Connect with us

Македонија

Неделава Собранието ќе одлучува за нови, построги мерки за заштита од Ковид-19

Media Press

Published

on

Пакет рестриктивни мерки кој  е веќе предложен до Владата и за кој е потребно е да се направат законски измени се очекува  Собранието оваа  недела да го изгласа. Тоа е пакетот мерки за задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.

„Со амандманска интервенција практично ќе имаме можност веќе следната недела да интервенираме во самата постапка и законот верувам дека за кратко време со оглед на тоа што е донесен да биде по скратена постапка, дека ќе се реализира. Се изнуди таква ситуација да мора да се интервенира во законот поради тоа што дел од уредбите, препораките за носење на заштитна опрема во надворешна средина се ставени во Уредбата со законска сила којашто беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба“, изјави викендов Филипче.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека опозицијата не била консултирана за мерките, но како опозиција тука се со целиот свој потенцијал да помогнат на граѓаните и на сѐ што е во насока на борба против ковид-19.

„Нека ми каже некој кои се тие мерки јас не ги знам тие мерки, каков е тој закон?! Па еве носиме маска, тоа се мерки коишто веќе постојат, не треба сега ново гласање, ако треба еве ќе ги поддржиме за маска на отворено“, изјави Мицкоски.

Ограничување на бројот на патници во јавниот превоз на 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите субјекти во 23 часот, се новите дополнителни мерки кои ги најави министерот Филипче  и кои се очекува денеска  да бидат предложени до Владата.

Имајќи предвид дека бројот на заболени забрзано расте и се полнат болничките капацитети, се наметна и потребата од построги мерки.

Според извештајот на Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.628, а оздравени се вкупно 17.239 пациенти. Починати се 834 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.555.

 Струмица со 360 активни случаи е прва на листата од општините во Југоистокот. Веднаш по неа е Гевгелија со 143  (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани), потоа Радовиш со 72 и Валандово со 50 активни случаи на Ковид -19.

Македонија

Донација на 13.500 брзи тестови од НАТО сојузникот Норвешка

Media Press

Published

on

Тринаесет илјади и петстотини брзи тестови за КОВИД – 19 е донацијата од Кралството Норвешка која денеска, во присуство на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и норвешкиот одбранбен аташе потполковникот Егил Далтвејт, беше предадена во Военомедицинскиот центар на Армијата на Република Северна Македонија.

На настанот, министерката Шекеринска истакна дека по членството Алијансата, ние не сме сами, а оваа донација е уште една потврда за тоа.

„Во период од само две–три недели по пристигнувањето на важната НАТО поддршка во форма на 60 мобилни респиратори и дополнителна опрема, денеска добиваме значајна донација од еден од нашите постојани поддржувачи, а сега сојузник во НАТО Алијансата, а тоа е Кралството Норвешка“, рече министерката.

Шекеринска порача дека од 13.500-те брзи тестови за КОВИД – 19, главниот дел ќе биде наменет на поддршка на сите наши граѓани, а 3.500 ќе бидат искористени за тестирање на војниците и офицерите пред сите поголеми операции, за нивна и заедничка поголема безбедност.

„Сите кандидати кои што учествуваат на курсот за подофицери кој што се организира во Армијата, уште во недела ќе бидат тестирани пред да заминат на учество на овој курс. Истото правило ќе го почитуваме и при упатување во мисија, истото правило ќе го почитуваме и при организирање на поголеми вежбовни активности. Со тоа ќе ја зголемиме безбедноста на припадниците на Армијата и ќе го намалиме замавот кој што го има корона кризата врз целата држава, но и кај нас“, рече министерката.

Continue Reading

Македонија

Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки – Граѓаните може да се информираат за секоја мерка на бесплатниот телефонски број

Media Press

Published

on

На иницијатива на Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, Владата донесе одлука за возобновување на Националниот контакт центар, на кој преку бесплатната телефонска линија 0800 00 207, граѓаните во директна комуникација со операторите, кои се професионалци од соодветните институции, ќе може да добијат информации за економските мерки кои ги носи Владата за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19.

Националниот контакт центар започна со полна оперативност од денес, а на повиците на граѓаните, секој работен ден од 08:00-16:00 часот, ќе одговараат лица вработени во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Генералниот секретаријат на Владата, Управата за јавни приходи и Развојната банка на Република Северна Македонија.

Покрај контакт центарот, граѓаните може да се информираат за сите актуелни вести поврзани со коронавирусот Ковид 19, како и за економските и други мерки на Владата поврзани со справувањето и спречување на ширењето на коронавурусот на веб страницата koronavirus.gov.mk.

Continue Reading

Македонија

Димитров: Ова е бесмртниот “вирус” на идеали против кој залудно се бара “вакцина”

Media Press

Published

on

„Македонскиот идентитет е резултат на еден историски процес и едноставно ние како политика не можеме за тоа ниту да разговараме ниту да преговараме“, рече во интирвјуто за  регионалната телевизиска мрежа Н1 Сараево, замник претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.  

„Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ.

Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит.

Ова е мој принципиелен став, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување. Ова е бесмртниот “вирус” на идеали против кој залудно се бара “вакцина”, вели Димитров.

Continue Reading