Connect with us

Македонија

Бензините се намалуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Media Press

Published

on

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 19.10.2020 година, донесе нова одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.

Во новата одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Бензините се намалуваат за половина денар односно бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 59,00 денари за литар додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 61,00 денари за литар

Промени во малопродажната цена има и мазутот М-1 НС односно тој се намалува и ќе се продава по 26,754 денари за килограм.

Македонија

Одговор на премиерот Зоран Заев на прашање поврзано со интервјуто дадено за еден бугарски медиум

Media Press

Published

on

„Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги знам и разбирам до детаљ.

Но во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка за одобрување на рамката за преговори со Европската Унија.

И двата народа, и Македонците и Бугарите, треба да се соочиме со тие прашања од историјата и да развиеме и одржиме капацитет за разбирање и за простување.

Европските народи се договорија да не заборават, но да си простат. Заради иднината. Заради заедничката иднина во Европската Унија која е пример како во име на иднината, најдлабоките разлики и историски конфликти беа оставени во минатото.

Тоа е мојата најдобра намера и таа намера постојано ќе ја застапувам додека постои и најмала шанса за решенија и за успех на нашиот процес за членство во ЕУ со старт на преговорите.

Нашата државност почива на делата на антифашизмот. Нашата слобода е резултат на антифашизмот.

Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот вековен идеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија.

АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет.

Но, давањето етнички карактеристики на фашизмот е неприфатливо. Дали било тоа во бугарски или било кој друг контекст.
Темните страници од балканската и европската историја не треба да бидат пречка за развивањето на добрососедските односи на Балканот и Европа.

Иако постои затоплување на односите меѓу Југославија и Бугарија по учеството на бугарските армии во борбата против фашистите, по 1948 година факт е дека постоеше „железна завеса“ помеѓу Југославија и Бугарија и сериозни историско-политички конфликти околу „македонското прашање“.
Денес треба да работиме на отстранување на последиците од „железната завеса“ кои се уште се осеќаат меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Историјата треба да не учи дека можеме и поинаку, дека можеме и подобро, дека треба да соработуваме, но и меѓусебно да ги почитуваме разликите помеѓу нас.

Само почитување на разликите и заедничка борба против говорот на омраза и нетолеранција во македонското и бугарското општество можеме да градиме добрососедски односи и заедничка иднина.

Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да градиме заедничка иднина. Нам ни треба историја која гради мост на пријателство меѓу народите, преку глава ни е од истории кои создаваат раздор и поттикнуваат нетрпеливост.

Дајте да живееме денеска. Време е да создаваме историја која создава иднина за младите и за идните генерации“, стои во одговорот на премиерот Заев.

Continue Reading

Македонија

Демократски сојуз: Да не се газат темелните вредности на АСНОМ и Антифашизмот

Media Press

Published

on

Демократскиот сојуз ги повикува највисоките државни функционери кои преговараат со Република Бугарија за да изнајдат решение за симнување на блокадата на почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, да го почитуваат достоинството на македонскиот народ, македонскиот идентитет и јазик, вековната борба за национална слобода и да не прифаќаат решенија кои претставуваат ревизија на историските настани.

„Премиерот, како и сите македонски граѓани, има право на личен став за односите со Република Бугарија и за начините на решение на спорот, но тој ја има и одговорноста тоа што го говори да не ги повредува чувствата на Македонците и да изнаоѓа решенија кои ќе ги заштитат државните и националните интереси.

Демократскиот сојуз потсетува дека антифашистичката борба и АСНОМ се во темелите на македонската држава и не смее да се дозволи релативизација на улогата на тогашниот фашистички режим на нашиот источен сосед. Бугарија и бугарскиот народ се наши соседи и пријатели и со нив треба да градиме заедничка иднина во Европската Унија. Тие немаат ништо заедничко со фашистичкиот режим на Цар Борис и окупацијата на Македонија во текот на Втората светска војна, со обидите за денационализација и страдањето на македонскиот народ, со илјадниците жртви што паднаа во борбата за национална слобода, со депортацијата на Евреите во логорите на смртта. Но таа историска вистина не може да се фалсификува и да се избрише.

Со Република Бугарија имаме потпишано Договор за добрососедство и пријателство, акт кој има законска сила и неговото почитување е предуслов за добрососедските односи, мирот и соработката меѓу двата народи и двете држави. Демократскиот сојуз нема да поддржи менување и ревизија на овој меѓудржавен договор на штета на македонските национални интереси. Во текот на повеќевековната историја на македонскиот народ има настани и личности кои не поврзуваат со Бугарија и со бугарскиот народ и тоа треба да биде основа за идното заедништво и надминување на недоразбирањата.

Демократскиот сојуз смета дека членството во Европската Унија е од највисок приоритет за РС Македонија, но услов за тоа не смее да биде грубото газење врз европските принципи и вредности, меѓу кои клучна е антифашистичката борба на европските народи, во која македонскиот народ имаше своја славна улога“, стои во реакцијата на Демократскиот сојуз.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски, повика на протест за одбрана на црвените линии во преговорите со Бугарија

Media Press

Published

on

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера повика на протест за одбрана на црвените линии во преговорите со Бугарија, поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција БГНЕС.

Протестот ќе се одржи денеска во 18 часот, од СЦ Борис Трајковски до Владата, а поради запазување на здравјето поради коронакризата, ќе биде со автомобили.

„Протест сега, за да не биде предоцна!

Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација” како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „терористи” и „престапници”, а не ослободители. Не! Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи. Македонија е за пријателство, но пријателството значи взаемно почитување. Ако нема почитување, нема да се разбереме. Да не бидеме неми, да бидеме гласни пред да биде предоцна.

Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет. Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили. Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме.

Сега, за да не биде предоцна!“ напиша Мицкоски на својот ФБ профил.

Continue Reading