусинов, денеска изврши увид во работните активности.

Конзулов апелира до граѓаните да се воздржат од патување кон планината Плачковица овие денови бидејќи нема да е прооден за секаков вид на возила во време од 09.00 до 17.00 часот секој работен ден освен недела, се до завршувањето на асфалтирањето.   

Пред две години беа реконструирани 3 колометри на делот од Шумска куќичка кон градот Радовиш,  а минатата година уште  7 колометри.   Со оваа последна фаза од околу 8 километри целосно ќе биде завршена реконструкцијата на овој патен правец кој води кон атрактивната и примамлива за планинарите и туристите, планина Плчаковица.

Според Градоначалникот Конзулов со ова целосно ќе биде обновен регионалниот пат кон Плачковица после 42 години.

Прочитај повеќе

Радовиш

Лиле Стефанова од Радовиш е една од петте нови јавни обвинители во тимот Русковска

Media Press

Published

на

Лиле Стефанова е една од петте кандидати кои Советот на јавни обвинители со гласање ги избра, да преминат од основните јавни обвинителства каде работеле, во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска. Останатите четворица се Наташа Поп-Трајкова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Катерина Коларевиќ

Според биографиите кои пред гласањето ги читаше претседателот на Советот на јавни обвинители, кандидатите имаат од 8 до 16 години искуство како јавни обвинители. Најголем стаж има Лиле Стефанова која веќе беше јавен обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, до пред да премине во Специјалното јавно обвинителство.

„Лиле Стефанова работела како основен јавен обвинител во основното јавно обвинителство во Радовиш во периодот од 2004 до 2010 година. Од 2010 година до 2015 година била јавен обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а потоа во СЈО. Има стаж како јавен обвинител од 16 години и добиено оценка од 25 поени. “, рече претседателот на Советот на јавните обвинители, Ацо Колевски кој читаше дел од биографиите на обвинителите.

На огласот, распишан пред 6 месеци, се пријавиле 14 кандидати.

Прочитај повеќе

Радовиш

Одбележан Денот на планетата Земја во Радовиш, со акција за чистење и уредување на градскиот парк на ридот

Media Press

Published

на

Денеска се одбележува Денот на планетата Земја, празник на единствениот дом на сите живи суштества. По тој повод во Радовиш екипата на ЈП Плаваја заедно со доброволците од Црвениот крст спроведоа акција за уредување на градскиот парк на ридот.

По тој повод градоначалникот Герасим Конзулов Заедно со младите активисти на Црвениот крст засади дрвце како симбол на обновата и заштитата на природата и упати апел до граѓаните да ја чуваат животната средина.

На градскиот парк исто така е поставена и нова урбана опрема, клупи и канти за отпадоци и нова фонтана. Конзулов апелира до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема.

Во рамките на акцијата е предвидено да се чистат пешачките патеки и обраснатата вегетација, посадени се нови садници на дрвја, а старите клупи ќе бидат репарирани.

Голем проблем на општина Радовиш претставуваат и дивите депонии кои неконтролирано се прават на излезот од градот кон планината Плачковица, за кои како што рече градоначалникот Конзулов се поставуваат и прегради од земја но сепак пак се загадува.

Меѓународниот ден на планетата Земја на 22 Април секоја година се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста на зачењето на зачувување на животната средина и да доведат до промена на еколошката свест.

Денот на Планетата Земја за првпат е одбележен на 22 април 1970 година во САД. Оваа дата е прифатена како Ден на планета Земја на Конференцијата на Обединетите нации за животна средина во 1992 година.

Прочитај повеќе